Оли јас му спомнав на докторот дека на своја рака ги пијам, и ми одобри. А инаку не сум правела дополнителни испитувања да испитам дали имам генски мутации.. Некоја друга членка да сподели искуство?!
Јас пред ова успешно ивф пиев 9месеци по 2 таблетки на ден значи 800мг.секој ден.Оваа доза ми ја назначи Др.Петличковски на Имунологија... И ја пиев пред стимулациите и до позитивен тест...ми ја прекина гинеколог само 3 недели Тифол пиев но Транафузиологот ми рече да си почнам пак и еве 7месеци веќе ја пијам но од позитивен тест по 1 од 400мг.Неофолик Мета ги пијам.Ги купувам од Софија.
И јас ја купив од Бугарија, но не сум почнала да ја пијам, си реков прво да прашам. Благодарам за одговорите
Добро утро и убав ден ви посакувам Како што кажа и @eli25 не е лошо па дури и пожелно е да си испитате генетски мутации. Чисто да си знаете од колку мг. треба да пиете,а може ке излезе дека и воопшто нема да имате потреба од пиење на метилирана.Јас на пример пијам 0,4 некоја 0,8 додека има членки кои пијат и по 1гр. метилирана. Инаку за информација ова може да си проверите на трансфузиологија со упат од матичен гинеколог преку мој термин ке ви закаже.
Бранкица Крстева е пензионирана. Приватно работи во Срце. Со закажување се оди, 2000 денари е преглед, доаѓа еднаш или два пати неделно зависи од бројот на закажани прегледи. Специјалист е за дијабетис и дијабетис во бременост. Сигурно е стручна во цела област на ендокринологија. Јас бев кај нејзе за тироидната во бременост, за 5 мин ми даде терапија за тоа, а уште саат време ми зборуваше за шеќер и диета во бременост колку да помине време. Пробај, ама штом ќе плаќаш на приватно, оди си кај таа што ја препорача во Ремедика
Девојки, сабајлево правев тест....позитивен, со две убави црти. Но, наместо да се израдувам, се исплашив да не се работи за вонматерична бременост, бидејќи на ехо никој од докторите не успеа да види плод. Целата стресена право на доктор. Го гледа тестот...вика не знам овие тестови дали убаво покажуваат..сепак легни да те видам уште еднаш. Гледа со надворешно ехо, ништо не може да види. Го гледам загрижен...да не е вонматерична. После вика, морам и вагинално да те прегледам. Гледа, гледа....и вика...имаме бременост, во материца, Фала му на Господ. 5 см само, 4 та недела одприлика. И така девојки, официјално сум бремена.
Pretpostavuvav deka ke iskoci vaka..premnogu rano odese na lekar..sekako nemase da se vidi..cestitki uste ednas inaku kolku vreme ti docni?
Опааааа која била трудничка, е баш ме израдува! Честитки и имај си лесна бременост Сега рилекс и гали меше Сакаме слика од тест! Сакаме слика од тест!
Уххх мила верувај дека дури го читав постов останав без здив и на крај си викам ухх конечно. Честитки милааа имај си најлесна бременост господ да ве исчува до крај секое доброо )