Честитки , имај лесна бременост , се радувам на твојот позитивен тест . Дај Боже да тргни кај сите нас !
Здраво девојки, јас само што се враќам од генеколог, денес 12 ден требаше да мерам фоликули и да правам инсеминација и кога само еден фоликул од 13 мм така да ништо од инсеминацијата. Нареден месец. Јас секогаш сум имала убави фоликули но овој месец немав заради тианде влошките. Ги користев овие денови од циклус и ми пореметија се. Затоа не купувајте сешто. Плус имав одамна една мала циста но и по 8 влошки што се носат 24 часа сеуште стои.Честитки на новата трудница и повеќе среќа на сите нас Ве гушкам
Добро утро лавици. Кај нас ништо ново,си работиме на случајот. Со мојот шашав циклус на 40-45 дена мислам дека ги погодивме плодните денови,треба да не добијам околу стара нова година. Ќе работиме уште на случајот не оставам така @mace89 и мене една фамилија ми ги препорача влошките,за регулирање на циклус. Искористив 2 и чекав да добијам вистина добив порано на 33-34 ден ама крварење....леле мајко како чешма да тече влошката се преполнуваше за нецел час ми течеше по нозе рака 2-3 дена се преплашив. Бев на гинеколог циста си добив примулт нор,метафен и, витамин ц. После уште еднаш користев ни ќар ни зијан само мирисав на подвижна билна продавница,на чаеви
Не за џабе викаат тоа што толку се рекламира значи не се троши, добрите работи немаат потреба од толкава фама, секако се трошат. Како и да е кај секој е различно но дефинитивно не се експериментира со се и сешто.
Добро утро и од мене девојки, денес бев за земање крв на 21 ден пролактинот, ама мене страшно ми се врти и повраќа, незнам дали да си се надевам или сеуште е рано честитки за новата трудница
Како ништо? Да си одиш пак на преглед, можеби е доцна овулација. Ќе си порасне фоликулот, нека следи таму докторот. Јас првиот пат кога правев инсеминација на 21 ден ми беше овулацијата, побавно растеше фоликулот. Упорно одев на прегледи и кога порасна доволно, направивме инсеминација. Можеби се погодило овој месец да овулираш подоцна, какво ништо од инсеминација?? Да си одиш пак на преглед за некој ден!
Честитки па не за џабе те тагнав и ти посакав нова година ете како си се местат коцките. Уште еднаш со среќа
Мили мои Среќна и плодна нека е годинава,а осеќам дека ке е Деновиве ги поминав со ептен драги луѓе,се смеев и забавував како никогаш досега,и сватив дека осамувањето ми влијае лошо на психа.Ниту еднаш не помислив на тоа дека немам бебе и дали ке останам трудна.Ке се потрудам да ми се случат повеќе вакви денови и бебе само ке си дојде Вие како сте? Сватете ја новава како почеток на нешто најубаво што допрва треба да дојде Сите солзи,неуспеси,негативни тестови,себеобвинувања нека останат позади нас во годината што измина.Со чиста мисла и лавовски став ке се избориме за мешиња и најубави бебиња Ве сакам