Кики ке велиме дека ќе биде и мора да биде, па не сме го мавале Господ со камења па не ни го даде најубавото нешто на светот. Ајде ќе си бидеме ОПТИМИСТИ И СИТЕ ЗАЕДНО ЌЕ БИДИМЕ МАМИЧКИ ВО 2011 Инаку ако се водам на тоа дена од 14-16 ден(од денот на менструацијата) се најподни тигаш овие денови ми се најплодни Ајде одам да работам на случајот БЕБЕНЦЕ
da ja zapocneme srekno novata 2011 god......... da si zacneme bebce vo nasiot stomak!!!!!!!!so verba vo gospod i se ke bide
ајде срекна нека ни биде наредната година и дај Боже сите што ,РАБОТИМЕ НА СЛУЧАЈОТ, во новата година да влеземе со зачнати бебиња во нашите мешиња
Здраво на сите! Би сакала да ви го кажам на сите она што ми се случува.Ми каснеше веќе 8 дена,направив тест и ми излезе позитивен но со бледа линија.Направив уште еден и тој излезе така.Знам дека штом си постои цртичката каква и да е значи бременост.Отидов на гинеколог и не се виде ништо на ехо.Ми презакажа за по една недела.Но и тогаш ништо не се гледаше на ехо,а веќе бев 6-та недела.Докторот ми утврди вонматерична бременост.Направив бетаХЦГ тест кој ми одговараше на четврта недела бременост.Ме фати паника па сакав да побарам и второ мислење.Кај вториот гинеколог на ехо се гледаше нешто во матката но имаше и нешто во левиот јајцевод.Направив пак бета хцг тест,и после тоа ми потврдиа пак вонматерична бременост и ме испратија на хоспитализација да примам метотраксат.Затоа што постои нешто видливо во матката,но има и нешто во јајцеводот што неможат да откријат што е ми дадоа време од два дена.Па би сакала да ве прашам за Ваше мислење.Дали може да станува збор за хетеротропична бременост или пак за некоја циста.Ве молам пишете.Утре чекам да го направам третиот бета хцг тест па ќе видиме што ќе покаже. Однапред Ви благодарам!
2011 да донесе среќа на сите исчекувателки да си ги дочекаат = цртки и да си се радуваат на гравчињата во нивните мешиња
јас незнам што да ти кажам.бидејки си била и на друг гинеколог имаш слични мислења па ке почекаш и третиот бета хцг и ке видиш што ке биде најважно е мислењето на докторите..со среќа
Од срце ти посакувам утрешниот тест да ти покаже дека е се' во ред, и дека нема ништо во јајцеводот. Ние овде не можеме да ти кажеме што може да биде во твојов случај, освен некоја што поминала низ нешто слично. Не губи надеж маци123, ќе биде се' во ред!
И јас да ви посакам на сите позитивни тестови за бременост во новата 2011 год., да си се израдувате што побрзо На трудниците, им посакувам лесна бременост, и лесно донесување на свет на бебушот/ или бебувчињата ако се повеќе Како и да е, насмевката да не исчезне кај ниедна феминка.
Среќни празници, драги виртуелни пријателки!!!!! Се надевам дека годината која следи ќе ни донесе на сите ПОЗИТИВНИ ТЕСТОВИ!!!!!!!! П.С. искрено, верувам дека сите ќе ги здогледаме фамозните две цртички во 2011!!!!!
здраво сакам да ве прашам нешто дали има врска тоа што престанв да пијам фолан минатиот месец и тоа да ми влијае на менструацијата затоа што ми доцни 6 дена. п.с се обидуваме да забременам па си викам дали доцнењево е од тоа или нешто др
Најпррво Среќна нова одина на сите и господ нека ни даде здравје па се друго се надевам ке си дојде и јас се обидувам веке 8месеци и сакав да се надоврзам на бебаа дека и јас пред неколку дена престанав да пијам фолна нешто се предомислив ја миев 4месеци и сега ја оставив знам дека не ештетно не етоа никаков стимулатор него обичен витамн и се разочарав и веќе не пијам ништо ако треба да се случи нека се случи онака а не само да мислма и да пијам и да се надевам.поззззз
Девојки, не престанувајте да ја пиете фолната киселина, нема штета од неа. Ако сте очекувале екстра корист од обичен витамин, нормално дека ќе се разочарате. Тој е потребен од самиот почеток на бременоста за правилен развој на органогенезата кај плодот, па убаво е да си имате резерви во организмот. Инаку, мора малку повеќе да се релаксирате. Психата е многу важен фактор во обидите за забременување. Штом се опуштите и нема да имате големи очекувања од секој однос, полесно ќе ви биде. А вака само на тоа мислите, и се нервирате, па затоа и се разочарувате. Bebaa, а може си бремена? Тоа што си ги прекинала витамините нема врска со менструацијата. Направи си тест за некој ден
уфф, се надевам дека сум, ајде со Господ напред, ама сепак ќе почекам уште некој ден за тест, па ќе видиме. Инаку се сложувам дека фоланот не прави ништо посебно за да се забремени и дека е потребно опуштање, па жени, опуштено и уживајте во водењето љубов. Со Господ напред и надеж во него, во новава година да си имаме бебче