Фала ви женички, ќе се понадевам и овој месец, па од наредниот ќе појдам на 3ти ден, па после тоа ќе видиме. Сега одам по цвекло и ананас и се надевам во петок ќе се радувам на голем еден фоликул.
@Beatris Фоликули мериш онака, без стимулации или примаш кломифен? Сакам и јас да почнам со мерење, но не знам ни од кај да почнам, ни кога да почнам, уште ми нема дојдено, најверојатно ќе одам и на испитувања на хормони и спермограм.
Не мора стимулации за мерење. Јас обично одам кога ќе ми заврши. Кога ќе добиеш, хормони на трет ден од циклус провери си со упат.
Не, денес бев на преглед, за брисеви и за пап тест. Кога ме гледаше на ехо, едниот јајник ми рече дека ми е полицистичен и нема доволно голем фоликул, а на другиот ми измери само еден. Зошто циклусите ми се долги, ми рече дека има шанси, но во петок да одам за да видиме до кај сме. Ти уште немаш добиено, зошто не ти дадат од оние апчињата за да добиеш, па после тоа ќе одиш да видиш до кај ти се фоликулите.
@Beatris Па се договоривме да почекаме до крајов на месецов ако не ми дојде, да ми даде апчиња. Не сакал да ме труе со хормони. Ќе му предложам да ми даде нешто на природна база, на пример мака во прав или капсули. Планирам посериозно да ја фатам работата, размислувам и за набавка на тој микроскопот за следење овулација. Овој мој доктор до сега ниту еднаш не ми гледал ни ми кажал до кај ми се фоликулите. За се морам јас да барам и да инсистирам. А во таков случај излегува дека ние жените во обид да станеме мајки сме параноични и напнати. А во случај да ќутиш ко мене, тогаш само ќе си изгубиш нерви и време. Само строго од сега па натаму.
Мака можеш да си земеш и без да ти дава докторот. Можеш да земеш за почеток и од лентите за откривање овулација. Не се нервирај, фати си ред со мерење фоликули, барем ќе знаеш кога ќе биде овулацијата. Тоа што не си добила те напнува, но кога ќе ја детектираш овулацијата, ќе си знаеш дека за 13-14 дена ќе добиеш. Сега е можеби случај на доцна овулација. Пак ќе повторам, минатиот циклус на 24 ден од циклус ја фатив овулацијата и после 14 дена добив, циклусот ми траеше 38 дена. Ама промена на клима, одмор бла бла и малку се поремети. Еве сега се стабилизира, на 14 ден ми беше овулацијава. Ако не сакаш апчиња почекај, ќе добиеш и после фати си ред. Не е ништо изгубено, нека не ти е притисок времето што поминува. Само смирено, земи нешто мами си го умот за да не мислиш и да помине времето полесно.
@PeachGirl беше друг доктор да те види? Бидејки кажа дека твојот доктор рекол "нема абер од добивање",а и ти сеуште немаш добиено. Тест друг направи? Не би да ти давам било каква надеж или пак да те разочарувам ама може е покасно зачнато. Мој најдобронамерен совет да не си ја мачиш душичката ...провери бета. Не знам од каде си јас пред два месеца испитав хепатит б и ц и хив во нашата болница ( не сум од Ск) на микробиологија. Тоа ти го предложил да испиташ бидејки планирате спермограм да правите затоа. А хормони јас сум испитувала на 3 ден,мада може од 3 до 5 ден. 21 ден се проверува прогестерон и по неговата вредност се гледа дали имало или не овулација.
Уште не сум била кај другиот доктор, ќе одам секако..во друг град му е ординацијата. Си викам цела среќа што одам на работа, имам доста динамичен распоред па и да сакам немам многу време да се задлабочам во мислите. Она што ме напнува се другите луѓе што ничим изазваним се дрзнуваат да ми кажуваат надрилекарства и како маж мк требало да го праќам на спермограм. Не сожалуваат...а јаѕ воопшто не давам повод да бидам сожалувана. Не сум ни голема дечарка ниту ми е непријатно во друштво на бремени жени. Си имам живот, за разлика од нив. Некултура е во прашање.... Позз до Вас девојки
1000 пати е пишувано на таа тема и пак ке кажам тие таквите онака "из дубине душе " само ИГНОР и крај приче. Ужувајте,сакајте се,водете љубов и ке си се наредат коцките
Lara 27 да се надоврзам на Св.Василиј Острошки -Слава му и милост. И јас бев, таа светост.е големо воодушевување , нека ни помага на сите да стенеме мајки .
Амин милa некa пoмoжи нa сите пa и мене дa стaниме мaјки местoтo е мир нa душa кaкo другa сум сегa имaм гoлемa вербa и силa декa ќе бидaм мaјкa не се нервирaм пoвеќе Дa ве пoздрaвaм сите милa пoдршкo ве читaм редoвнo ве гушкaм сите
@AudreyH сподели ја и овде убавата вест, од Поддршка сакаме да читаме успешни приказни. Сме си пишувале со тебе овде, сподели и со нас. Јас прочитав во Труднички, но има женички што не читаат таму, а ќе ти се израдуваат Раскажи ни ако сакаш што се случи, колку време се обидувавте, што беше поразлично овој месец, како дозна, стави сликичка од тестот, таквите приказни секогаш се мотивација
@AudreyH Те прочитав во труднички нека ти е со среќе, со лесно само. Те читав дека беше незадоволна од нашиот доктор Коруновски го смени ли и каде си сега. Сподели и со нас тука ти посакувам се најубаво.
Ее честитки, прочитав дека пиела вино со рузмарин, мојот рецепт, баш се израдував, сигурна сум дека тоа и има помогнато, како и на мене. Лесна и успешна бременост.
Еден литар бело вино смедеревка со две до три гранчиња рузмарин, се остава да стои на светлина, не дирекно на сонце, 10 дена, после тоа се пие секое утро на гладно по едно чашче за ракија. Оваа е за тие што имаат проблем со полицистични јајници.
Девојки, открив пред 2 дена и малку сум збунета Се откажав од Коруновски зашто ме лажеше 7 месеци дека имам полицистични јајници, па некои исхрани.. Сето тоа ми беше стрес! ГОЛЕМ! Потоа отидов на ХСГ и верувале или не после ХСГ останав трудна! СЕ ми беше во ред со каналите и матката и оставив во Божји раце! Патем, претходниве 2 недели работев по 10-12 саати на работа и викенд по 3-4 саати вонредно.Мој совет ви е многу да не се оптеретувате, кој не направил ХСГ да направи зашто после тоа каналите се МНОГУ проодни и чисти. Ви посакувам од се срце на сите две цртки. Единствено сега што ми е грижа е до моментот кога треба да одам за срцева реакција. Ве чекам сите во труднички!