Ајде милa дa биди oд првo сo клoмифен мнoгу фoлкулчињa дa се нaпрaвaт и бебенце Кaј мене 2×1ги пиев oд 3ден и мнoгу гoлемими рaстaт и ми се прaвaт цисти aкo дoбијaм ми рече сo еднo нa ден ќе прoбaме aмa немa дa дoбијaм А ти дaде зa еднoметриумoт нештo или сaмo клoмифен
Не само кломифен ендометриумот вика е добар и предходно ми беше таков добар е не е тенок ама јас пак си јадам ананас и цвекло. И ми рече од 3 ден од добиено да ги пијам и сега ќе видиме како ќе биде.
Мила моја @fina erika oвој месец дојдила непоканета ама нареден никакво идење ,опушти се и нареден месец ке биде есенско бебе ми мириса така.инаку Јас најтивка само ве следам и немам стварно ништо да коментирам некако сум лер хахах како времето сум на моменти сум арна па ќе ме фатат бубачките ама добро е се држам Фала му на Бога.Во инвестиција сум,во изградба и сега мислам само на кујна каква да ми биде му ги помешувам есапите на мајсторите
Хааааха ме изнасмеа со кујната ааааааааа ти тајно не следиш инкогнито и после оп со убави вести епа после да ја севтосате кујната со правење кашички за бебе
Ххаха па како мислиш ти јас сум мчи тчи хахахах. Дај Боже чул те Господ да ја започнеме кујната со тоа ,ќе биде здравје боже кај сите само позитивно и сите коцки ќе се наместат, и затоа сега си наоѓам занимација за средување во домот за да не мислам на тоа и така мие поубаво.
Хај. Значи вака: Ми касни веќе 8 дена. Ме боли глава почесто. Ме боли стомак (ко за добивање но ништо). Ме пецка стомакот. Премногу јадам (по 4 пати во рок од 8часа). Имав бел исцедок. Знае да ми се подзаврти малку. Страшно многу сум уморна и ми се спие премногу (иако си легнувам навечер во 9ипол а станувам во 7 наутро). Осеќам дека ми е претежок стомаков. Имам гасеви и запек. Овие сите симптоми ги имам. А и сите ги прочитав по нет како симптоми за бременост. АМА се плашам да направам тест. Не сакам да е негативен. Инаку знам дека мора да напраам тест денес или утре... ама се плашам. Дали некоја има вакво искуство? Убав ден женички.
Повтори го за некој ден повторно ако не ти дојди. - Кај мене или е сенка или стварно има цртка ама не сакам да ти давам надеж..