Јас имав исти фоликули со Кломифен,првиот месец не примив прегнил а вториот да.Мене на 12ти ден ми беа толкави,а природно ми се прават по 22мм.Според мене на таа големина би требало да примиш стоп-инекција,ама д-рот го има последниот збор.Работи на случајот и не се оптоварувај со тоа
Здраво женски јас сум нова на форумов, сакав само да ве поздравам да им честитам на новите мешиња ,а на сите други (па и на себе) им посакувам сто побрзо да си ги видат двете цртки
Не ми рече ништо докторот, само дека се големи за да се стави прегнил.. Тебе на колку мм фоликули ти даде прегнил докторот? Не ми спомна ништо дека ако се толку големи и има шанса барем еден да се оплоди.. се разочарав денес
Еј немој,какво разочарување Јас тогаш се мрднав од читање,и бев во прашалници дали е циста,па дали е квалитетен фоликулот...Опушти се колку можеш,тоа не зависи од тебе,а со нервирање си правиш само лошо,викендов искористи го за винце и љубов и уживај!
И јас се мрднав овие дена од читање. Ќе си уживам покрај езеро секој ден ќе пешачам да си ги разбистрам мислите. Само позитивно
Добре дојде бејби ти посакувам што побрзо да се префрлиш во друга група Кажи ни ја твојата приказна, колку време се обидувате има ли некој проблем и сл
Благодарам, сите да се префрлиме во друга група. Се обидуваме со мм 1.5год во брак и 5 месеци пред тоа. Имам испитано хормони, пап, микробиолошки брисеви, хсг, мојот сопруг спермограм се ова е уредно но никако да се фати, имаме една неуспешна инсеминација и сега не знам сто понатака. Утре сабајле идам да испитам и тироидна.
Здраво феминки 5ти ден веќе како ми доцни имам болни гради и болки во долниот дел на стомакот како пред мензис дали е рано за тест или можам да направам и колку би биле точни резултатите кои мн би сакала да се позитивни
Само опуштено тоа не е долг период не секогаш ги глеј плодните денови водете љубов уживајте опуштено.Се ќе биде можеби и веќе биднало сабајле прави тест па пофали ни се.
А дали имаш редовни менструални периоди?И дали си одела на фолекуметрија или кај специјалист да ти каже некое решение зошто на пример е тоа така?
Не е рано, јас направив два дена пред очекуваниот термин за добивање и ми покажа втора бледа црта. Ти посакувам и тебе II
Се зависи каде се испитува и кои реф.вредности ги имаат. Јас како тебе Ета со горна референтна вредност 496 , мене пролактинот ми беше 1123 кога го открив ,и со терапија на достинекс сега ми е на 100 и нешто ,за некаде од прилика 6 месеци под терапија. Така да се се средува кога ќе се погоди точната терапија а и зависи до организмот. п.с не бев на снимање ниту требаше, мислам дека треба да е до 2000 ако не грешам па тогаш магнетна.
Da imam redoven menzis na 28 den. Vaka tri pati do sega imam pieno klomifen togas i sledevme folikuli od koi sto sekogas imav po Да имам редовен мензис на секои 28 дена. Три пати имам пиено кломифен и тогаш следевме фоликули секој пат имав добри фоликули кога водечкиот фолекул беше 19мм примав прегнил и бевме вредни со мм но ништо а никој нема објаснување зошто докторката кај која одам ми предложи следно да направиме хистероскопија. Јас сега ке испитам тироидна жлезда потоа д димери и алфа хемо стази. Ваше мислење за хистероскопија?