Јас пиев кафе и доручек стандарт,ми рекоа не пречи воопшто,ама не живеам во Мк и д-рите имаат сепак различна пракса:/.
@dunika и @Bebulleee фала за брзиот одговор. Девојки,многу сум загрижена. Какви се вашите искуства со нередовна менструација од полицистични јајници и забременување?
малку потешко но еве го до мене спие 14 месечно бебуле со добра терапија и добар доктор се стигнува до целта
И моето искуство е слично како на Алисија Беба е 10 месеци. Кај нас покрај пцо, имаше и речиси безнадежен машки фактор. Природно забременив веднаш по хсг.
Јас мака мачев покрај нередовна менструација и полицистични немав и овулавија воопшто.. Па првин ја средивме менструацијата 4циклуси по ред пиев Дабростон и си добивав на 27дена. Потоа со инексии останав бремена
Мене ми викаа освен вода,ништо друго.А и пешачење долго не смееш додека одиш да те испитаат.Кафето влијае на резултатот за естрогенот.
Јас кога испитував хормони, само вода пиев. Отидов со кола и по скали не се качував, со лифт отидов нагоре.
И јас два пати забременив и тоа со висок степен на полицистични јајници со сите изразени симптоми и вишок килограми. Првиот пат се мачев 2 години ама сепак без терапија останав имав спонтан еве сега од прв обид останав и сум 17 недела. Како што кажаа и другите со добра терапија се е можно.
Еве ме на рапорт. Вчера, на 14 ден од циклус имав овулација. Фоликулчињава не издржаа 36 часа по Прегнил, си прснаа малку порано, сакаа што побрзо да се оплодат. Правев втора инсеминација и сега за две недели ќе чекаме висока бета Ве поздравувам
Go Оли Има да се роди најубаво бебе во Август @@Verba мила јас за среќа немам пцос,и циклусот ми е редовен.Всушност се е во ред кај мене/нас ама ете неќе.Инаку сум на кломифен месецов,затоа што година ипол се обидуваме без успех:/.Нешто од внатре ми кажува дека сум блиску,се надевам ке ме огрее сонце наскоро.Мене и сите вас
Девојки здраво, Јас имам редовен како часовник циклус, се е во главно во ред, имам само едно миомче надвор од матката. Инаку се обидуваме со сопругот последниве 6 месеци да речам, воопшто не се штитиме но не мислиме на тоа ако дошло добродошло не сме оптоварени да сме со таа цел и нонмсотпо да мислиме на принова. Но...6 месеци незаштитени некогаш во овулација некогаш не и не сум забременила...тоа ме тера малку да се плашам, знам не е плукни залепи но сепак некогаш ќе си помислам колку пати имам е незаштитени односи а сепак не се случило..Имам простор за некој основан страв или ви делуивам смешно Ч) Поздрав
Продолжете со ова темпо и нема простор за паника, за брзо време ќе биде. Некогаш е потребно повеќе време коцките да се наместат , само смирено и позитивно . Ти посакувам среќа и две црти во брзо време
Ви благодарам на сите за поддршката и позитивните вибрации. Хормони кај мене проверени,од она што го гледам сите се во граници на нормалата. Уште скриен шеќер да проверам и кај др да видиме што понатаму. @0ли стискаме палци сите за висока бета