Па претпоставувам дека може без Мерионалите, но во оваа комбинација ми ги дадоа. Само 5 инекции треба да примам, по една дневно.
@em4e_baby и јас сум месецов на Кломифен,прв циклус,дупла доза 2x50mg.Д-р задоволен,рече одлична реакција,за исход здравје Боже ке видиме.Не примив прегнил,а ендометриум ми рече добар е.Денес ми е 15ти ден од циклус и цел ден ме болеа јајниците,дури и кога одев. Овулација треба да е помината,што знам.Среќа зафатена сум периодов па не ми е умот таму.Маки! @monik55
Ништо не оставам на случајот Со последни сили,домашна мора редовно. Ајде сакам сите за нова година со мешиња мали да сме Па многу ли барам
@dunika , јас пак се чув со докторот... Му викам: изгледа овојпат ништо, дали од нареден циклус да пробаме со 2x50.. а он ми вика: што, ти толку лесно се откажа, демек ти дојде? А јас изгорена од домашниот тест, дека негативен, полека почнав да кревам раце.. Ми кажа во понеделник да направам бета, па за понатаму ќе видиме.. Ајде да ти се оствари желбата!! И за тебе, и за мене, и сите што сме тука со новогодишен чочек да им улетаме во Труднички муабети
Жени јас добив. Синоќа касно. Како швајцарски часовник...оп, еве ти ја. За месецов со д-р Адамоска договоривме хсг, а мм да го повтори спермограмот и да направи спермокултура. Тоа во ист ден. е сега сакам да ве прашам. Дали знаете во Систина дали во сабота ги прават таквите интервенции и испитувања како овие моите што треба? Сите слободни денови ги прокоцкав од работа, не можам веќе да барам. Стискам палци за сите што се во исчекување... Секоја нова трудница за нас е нова надеж...Ве гушкам сите
Сите испитувања во Систина ги прават од понеделник до петок. И јас прашував дали може да ги правиме со мм за време на викенд, и ми кажаа дека не може.. Инаку мили мои, денес петок 13.. Така и кај мене.. Си почна циклусот..
Со едно давање сперма ќе си се направи и спермограм и спермокултура. Ве гушкам, следниот месец да има недобивање!
Девојки,јас за едно тоа друго... Ми даде др да испитам хормони,скриен шеќер,мм спермограм и цисти виде. Ни најава за добивање нема. Бремена не сум... Потоа со резултатите треба повторно да одам. Дали виното и ренот да го правам сега мислам...
Да си одиш обавезно хормони да испиташ и скриен шеќер!! И јас како тебе, циклусот еднаш дури 60 дена ми траеше.. Откако бев на ендокринолог, ми препиша апчиња, месец ипол ги примам. Денес иако добив, ми беше мило што после подолго време добив на 29 ден без контрацептивни таблети (само со тие ми доаѓаше на 29 дена).. Ќе видиш дека ќе се среди..
На роденден сум, дефинитивно ги мразам родендените и се чудам што уште правам на роденден кај деца. Значи само јас останав на маса кога се дуваа свеќите, зошто нема кого да однесам, а не се сети ниту една од пријателките да ме повика. Имам ужасна главоболка и еве станувам да си одам дома, да се стоплам и да се исплачам раат.
Многу добро ми е познато тоа чувство...само едно ќе ти кажам ќе дојде ден кога и ние со дечиња во раце ќе дуваме свеќички а тој ден ќе дојде скоро. Те гушкам силно
Мене сега ми е 90+ дена. Секако дека ќе се среди, треба време и трпение. Чекањето прави нетрпеливост, но крајната цел е непроценлива! @Beatris верувам дека на моменти и тебе ти е многу тешко. 3а себе, од жал кон себе и од преголема желба, но издржи.Верувај, силно верувај и никогаш, никогаш не се откажувај. Паѓаме, поткленуваме, но повторно стануваме. 3атоа што силата која не поддигнува и бутка напред е неизмерна. Голема како планина!
@verba Мене сега ми е 90+ дена. Секако дека ќе се среди, треба време и трпение. Чекањето прави нетрпеливост, но крајната цел е непроценлива! @Beatris Оди на матичен да те види ехо и ќе ти препише примолут-нор. И јас ко тебе се ближам до 60дена за една недела.