Денес 31 ден од циклус, не издржав и направив тест. Излезе негативен . Многу сум разочарана, почнав со инофолин за полицистични јајници и ако не друго, мислев ќе ми се среди циклусот. Сега ќе чекам да добијам и мора пак по доктори, зошто со лесно кај нас не бива ништо.
Дa ве пoздрвaм Јaс сo глaвoбoлкa денес aмa зa штo е незнaм Ајде дaјте некoј тест Beatris милa мoжи пoкaснa oвулaцијa пoчекaј a и дa ти дoјди немa рaзoчaрувaње нoв циклус нoвa нaдеж
Дали ако напишеме домашна со мм ама не во плодни денови, дали постои шанса за бременост? Све беше точно. Со сите правила и прописи Не велам дека ќе прекинеме да пишуваме. Ама ме интересира дали постои шанса ..
Секогаш постои шанса, некогаш не пука фолекулот одма по што следува касна овулација.Или пак пукаат неколку за време на овулација,па после некој ден уште по некој.Нема правила има многу ретки случаеви каде жена бремена пак останува бремена Уживајте водете си љубов и опуштено тоа важи сеа и за мене и за тебе хахахаха
Поздрав, Еден ден пред очекувана менструација,25ти ден (краток циклус од 25-26 дена) а 13 ден од овулација. Деновиве имам менструални болки кои траат одредено време и ги снемува и така неколку саати без никакви болки ,па пак повремени болки и мислам еве готово ќе дојде,но уште ништо.Имам млечен исцедок на долниот веш, и болки во градите на допир,стврднати не се туку само зголемени и меки. Се чуствувам убаво и расположено ,но психата е чудо
Здраво женски се мачам скоро година ипол за бебче имам редовна менструација и прв пат ми касни 6 дена и се плашам да направам тест за да не се разочарам па утре ке одам да направам преку крв ... Вајда ќе покаже
Како си? Има нешто ново? Ајде тест кога? Шест дена не се малку доцнење, прави тест ајде. Ако си бремена, ќе треба да почнеш со терапија. Ајде храбро
Кај мене ништо Сега правев тест.. Да отидам на гинеколог да видам зашто ми се случи на 31 ден такво крварење.. Да не има некој проблем..
Можеби била овулацијата околу 31 ден кога беше кафеавото. Се случува за време на овулација да се има таков исцедок. Оди на доктор, види што ќе каже. Не грижи се
Ако не дојде и денес, би требало утре да направам тест, со еден ден доцнење. Пак сум со повремени болки кои си доаѓаат и проаѓаат. Вечерта кога си легнав ме фатија болки во половината и кога станав си реков сега ќе потече но еве уште нема ништо. Никогаш не ми доцнело но ме става у мисла случајно да не биде да доцни а да е поради кломифенот, како прво искуство со него.
Само што се враќам од кај докторката. Сепак не била доцна овулација, туку ми кажа тоа да го сметам како циклус, а денес ми виде резистентен фолекул, што значи ништо од инсеминацијата во декември.. Ќе си чекам да си добијам па да тераме без Кломифен.. Можеби ваквиот резистентен фолекул е реакција од него.. Абе да не си раат!! @0ли ти благодарам за одговорите и поддршката
@0ли Кај мене ништо ново, чекам да добијам, денес 33 ден. Се мислам утре од сабајле со прва мокрача да направам уште еден тест, зошто во саботата правев ама попладне. Но од друга страна пак имам болки привремени како за добивање и не знам што да правам, сакам да чекам, ама желбата за || црти ме зафркава.
Дали прими прегнил? И на кој ден ти беше овулацијата? Ќе помине и ова Знам дека очекуваше инсеминација и сега не е сеедно кога не се остварува тоа што е планирано, но во меѓувреме до добивање нешто најди занимација да помине полесно времето. Еве сега убави празници доаѓаат, атмосфера има насекаде. И јас имав очекувања од пункцијата, но не излезе како што сакав. Сега чекам да добијам, да договорам хистероскопија и да терам понатаму. Но во меѓувреме ќе шетам, ќе патувам, ќе одам по продавници, ќе се дружам. Се' само за да минува времето полесно. И навистина е полесно. Те гушкам и не се разочарувај Па не си ја мачи душата, направи си ако не ти се чека. Ама очекувај се', а јас ти посакувам да се изненадиш позитивно! Обично на колку дена добиваш? Извини, можеби сум те прашала, но сум заборавила.