И мене ми заврши циклус на 4ти ден и од 5ти почнав со кломифен а ми закажа на 12ти ден. Мислам дека не е рано, таман си е плус оди си пак ако треба додатно. Нервоза и мене ме мава од вррме на време. Со среќа
Се извинувам што ќе се вмешам и не е со цел да те тешам или давам лажна надеж. Јас кога останав бремена глава од перница не можев да кренам баш како што се осеќаш ти. После работа спиев од 18:00 до 21:00 и во 22:30 заспивав до наутро за на работа - до 07:00. Од срце ти посакувам овој симптом да значи бременост. Со среќа
Фала ти многу и не се грижи, јас секој месец си давам лажна надеж сама на себе, на крај разочарување, но веќе сум навикната. Најмногу ме нервира што симптомите се исти кај мене, значи успевам секој месец да се излажам.
Здраво на сите незнам каде да го поставам прашањето па решив тука. Пред 6 месеци имам правено киератажа менструацијата ми беше се во ред ама овој месец ми е некако чудна темно кафено имам се извинувам што вака ви пишувам од што би можело да ми биде инаку точно ми доаѓа.
Ако не е обилно крварењето, може и бременост да е. Ако имаш само како исцедок, најдобро е да си направиш тест.
Ако кафеавиот исцедок го доби на денот кога требаше да добиеш мензис, можеш да си направиш веќе тест. Можеш утре наутро со првото мокрење. Ако си бремена би требало да покаже. Со среќаа
Фалаа многу имам страв сега ке видам сега уште овој ден како ке ми биде ако е исто утре обавезно правам тест
Здраво девојки, јас денес бев кај др. Поповиќ на четврти ден од добиено, ми даде од денес да примам хормони фостимон инекции иако мноогу лошо реагирам на хормони сепак се ќе направиме нели за успешна бременост Докторот е супер позитивен и топло го препорачувам Доколку има некоја искуство со овие инекции и контра индикации од нив или позитивни тестови нека сподели за да ми олесни малце
Поповиќ јас прв пат го гледам а се осеќав ко да го знам долго време. Таков убав однос има и е многу внимателен и одма ајде вика не се чека идеме уште месецов со инсеминација и со односи вика на маж ми ајде покажи се ти зете хахахахах смешки е многу е океј и голем стручнјак во сферата на инсеминации и инвитро.
Еве ме и мене, после некое време и јас да ви пишам.. Ново, освен тоа што редовно сме по клиники, нема ништо.. Успешно, под терапија на Глукофаж, почнав да имам редовна овулација. И веќе сама почнав да си ја чувствувам. За секој случај нарачав ленти од eBay, па во очекување сум да стигнат. Правев микробиолошки брисеви и уринокултура, и двете се супер. И сопругот правеше скоро спермокултура и уринокултура, и тие се стерилни. Од почетокот на месецов почнав самоиницијативно да се испитувам на трансфузиологија. За докторката од таму само пофални зборови!! Темелно пристапи на мојот случај, и од сите страни го разгледа. Денес стигнаа резултатите, и ми кажа освен тоа дека имам хомозиготен МТХФР, сѐ било во ред друго. Па чекаме два месеци да поминат, да не сум под терапија на фолна, да ми испитаат хомоцистеин, за да ми ја одреди дозата. Сега сакам да проверам и др. гени на имунологија, па доколку има некој искуство со некој доктор од таму, нека ми препорача. Тоа е сѐ на кратко. Верувам дека почесто ќе пишувам. На сите што се пофаливте со две цртки од почетокот на годината, ви посакувам лесна и успешна бременост. На останатите, убава мисла и трпение!!
Emce kaj koja doktorka bese na transfuzilogija? Jas imam termin nareden mesec kaj nekoja Dejanova (so dve preziminja e ne se sekavam kako bese tocno)
Елена Петковиќ. Многу сум задоволна од неа. Достапна е секогаш, и многу посветена. Топло ја препорачувам.
Леле жено 1000% те разбирам, верувај ми. Правев и исто нагативен а треба за два дена да добијам. Симптомите исти. П. С. Некоја препорака за добар топломер и цена?
За испитување на хомоцистеин не треба никакви б витамини да се пие така? Јас после киретажата едне недела пиев само б комплекс и после тоа ништо така да ако ми испитуваат на мене нема потреба да чекам. Јас на трасфузиологија имав закажано за кај Дејанова но таа не беше тука ме прими Узунова жи остави добар впечаток па сега ќе видиме. Брисевите ми се чисти барем едно исклучивме од испитувањата дури ни кандида немам за чудо некое.
За да испиташ хомоцистеин треба пауза од Б витамини 1 до 2 месеци.. Денес тоа ми го кажа трансфузиологот..