Честиткиии со лесно да си ја износиш до крај бременоста.. баш ми е мило што слушам вакви позитивни приказни.. те гушкам
Добро ви утро подршко,како сме денеска @AudreyH честитки и со лесно до крај Морам да напишам за виното со рузмарин. Тоа се препорачува да го пијат оние со полицистични јајници!!!!! За овој рецепт( така да кажам )знам одамна ама не го пробав,од како имаше позитивни резултати кај некои членки овде и на други форуми си реков ....ајде Валентина што не си пробала па може ова ке ти помогне НЕЛИ одиме на варијанта ...никад се незна кој е лекот Мегутоа откако почнав да го пијам,имав кафеаво не беше баш крварење ајде така треба си реков. Го испив мене ми касни јас цела хепи тоа е тоа мегутоа 1,2,3.....теста негативни и на крај после 15 дена дојде. Еве поминаа три четири месеци јас мака мачам со добивање( не би во детали). Да напоменам јас немам полицистични јајници. Не сакам погрешно да ме сфатите НО како и во класичната медицина каде за иста дијагноза на двајца пациенти различна терапија делува така е и со овие природни лекови. Се надевам нема погрешно да ме разберете само напишав сопствено искуство . Слично нешто ми се случи после витекс капките . Значи само ке повторам внимателно со овие природно лекови. Ви посакувам убав ден сакајте се,водете љубов,уживајте и радувајте се на мали работи бидејки полека но сигурно коцките се редат за секоја од нас Ве гушкам
Поздрав и од мене девојки,ајде сега иде ладен период а тоа значи период на мнооогу нежности и легачење па можеби ќе испадне нешто од тоа. Есента ми мириса на позитивни и есенско зачнати бебенца Јас мислам исто за приордните лекови, кај некои помага кај некои не, секој организам различно,но едно помага кај сите мислам а тоа е здрав начин на живот и физичка активност. Јас почнав со промените па ќе видиме дали ќе има есенска позитива @AudreyH драга биди среќна и позитивни мисли, искрени честитки и со лесно бременоста
Девојки мене ми се готови резултатите, се слушнав сега со докторката и ме извести дека имам стрептокока. Ми даде антибиотик, но ми рече да си продолжиме со обиди, во понеделник да одам да го видиме фоликулот до каде е. Некоја искуство да ми каже со оваа бактерија? П.с. Пред два месеци ја немаше, од каде сега се појави.....
Ако не се лажам, треба и мажот ти да пие за во случај да ја има и тој, па да не си ја подавате. Нека ме поправи некој ако грешам. Иако, лани мм имаше во сперма бактерија, а јас на брисеви ја немав. Не грижи се, антибиотиците ќе ја средат. Откако ќе ги испиеш, пак ќе направиш брисеви да се види дали ја снемало.
Не би да се мешам во стручноста на докторката АМА како може да каже имаш стрептокока и да си продолжите со обидите. Не за џабе кога се прави инсеминација или ин витро се бараат чисти брисеви,не сум до толку стручна ама најверојатно и за природни забременувања треба да е така. И најмала инфекција не е за занемарување,а не пак бактерија. Антибиотик ке си пиеш и би ти советувала и маж ти да направи спермокултура за секој случај. И може сум досадна ама обавезно 2-3 часа после антибиотик да земаш и пробиотик.
Со антибиотикот пијај и пробиотик, јас ја имав и лесно се чисти, пијај и чај од диво оригано аа за тоа да си продолжите со обиди незнам
Да и мм ќе пие и за двајцата земав терапија. Не знам ни јас чудно ми дојде тоа што ми рече дека ќе го следиме фоликулот и ќе си продолжиме со обиди. Јас си прашав и реков овој месец да правиме пауза, а она ми рече не нема потреба, оваа бактерија не прави проблем за забременување, вие за десет дена ќе ја исчистите. Докторка ми е Елена Петрова од Ремдика, сега не знам и во нејзината стручност ли да се сомневам. А и ми рече дека антибиотикот исто не смета. Сега кога бев докторот, општ матичен да ми го препише антибиотикот, ми вика овој период избегнувајте односи. Сега кого да слушам, аман веќе..... П.с. Фала ви на сите за одговорите.
Послушај се самата себе. Јас да сум во таква ситуација искрено не би продолжила со односи додека не се исчисти бактеријата,твое е да одлучиш. Масло од диво оригано,брусница чај литар на ден,избегнување на тестенини и благо. Верувам дека со сето ова, и со пиење на антибиотик за брзо време ке се решиш од неа.
Јас од односи би се откажала без проблем. Ама од шансата за бременост тешко. Како и да во понеделник ќе одам, ќе видиме до каде е фоликулот и пак ќе разговарам со докторката, па ќе одлучиме.
Најдобро е да не мислиш ич на ништо. Јас немав ни брис проверено ни ништо па останав а може сум имала и јас од каде би знаела. Опушти се и уживај, ти посакувам успех во најскоро време
Покрај пробиотик 2-3 часа по антибиотикот, јас би препорачала и Б-комплекс да се пие трипати на ден. Секогаш со антибиотик земам пробиотик и Б-комплекс трипати на ден и никогаш сум немала проблеми, никакво чешање, никаков исцедок, проблеми со стомакот и цревата и сл. И многу важно е антибиотикот да не се пие со млечни производи, како многумина што го пијат со јогурт на пример. Пробиотици исклучиво 2-3 часа подоцна.