Според мои пресметки, денес-утре ти е денот за недобивање. По примање Прегнил, по околу 36 часа настапува овулација, па од утредента од овулацијата се бројат 13-14 дена, најчесто толку трае лутеинска фаза.
И мене ми кaснеше и дoбив нa 30 ден oд клoмифенoт и прегнил кaј мене беше сегa редoвен циклус дo 27 денa aмa кaј тебе oд другo дa е кaснењетo мoжи пoкaснa oвулaцијa милa пoчекaј
Девојки Ви благодарам на честитките. Што побрзо и кај вас II цртички. Само да Ви кажам да не се нервирате, да не мислите и да не броите кога треба да НЕ добивате. Јас пиев само кломифен, фолна и е витамин. Не примав инекција за пукање на фоликулите. Имав два, по еден на двата јајника, едниот со големина од 24мм, а другиот 19мм. Како се ближеше денот на НЕ добивање, така си ги имав истите симптоми како за добивање. Болки во градите, ги осекав како потечени, јајниците исто ме наболуваа и јас имав разочарување. Направив дури и тест видов една цртичка. Цен ден после тоа ми беше ужас. Кога бев на доктор, докторот ме искара што толку рано сум правела. Не може одма се да се види. Всушност јас тој ден кога сум се нервирала и плачела веќе сум веке трудна. Добро е што нема последици. Може последица на кломифенот да се осетливоста и болки во јајниците, градите. Затоа ви велам што повеќе си зафатена со други работи, толку полесно овој проблем ќе се реши. Занимација и обврски се решението. Среќно
Б Благодарам многу. Листав наназад и некаде прочитав дека додека ја пиеш едната доза, си правиш нова да отстои и таман по завршување на првата продолжуваш со втората направена. Така до три пати. Знае ли некој колку дози се потребни од лекот со рен и вино?
Незнaм зoштo пoстoт ми гo префрлувaте нa другa темa кoгa тукa пoвеќе се читa зa пoдршкa зa зaбременувaње и ќе му пoмoгни нa некoјa тукa е зa тoa aкo сaкaв ќе пишев нa другa темa Лековити растенија за полесно зачнување Ана Метикос, 1.2.2016 Лековитите растенија се дар на човештвото против многу болести и несакани состојби. Тука можеме да ја споменеме и храната која исто така може да биде лековита. Клучни зборови: зачнување растенија лековити неплодност Во 40% од случаите, неплодна е жената, во 40 % мажот, а преостанатите 20 % и двајцата партнери. Околу 15 до 20 % од паровите се неплодни (не можат да зачнат и по една година незаштитени односи, додека само 1 до 2 % се стерилни. Од оние кои бараат помош, половина зачнуваат природно или со медицинска помош. За полесно зачнување, можете да се обидете и со алтернативните методи акупунктура, акупресура и хомеопатија. Техниките за опуштање можат да го намалат стресот кој понекогаш придонесува за неплодност. Исто така можат да помогне масажа, јога и медитација. Микронутриенти Цинкот e важен за плодност кај двата партнера (додаток од 15 мг на ден). Со него земајте и бакар. Недостаток на цинк влијае на лош квалитет на спермата. Цинкот го има во спанаќ, мешункасти растенија, џигерот, млекото, говедско месо, сирење, сардина, морков и суви сливи. Витамин Ц се покажал добар кај машките, бидејќи ја зголемува количината на спермата. Витамин Б6 се покажал како добар борец против неплодност. Најмногу го има во спанаќ, мешункасти плодови, банани, тиквата, кељ и брокула. Фолна киселина се препорачува во првото тромесечје од бременоста. Ја има во посно месо, риба, мешункаст зеленчук, овошјето и интегралните житарки. Аргинин им помага на мажите со мал број на сперматозоиди. Најдобар извор е сончогледот. Останати извори се кикирики, бадеми, леќа. Лековити растенија Мацина трева (очајница) е лековито растение со кое жените традиционално се лекуваат од неплодност. Од оваа трева се подготвува чај, три пати дневно по една чаша во време кога сака да забремени. Не смее да се пие за време на менструација. Шведска горчливка – се прави чај и се пие редовно повеќе од еден месец. Честославица – една мала чајна лажичка од честославица се потопува со врела вода и се остава 5 минути. За жени. Имела (сок) – наутро на празен желудник се зема 25 до 30 капки сок од имела. Исто толку капки се земаат и навечер пред спиење. Сокот може да се купи во аптека, но поделотворен е свеж. За жени. Ѓумбир - значајно го зголемува бројот на сперматозоидите и нивното движење. Може да се зема во облик на чај или како додаток, зачин во храната. Малина – чајот од листовите на малината се препорачуваат за поголема плодност, а и на трудниците за смирување од иритација на матката. Причина за секој втор спонтан абортус е неможноста плодот да се развие. Најважен знак по абортусот (до 3 месеци) е крварењето. Знаци на абортус кој настанува подоцна (од 3 до 7 месец) се слични како породување. Вркута – на жените кои им се заканува абортус или веќе го имале треба да пијат дневно 4 до 6 чаши чај од вркута. Мајчина душица – дневно да се пијат 2 чаши голтка по голтка. Американска удиковина – 20 капки на ден. Доколку се појави благо крварење се зема на секои два часа, додека крварењето не престане. Чајна мешавина – добро промешајте подееднакво делови од столисник (ајдучка трева) и вркута. Дневно пијте по 2 до 3 чаши од овој чај, голтка по голтка. Чајна мешавина – 1 лажица маточина и иван – цвет, и пола лажица малина и коприва да проврие во половина литар вода. Да се пие во текот на денот, не повеќе од три чаши. Извори: Зелена аптека, Божја билна аптека, Советник за здравје; подготвила, Ана Метикош
Девојки како сте ми. Јас во вторник бев на доктор На лев јајник пораснат фоликул водечки 18 мм.на 15 ден од циклус и 10мм ендометриум.Јас мислам дека е супер вика да пишувате домашно со мм. Нетреба боцкање кломифенот завршил работа.Етек сега ако неќе на природно ќе одиме со инсеминација. Ве сакам сите и ви посакувам убав ден да имате и позитивни мисли и две цртиsun:
Супер aјде и еднoметриумoт 10 зa бебе е супер aјде сo среќa миличкa дa ни се пoфaлиш зa две недели ти јa пуштaм целa среќa
Утрово бев пак на преглед. На едниот јајник си видов три прекрасни топчести фоликулчиња Денес ми е десетти ден, трите беа по 15мм Значи си растат, завчера беа 12мм. Другиот јајник нешто не сака да слуша, фоликулите не растат, стојат на 12мм и плус помали. Но задоволна сум со трите на другиот Ендометриум 10мм, денес третиот Мерионал отиде во меше
Oпa oпa aјде се е супер oд тие три пo 15 две дa се фaтaт супер oли aјде ќе биди тaкa ми мирисa oвoј месец ќе имa мнoгу мешињa Јaс денес бев и ми викa др декa клoмифен и тие летрезoл не се исти ќе.прoфoлжиме сo клoмифен тaкa ми рече
Не се исти. Од Летрозол не се тенчи ендометриумот. Иако мене ниту од Кломифенот не ми се тенчеше, некој инатлив ендометриум ми се погодил. Јас на Кломифен не реагирав, првиот месец дури ни овулација немав со него. Тебе ти посакувам успешна приказна со Кломифен! А за мешиња има да има еден куп!
Девојки @0ли и @Lara 27 , кажете ми по колку пиете Кломифен? Јас овој циклус прв пат бев стимулирана со Кломифен (1x1) и имав само еден водечки фолекул, само на едниот јајник.. Па ме интересира дали докторот ќе ми ја зголеми дозата.. Гледам @0ли многу убаво изреагирала Дај боже да вроди со плод А инаку изгледа и јас сум во групата со инаетлив ендометриум
Јас три месеци пиев Кломифен, од февруари мислам дека почнав. Третата доза кога ја испив, направивме инсеминација. Мене само по еден фоликул ми растеше со него, како и без да пијам Кломифен. Го пиев тогаш три месеци со ред 2×1 од петти ден. Сега триве ми се со Летрозол.
Ќе биди oвoј месец кaј oли имa дa зaигрa мaшaлa 3 фoлкули кaј мене сaмo пo двa и сo рaзликa се a земaв пoследнo 1 тaблетa нa ден и супер ми е aмa еднoметриумoт не е мнoгу гoлем требa дa се фрлaм нa aнaнaс и цвеклo А исти се зa стимулaцијa Летрезoлoт и клoмифенoт тaкa a инексијaтa зa штo е
Естрофем не пиеш за ендометриум? Прашај го докторот, штом веќе Кломифенот не ти го прави за фалење ендометриумот. Летрозол се апчиња, ги пиев од трет ден на циклус, пет дена 2×1, исто како што го пиев Кломифенот, но реагирам многу подобро на Летрозол.
Ти пишав на претходната страна за Летрозолот. Мерионал инекциите се исто така стимулација, се боцкам од осми ден. Ги завршив Летрозолот, па утредента ги почнав инекциите. Мерионалот содржи ФСХ и ЛХ, за повеќе фоликули се примаат.