Благодарам. Се радувам на убавата дружба. На сите од се срце ви посакувам две цртички кои живот значат
Дoбре дoјде миличкa и штo пoбрзo вo другa темa дa си oдиш Жaл ми е штo ти се случи тoa нa мнoгу oд тукa ни се имa слученo тoa милa aмa ќе ни дaј Гoспoд нa сите aјде сегa ќе прaвевме прв рoденден oвие денoви душaтa ме бoли aмa штo е нaше ќе си дoјди Дa ве пoздрaвaм сите пoдршкa убaвa ве читкaм сите и ве гушкaм мнoгу хрaбри идни мaмички
Со оглед на тоа што јас досега немам правено ваков тип на испитување, а сум прилично страшлива за вадење на крв од вена и сите типови на боцкања и игли читав на страната на Авицена дека покрај крв од вена може и со боцкање на прст да се испита бета? Правел некој досега вака? Ви благодарам на одговорите и позитивните мисли на сите,девојки
Сврти глава кога ќе ти земаат крв и нема ни да знаеш кога ќе те боцнат. Така јас правам. И хормони кога би испитувала некогаш, и за нив од вена земаат. Ништо не е страшно, брзо поминува земањето крв, пробај да го надминеш стравот. За бебенце се' ќе издржиме, и многу повеќе од боцкање во вена
Пред се добредојде и ти посакувам што побрзо да си видиш две црти,на тебе е како ќе си одлучиш дали преку крв или тест како и да е почекај уште малку па направи. Здраво мила поддршко одамна не сум пишала таман кога мислев дека сум бремена бидејќи симптомите ми беа такви и јас денес оп добив.Не ми закасни ни ден пробувам божем да ја избегавам темава ама неможе неизбешно е. Ви посакувам убав ден девојки
Драга и ја треба кај и да е да добијам..денес ми е 29ти ден..симптоми немам ништо освен подуени гради..чекам и ја...уххх
Е ај барем ти не добивај а градите воопшто не ме болат во последно време.УФФФФ Сега треба пак јово на ново тарапија да пијам
Ах тие симптоми...ајде дај боже што да кажам.. да си дочекаме шѕо поскоро.. Инаку да ви се пофалам станав вујна пред некој ден..се породи золва ми..после 6 години мака и обидување конечно успеа А каква терапија пиеш?
Па прво пиев кломифен пет дена по две апчињаа,потоа се боцкав со гоналф инекции трбаче да се прави инсеминација а баш на договореното јас кренав температура висока ме фати тој стомачниот вирус и ништо не бидна работа.Се надевав дека со терапијава ќе фати и природно но ништо
Девојки редовно ве читам сите до една. Јас немам што да се пофалам и затоа сум пасивна на форумов овој период. Во четврток имам закажано преглед кај д-р Снежана Адамоска во Систина. Братучеда ми многу ми ја испофали, има позитивно искуство кај неа. Решив да се ангажирам малку повеќе, да не оставам се на Бога. Веќе по државни болници не се влечам. Како ќе поминам ќе ве известам. најубави желби за сите вас.
Девојки ништо од мојот фоликул, докторката не го виде, ми рече или пукнал, но поверојатно е дека се намалил. Од нареден месец ми рече да испитам хормони и мм спермограм. Ми рече да одам на клиника за ендокринологија кај др. Бранкица Крстева. Исто ми напиша рецепта за инофолин, од Бугарија треба да ги набавам. Има ли некоја искуство од оваа докторка или да ми препорачате друг добар доктор и како сте задоволни од резултатите од оваа клиника? А за овие инофолин имате слушнато, или уште подобро ако некоја ги има пиено да сподели искуство. И ајде да видиме веќе || црти кај некоја, расположението да ни се подобри. П.с. Ако некоја се мисли за доктор на некоја од приватните, слободно нека се одлучи и нека оди кај Елена Петрова во Ремедика, нема подобра.
Доцнам ден со одговорот, но еве денес пишувам како поминав. Значи, ме виде на ехо, нема ништо. Ми рече сепак да направам тест за да ја исклучам опцијата за, не дај Боже вонматерична бременост. Ако е негативен тестот да земам терапија за да добијам. Штом добијам одиме на спермограм и сакам да пробаме со кломифен. Толку од мене. Сите други не се обесхрабрувајте, Господ е голем, кај сите ќе помогне. Бакнежи
Бранкица Крстева е во пензија бар 1 година. Работи во ординаџија срце приватно. Ништо посебно впечаток не ми оставила
Мојата др. Сега е вратена од боледување. Мене единствено не ми помогна за испитувањата за спонтаните. ми велеше Господ така сакал. Кога ја прашував пр. читам за мутации ќе ми речеше да испитај, после и реков за септум као го виде, итн... во тој дел видов дека не се замара. Инаку е мн. спремна и има добар пристап За Бранкица имам супер искуство. Темелен преглед од саат време. Ми била достапна и на телефон. Сега е во орд. Срце кај стара адриалаб во к. вода. Преглед 2000ден.
Здрaвo мили пoдршкa сaкaм oвa сo вaс дa гo спoделaм aмa aкo ве нaтaжaм немoјте дa ме кaрaте и дa ми се лутите ве гушкaм сите Денес јa слушнaв и сaкaв дa јa спoделaм сo вaс