Zdravo.. nemozev da najdam tema bas za ova oa resiv da vi pisam tuka se nadevam nekoj ke mi pomogne dali znaete kolku normalno e da bide progesteronot ? Fala vi odnapred
Ајде сo среќa oд и зa две недели висoкa бетa и дa се OБЛИЗНИШ дaј БOЖЕ @oли и нoеврискиoт месец дa е цел сo трудни женчињa ве гушкaм
Во лутеинска фаза и во овулациона е во граници на нормала ама во фоликиларна е зголемен бар по мене еве нека каже и некој друг ако мисли поинаку
Само вода и најубаво е веднаш по станување дасе боцкаш,најреална слика има тогаш зошто колку повеќе саати поминуваат се активира нервниот и праќа дразби до ендокриниот систем и може лажно покачени да се некои хормони. И многу среќа. Можеш да ги имаш твоиве наброени ама без среќа џабе се.(судбина/ксмет како ли да пишам, можда Божји благослов кој ли да знае што е)
Јас останав природно душо претходниот месец правев инсеминација стимулирана со кломифен и наредниот месец опп || ама за жал заврши спонтано во 6 месец...и јас бев со ПЦОС и немав овулација така да само опуштено душо и побрзо не израдувај со || те гушкам..
На 21 ден од циклус? По менструацијата се оди на 2-3-4-5 (зависи) вагинални прегледи со сонда, ти мери докторот колкави се фоликулите, следи ситуација и ти кажува за овулацијата.
@verba @dunika @alisijad @QueenP @Bebulleee @BirMelek И уште многу не има. Вака сакам да споделам со вас што ми е најстручно објаснето од д-р кој не сакаше да ме лаже за пари а да немам резултати со 2ра бременост. Имено имам ПЦО(полицистични овариуми)-значи повеќе мали цисти на едниот јајник. Е сега има ПЦОС(полицистична оваријална состојба или синдром) може: 1.да нема хормнонален дисбаланас-ваквите жени и покрај ПЦОС лесно забременуваат. 2.да има покачени хормони кои ги лачи матката-утрусот главно естроген,тестостерон и кај вакви со хормонална терапија на природен циклус, инсеминација дури и ивф има успех. 3.да има покачени хормони кои ги лачи надбубрежна жлезда-главно андростендион, дхеа-с, тестостерон. Кај вакви пациентки многу е тешко и природно и вештачко забременување, бидејќи при стрес надбубрегот лачи повеќе андростендион и дхеа-с и за нив нема никаков начин да се отстаранат од крвта и при терапија со хормони при инсеминација и ивф. Затоа кај вакви жени и да настане оплодување на вештачки начин во најголем број случаи завршува со спонтан нажалост. Единствен начин да се излаже надбубрежната жлезда да не лачи вишок од овие хормони е: -природен: намалување на стрес, редовно спиење и легнување навреме(навечер се лачат многу битни хормони од хипофиза кои допринесуваат за општа добростостојба на телото) и избегнување леб и тестеста храна и благо. -терапија со МЕТФОРМИН + СПИРИНОЛАКТОН извесно време и НАЈ НАЈ НАЈ!!! давање на кортокостероид-ДЕКОРТИН во точно време. Тој ја закочува надбубрежната желзда и нема вишок штетни хормони. И САМО ВО ТАКВА ФАЗА ИМА ШАНСИ ЗА ПРИРОДНА БРЕМНОСТ. Д-р Бранка и искусни ендокринолози го знаат ова, успешен пример ви е @alisijad за ова. Гинеколозите или не го знаат ова или не сакаат да се занимаваат со ендокринолошки хормони и за пари започнуваат процедури кои однапред се осудени на неуспех. @alisijad ако не се лажам има еден спонтан по мои претпоставки од ова. И гинеколозите кога ќе бидне спонтан ве макнат по имунологии,хематологии итн. а проблемот е овој, а решението па и не толку едноставно. Јас со првото природно останав(изгледа сите хормони по извесно време намалија штетни хормони и бидна). Со 2ро сеобидувам природно со поздрав начи на живот. Ако не ќе почнам и јас со метформин+спиринолактон и декортин и надзор на искусен ендокринолог. Па со наука и верба-Бог напред.
@AURUA гинекологот од сам почеток ме пракаше на ендокринолог, при двете инсеминации он сам ми даваше декортин, а после инсеминациите Бранка ми воведе декстаметазон како редовна терапија навечер. Спонтаниот не се знае од што беше, најверојатно природна селекција, гинекологот направи утка кај мене кај првата иуи затоа што касно ми дад стоп инекција. Како и да е тежок и мачен е овој пат, еве после година дена од порагајот кај мене се е исто, повторно висок инсулин, повторно хаос циклус, повторно зголемена влакнавост ништо не се подобри ни смени, ако некогаш се решам за второ дете ке треба повторно истата терапија и истиот пат да го минувам а искрено не сакам таа голгота да ја доживувам пак.
Душо а каде можам да ја најдам оваа докторка значи стварно беше мојата матична во право..јас сум 3 со покачените хормони од надбубрежната и само метформин примам како терапија.. кога го прочитав ова се пронајдов...
Девојки да се надоврзам и јас, утре на 3ти ден одам за испитување хормони. Исто и јас сум со пцос, сигурно хормоните ми се хаос. А Бранкица, може да ја најдете во приватната болница Срце. Јас планирам со резултатите од хормони да одам кај неа, да ми даде терапија. После тоа се надевам, конечно ќе останам бремена.
Тоа е не има. Д-р Бранка ме следеше како тинејџерка ама тогаш пред едно 20тна год. ми се виде многу арогантна и не ја посетив пак. Потоа пред 3-4год. на државна со врска ја видов и префна се ок ме посоветува, ме запамтила и ме подискара пак. Сега е во пензија и работи приватно во ПЗУ Срце(треба да ја посетам-ама нозе не одат,нејќам лекови). Инаку сум била и кај д-р Саша ама ништо посебно на ендокринологија на државна. Некако си барам изговор дека немам добар ендокринолог па си се влечкам иако @Meckicja ми ја препорача д-р Милетиќ мислам(ама оваа повеќе е за шеќер/дијабет и кај трудни). Ќе биде и природно. Сум решила ќе се борам пак. @alisijad не ме плаши борбата, веќе ништо не ме плаши колку неможноста да остварам што сум зацртала. А кој гинеколог те следел и бил толку совесен и те праќал на ендокринолог?
Откако Бранка отиде во пензија јас продолжив кај Саша Јовановска на ендокринологија, доста добра докторка и школа на Бранка, преглед кај бранка приватно е 2000 денари што мене лично ми беше скапичко. @AURUA Митко Ивановски, сам бараше мислење од ендокринолог и си рече ние гинеколозите не сме толку стручни за оваа проблематика ко ендокринолозите
Јас само метформин примав и верувај или не одма останав бремена и еве 6ти месец сум немам проблем никаков фала му на бога се си се среди уредно.. предходно неможев да останам 7 месеци бремена останав миссед имав после со метформин терапија само преку сила ај да не те лажам ама 4-5 пати дали пробавме без пазење па еве го резултатот.. природно без никаква друга терапија
Ох душа мила... дај Боже да си докараш до крај и живи и здрави да сте цел живот.. јас дека имав спонтан во 6 месец па сега кога прочитав дека немав др причина се замислив малце..