Така е, но ја сватив дека Господ предодредува кога ке биде тоа.....сто и да направиме се е дзабе ако не е мигот! сите сакаме малечки и ја сто не направив и затоа и те разбирам! Ке биде мила, не смееме да очајуваме, ке се смлуци чудото и за нас, само трпение!
taka lori gospod e golem se nadevam deka ovaa godina ke zavrsi mnogu ubavo i site nie koi cekame na krajov od godinava so golemi stomaci da zavrsime
Како се врши снимање на каналите ако знае некој нека ми објасни. Ми рекоа дека се правело на 10 ден од мензис....
кој ден се прави,незнам,прашај си го докторот,инаку јас правев кај д-р Толовски и ништо посебно не е легнуваш на еден стол сличен на гинеколошки и ти ставаат две цревца и низ нив пуштаат некој течност ,физиолошки изгледа, и сликаат дали се проодни и колку каналите.Земи си влошки поголемчички оти кога ќе станеш ќе се исцеди водата од тебе, и не сакам да те плашам ама лажат дека не боли,никако не оди сама имај си друштво оти јас од страв ли или од болка кога станав се онесвестив .Значи тоа е моето искуство,имаше уште 10 други и не паднаа ама јас ....ете....гревче. Што се мора,се може
da, na 1о ден од мензис се прави,т.е од кога ќе ти заврши до овулацијата, во периодот од 7 до 10-11 ден од циклусот, треба да си земеш упут од матичен гинеколог, ама претходно мора да ти направат макробиолошки испитувања за да се утврди дека немаш бактерија, па потоа да ти земат крв за да се види дека е ниска седимрнтацијата (требада биде најмногу 10 ), па потоа одиш на одделение и си закажуваш со гинеколог ХСГ, или снимање на каналите, се плаќа во државна болница 750 ден и 250 за земање на резултатите. Самото снимање е во ренгенолошка соба, и ако имаш некое запушување боли, ако ти се чисти не боли, а наренгенската снимка ќе се види конкретната слика, ама тоа е и терапевски метод, што значи дека ако има запушување ќе ти се отпушат и во периодот што следи можеш полесно да забремениш. после тоа се лежи 2 часа во болница и следните 2 дена крвариш како од мензис. Што не е јасно прашај со среќа
јас правев кај толовски во скопје-приватен дијагностички центар, цена 4200.Ти треба само да си испиташ седиментација на крв, која не треба да е поголема од 10, а микробрисеви не ми бараа.си закажуваш од денес за утре, целосна приватност имаш, без никакви чекања. а што се однесува до прегледот, малку е понепријатен од обичен гинеколошки преглед бидејќи трае малку подолго, околу 7-10 минути со голем метален рентген апарат врз тебе. резултатот го добиваш веднаш, и веднаш си продолжуваш с секојдневните активности, без никакви компликации и крварења.
Зошто неможам да забременам? Драги мои,веке една година со мојот дечко се обидуваме да забременам ама никако неможам,не сум била на доктор ни еден пат-бидејќи ми е страв од тоа што ќе го чујам ниту пак сум пиела некои апчиња...ве молам кажете некој совет...
Јагода, секоја жена е различна приказна! Значи ХСГ не е баш слично како гинеколошки преглед како што некој има напишано, туку треба да бидеш подготвена и "малку" болка да издржиш! Пак ќе речам некои ги боли повеќе а некои помалку ама се издржува. Еве јас конкретно пред 4 месеци правев хсг на приватно (6000 ден) и со аналгезија (плус 2000 ден) бидеќи се плашев многу да не ме боли. Иако имав аналгезија што ги намалува болките за околу 80-90% сепак осетив болка во два наврати, при самото поставување на инструментите и при вбризгувањето на контрастот ИАКО двата јајцеводи ми беа 100% проодни. Така да тоа дека ако ти се проодни јајцеводите воопшто нема да те боли навистина не држи место!!!! Бидеќи знам девојки на кои му беа запушени ( непроодни ) јајцеводите а сепак не ги болела постапката. Е сега останува на тебе дали сакаш на "живо" или со аналгезија ако имаш повисок праг на толеранција не мораш да земаш аналгезија. Јас искрено ниту за еден денар не зажалив од тие 8 000 ден што ги платив за хсг, така да од срце ти препорачувам ако си во можност да си дозволиш воопшто да не се мислиш да си земиш аналгезија и да си немаш ни нервози ни стресови ниту пак болки. Иначе околу половина час останав после хсг-то да ми дотечи инфузијата и зи ги зедов резултатите и си отидов дома. Да напоменам само тој ден имав сосема малку кафеаво- црвенкаст исцедок, никакви други крварења!!! Поздрав и се најдобро
Мили мои, одамна не сум ви пишала тука, ама нон стоп ве читам. Морав малку да паузирам од овие пиши-бриши муабети тука, затоа што приметив дека откако добив 8 дена порано последниот пат дека психички се пореметувам безпотребно. Многу ми се имаше собрано.Сега сум порелаксирана, завршувам со подготовките за свадбата, трчкам и делам покани, пробувам фустани, уживам. Плодните денови што се по распоред нели, ги пропуштивме овој месец. Свесно ги пропуштивме, јас така се запнав. Кога би требало да имам војла и желба, кога би требало да сакам да водам љубов во тие денови, мене точно обратното ми се случува. Мака ми е, ми се спие, безволна сум како да имам добиено. Милион проценти сум сигурна дека не овулирам тогаш. И не се ни замарам, си пијам витамини жими и магнезиум, друго ниииишто! Требаше на 300 испитувања да одам, ни едно не направив. Неможам, тешко ми е да се замарам. Еднаш ги имам направено сите можни испитувања исто и мм, се беше во ред. Не дека тоа не се менува, ама неможам. Здравје после свадбата можеби ќе имам повеќе живци и волја. Се надевам дека ова ќе биде успешниот рецепт... Поздравче на сите!
моите канали беа 100% проодни и БОЛЕШЕ така да Јагода1979 ова ти го кажувам за да си идеш спремна , оти и мене ме лажеа како обичен преглед , не боли и бла,бла,бла и на крај се најдов онесвестена без никој од моите да ми помогне.И да веднаш ги имав резултатите и воопшто не лежев таму, а крварење само неколку капки и толку
Ви благодарам за советите, барем да знам што да очекувам. Би одела кај Тофовски, некој погоре пишал дека е 4200, а дали знаете доколку идам на клиника со здравствено картонче има ли шанси да се закаже за поскоро или многу се чека?
Колку е на клиника незнам, јас правев во систина пред 4 месеци и ме чинеше 4500 ден.(претходно закажуваш) И да, постапката е иста како што ти ја опиша Марина и кај мене беше се ок ама сепак боли мада претходно ме бафтаа сите дека не болело туку било непријатно, како да па не, затоа после тоа ти даваат улошка со мрежа(ради крварење) и антибиотик обавезно. Накај пети ден од циклус даваш крв за да ти одредат седиментација која не смее да биде висока(и еден расипан заб може да ти покаже високи вредности) и накај 10 ден правиш хсг.значи боли ама се издржува бидејќи трае околу 5 минути. со среќа јагода
Можеби така е подобро елена, Со среќа и убаво да си поминеш на свадбата ич немој да се замараш со ова зашто ќе биде кога најмалку очекуваш.Да те прашам јас почнав сама си зедов шумливи таблети од маркет магнез а каква врса има тоа со процесот пред бременост?дали помага во нешто или што?мене матичниот не ми даде никакви апчиња кога го прашав дали ми требат витамини однапред.Еве чекам да не добијам во сабота и јас исто како тебе не гледав и ги пропуштив плодните денови овој месец.Така да не верувам многу. Поздрав
Мој предлог ви е да земате само Магнезиум, Фолна и Ц витамин пред забременување, ништо друго. И колку за инфо - ѓумбирот спаѓал во продукти кои ја зголемуваат плодноста на жената и на мажот, со оглед на тоа што зголемуваат циркулација, а со тоа и бројот и подвижноста на сперматозоидите И нормално, јак афродизијак е, наместо 3 обиди, ќе имате 20, па шансите одма ви рипаат
Слими, јас пијам фолна киселина од кога решивме за бебе, искрено незнам ни колку време веќе ја пијам, мислам дека скоро година дена. Секако по препорака на гинеколог. Исто така пијам магнезиум директ од 300 мг, затоа што ми беше тенок ендометриумот ама ова беше уште лани. Кога се здебели ми рече да продолжам, пијам 20 дена- од 10 циклус па наредни 20 дена, пијам и мултивитамини со комплекс за трудници затоа што сум анемична а од обичните мултивитамини се чешам цела, поим немам зошто. Од овие ми се гади, па затоа ги пијам пред спиење. После сите милион испитувања што ги направивме, ова беше се што ми даде гинекологот. Последните 3 месеци ставав Утрогестан од 16 ден мензис, ако не дај Боже има проблем со вгнездување на ембрионот, ама претерано лошо ми делува ми се поремети целиот циклус. Овој месец и кажав на докторката дкеа не сакам да го ставам, она вика ајде да пробаме, зошто да не. На Моира лекот од дете сум учена на цеден лимон со мелен ѓумбир од сабајле на гладно, и лежичка мед или малтекс. Лудница е!
Никако не можам да поднесам ѓумбир. Еве купив сушен веднаш повраќав. Ниту во друга форма никако не мо го поднесувам ама веднаш ми се повраќа.Јас не пијам ништо само од тие обичните шумливи таблети од ,магнез што се продават во тинекс по 70 денари. Поздрав
значи ако имаш еден расипан заб може да се покачи седиментацијата? дали поради тоа може да има мали шанси за забременување?