Мислам дека нередовен циклус,поготово кога со денови/месеци го нема,е најзезнато:/ @em4e_baby пробај најди некоја занимација да ти ги одтргне мислите,мене дружба со драги и позитивни луѓе ми помага,ке се изнасмеам/изназборам и ко нова сум.Со нервоза ништо не бива
И јас го имам истиот проблем. Не ми доаѓа веќе 4 месеци а не ми покажува бременост на тест. Најголема мака се нередовните циклуси
Еве ме и мене Јас од вчера имам само темно кафеав исцедок. Но повремен. Имам и болки и симптоми за циклус. Си мислам дека и кај мене ќе е неуспешен овој месец. Ама штое тука е. 28 ден ми е,а секогаш речиси секогаш добивам на 24- 25 ден. Ова значи ми доцни 4 ден. Но, чуствувам дека ќе добијам. Иста мака делиме
И јас преку лето дал период пролет кон лето или лето кон есен налетувам на немање еден циклус и најчесто добивам по 2месеци. Еве последен циклус на 19.8ми и нема па нема. Направив 3теста негативи. И знам што е следно. На ехо и ќе ми пише матичната примолут-нор. Веќе до толку сум отрпната што неважно ми е. Никогаш откако добив на 13год. не сум имала редовен и навремен циклус. Секогаш во просек добивам по 32/33ден. Само кога пиев диане како тинејџерка тогаш точно ми доаѓаше циклусот. Јас оној муабет ми касни толку и толку дена ...некако не постои во мојов случај. (главно 36дена чекам и тогаш дури можам да речам ми касни од вообичаено пак нешто не ево ред)Некогаш овулирам,некогаш не. Ама тоа е.
Какво добивање, чекај, има време. Прегнил прими? Ајде, сите да се фалиме Verba, @Tweety Sweety Чекаме убави вести! Денес сама си ставив инекција првпат во живот. И морам да кажам дека ништо не е страшно, ништо не осетив Мачкина кашлица
Ее колки сакам да се фалам наоколу со цртките Ама ајде чекам уште некој ден Бескрајно благодарам за подршката
Девојки како сте? Еве и јас да се пријавам три дена ми доцни, но минатиот месец добив по пет дена од датумот, така ќе биде и овој месец. Пмс страшен имам, проследено со настинка или вирус, не знам точно што ми е. Честитки за новата трудница и ајде да го продолжиме месецот со позитивни тестови.
Позитивна подршко таква енергија пружате што човек го кревате на нозе...ајде и јас да се пријавам 5 дена до добивање уште сега почнаа болни гради и болки во јајници а настинката изгледа нема некој да одмине
Туку сакам да прашам, (кај поискусните кои веќе се фалат со две цртки): тоа кафеавиот исцедок (доколку е бременост) колку долго ќе се појавува? Ден-два?
@Tweety Sweety може воопшто да не се појави, може и само неколку капки а може и поголемо количество. При негово појавување потребна е консултација со доктор, во никој случај чекање ден два за да помине сам од себе.
Вчера добив во мали количини, но денес гледам почна да се зголемува. Ако беше менструација, досега ќе ми пробиеше. Станува збор за темно кафеав исцедок. Утре ќе одам секако. Благодарам за советите
Нема ништо повеќе што ме нервира од нередовниве циклуси...цел живот ми бил нередовен..никогаш не сум го следела и никогаш не сум размислувала кога ќе добијам или колку денови ми касни...ама сега откако се обидуваме ме загрижува многу и се нервирам зашто ми е нередовен..јас последен па добив на 29.09..правев пред 12-13 дена тест беше негативен.. денес повторно сонував дека сум имала позитивен тест за бременост кој покажувал дека сум месец дена трудна??? Wtf??зошто сонувам бре... П.с морав да го редактирам шостов ми текна отпосле..првото нешто во сон што ми текна беше..едвај чекам да го споделам мојот позитивен тест на подршка..ете колку сте ми во мисли
Милa и јaс имaв еден ден кaфеaв исцедoк дури кaкo црнo се исплaшив aмa тoa дури дa прoбие и другиoт ден си дoбив aмa сaмo 3 денa имaв aјде кaј тебе дa е зa убo Те гушкaм милa
Да @0ли , примив Прегнил на 25.09.. Пред тоа пиев Кломифен од трети ден.. И денес направив тестче, пак една црта.. Што викате, бета кога да направам? Дали после Прегнил доаѓа на одредено време, или околу датумот што е за добивање? Прашувам, бидејќи еднаш примив само Прегнил, без Кломифен, и ми дојде точно на 14 тиот ден откако ја примив инекцијата.. А претходно спомнав, имам нередовен циклус..
Мене порано ми дојде но со оглед дека секогаш ми доцни циклусот испадна како да ми дојде циклус кога се би било нормално 29ти или 30ден така нешто беше.