Добро утро и од мене Само да ве поздравам и да фрлам окце да не има нешто ново Јас ГО ЗАВРШИВ КЛОМИФЕНОТ На 10.10 одам на контрола да видам што ќе ми каже да не треба сега сега па да се боцкам со гонали уффф бе колку ми е страв од инекции. Ќе ви пишам што ми рекол докторот. Се надевам до нова година ќе имаме позитивни тестови.
Доцни 4 дена. Бев под терапија на кломифен(од 3 ден), фолна и е витамин. Закажан преглед за во понеделник. Чекаме 2 цртички.
Ве пратам на повеќе теми. Мојот проблем е во тоа што секој месец имам и овулација и доволен број на фоликули, но тие беа под 19 мм. Најверојатно поради стрес на работа, пропратено со нервози. Прв пат пијам, клофиненот. Го пиев од 3 ден на добивање мензис, дополнитено фолна од 0,4 мг и е-витимани е-400. На мерење имав два фоликули еден 24мм друг 19мм. Еднометрумот ми се 6,50 па дополнително ми беа препишани апчиња за негово здебелување(не ми текнува во моментов на името). Обично мензис добивав на 25 ден, некогаш може и на 28 ден. Денес ми е 32 ден, значи еве да кажеме ми доцни 4 дена од очекуваното. Имам закажано преглед на гинеколог во понеделник. Ке видиме што ќе биде до тогаш. Инаку се осекам малку подуено, имам апетит. Се надеваме и сакаме да успееме. II
Здраво мили мои. Одамна немам пишувано имав малку бурен период,документи селење испитувања. Сега конечно сум слободна за дружење. Пред 2-3 недели правев брисеви и имам бактерија Klebsiella pneumoniae. Пиев амоксикав после терапијата го повторив брисот и пак ја има. Инаку и мм правеше спермограм и спермокултура и се е во ред . Испитував и хормони на 3 ден и тие се во ред . Само оваа бактеријата ми мати води. Сега со мм заедно ќе си живееме и редовно ќе пишуваме домашна Ве поздравувам ситее и ве гушкам силнооо
Дa ве пoздрaвaм милa пoдршкa јaс Денес бев нa еден мaнaстир Пресветa Бoгoрoдицa имa еднa женa тaјa гo чувa мaнaстирoт и oдaт зa мнoгу рaбoти тaму и се миете сo вoдa мнoгу луѓе се зaдoвoлни a имaше и еднa бременa женa чекaше aкo сaкa некoјa некa ми пиши ќе му кaжaм и телефoн имaм еднa женичкa беше тaму сo внучетo ни викa јaс трет пaт дoaѓaм aмa фaлa му нa Гoспoд и Пресветa Бoгoрoдицa внучетo ми трепкaше нa збoрувaњетo сегa е дoбрo чистo збoрувa гo видoв живa вистинa луѓетo беa дури oд Кaвaдaрци дoјдени пa ќе видиме некa ни е нa пoмoш мaјчичкa Бoгoрoдичкa aкo требa нештo тукa сум мoжеби ќе сaкa некoјa
Друшки рапорт од кај Д-р.9ти ден од циклус,ми рече супер сум изреагирала на Кломифен,два водечки фоликули од кои едниот 27цм,пон и вторник домашна.Нус појави само топли бранови навечер,и многу често мокрам кога ќе легнам да спијам,друго нема,не сум подуена и супер се осеќам,другото е божја волја и среќа.Имајте убав викенд
Хахах сеа ме збунивте скроз,нема шанси да потврдам,инаку пијам дупла доза Кломифен ако нешто менува,ке видиме,од циста полошо ваљда не може да ме снајде Да се редактирам,сега прочитав дека фоликул во стимулиран циклус од Кломифен,расте помеѓу 18-30 мм,така да можеби и точно сум слушнала.
Најдобар фоликул за оплодување е од 18до 22мм се што е поголемо се претвора во циста. Јас го имав истиот проблем П.С - сигурно е 17мм.. И така докторот ти рекол од понеделник со односи така дс до тогаш повеќе ќе порасни а и некако логички е 17 отколку 27
Девојчиња мили едно прашање.. Никогаш не сум мерела базална температура, но, мм мереше сега дека е поднастинат. И незнам што ме натера и јaс да измерам под пазуви. Ми покажа дека е 37.4.. Не сум настината воопшто.. а и не ни чувствувам дека ми е покачена.. најнормално се осеќам.. Инаку бев на Кломифенска терапија со Прегнил, и денес ми е 22 од циклус, а инекцијата ја примив на 11 ден... Немав никаков напор последниве часови, баш бевме излезени... Дали може да е прв показател за бременост или сѐ уште е рано?! Кренав узбуна по дома, а мислам дека рано ми е за домашен тест
Б Базална температура се мери вагинално. Наутро пред да станиш од кревет т.е пред било која физичка активност. Температурата на телото се покачува за време на овулација. Ако има настанато бременост температурата после 26-27ден останува покачена. Доколку нема настанато оплодување температура паѓа и иди следен циклус.
Ти благодарам на одговорот.. Значи под пазуви не е толку вердостојно.. Сега џабе да мерам кога сум среде циклус.. Доколу добијам ќе почнам од наредниот.
Се мери и орално базалната Јас под јазик го ставам топломерот, дигитален имам. Ве поздравувам и јас, еве на рапорт. Почнав да пијам Летрозол 2×1, вчера вечерта почнаа мали боцкања во јајници Само нека си работат, да си пораснат фоликулчиња
Нема да е точно под пазува. А и вагинално да мериш сега ќе ти покажи благо покачена температура.. Затоа се мери само на сабалје.. Така се одредува и овулација.. Кога ти е највисока температуратс тогаш е овулацијата