Епа слободно може да правиш. На клиничка биохемија обично ги праќаат. Заедно со хомоцистеин проверуваат и витамин Д. Упат може да добиеш од матичен гинеколог. Тебе ти пронајдоа мутација, или чекаш резултати? Те читав дека во план ти е да одиш и на имунологија. Беше таму, или сѐ уште не си отишла?
Чекам резлутати,за на имунологија прво резлутатите па ќе видиме. Битно е несме више во ќор сокак тргна работата да се открие од што е проблемот.
Пуштам среќа сѐ да тече брзо и лесно. Побрзо да се открие доколку има проблем, и побрзо да се пофалиш со убави вести!!
Девојки ништо и овој месец, добив сабајле, а уште вчера ми пробива. Овој месец ќе довршиме испитувања и одиме со кломифем и инсеминација, друго решение не гледам. Има ли некоја проверувано проодност на канали во Ремедика, да ми каже цена и детали? Тешко ми е многу, ама мора малку сериозно па ако треба и до инвитро да се стаса.
Колку сум нестрплива.... треба да (не) добијам на 30ти.... само градите ме болат друго ништо... секое чекање циклус како вечност. Кај се продава надеж да си купам
Накратко да ви го кажам мојот проблем. Порано имав многу нередовна менструација но одкако имам односи веќе година и пол како да ми се среди менструацијата најчесто добивав на 33 34 дена. се обидуваме со мм да имаме дете веќе 4 месеци но сеуште ништо. пред два месеци добив силни болки во левиот јајник и цел стомак и пецкање на мокрачата па отидов на гинеколог но некако рутински ме прегледа сигурно имаш инфекција и ми даде некои апчиња за да ми помини инфекцијата. и одкако мм го праша дали има шанси за да сум бремена тој тогаш кажа дека јајце клетката била пукната во левиот јајник и затоа ме боли но за бременост ке видиме после каснење на менструација. Ми закасна менструацијата два дена а пиев и апчиња за инфекција кои ми ги даде гинекологот па добив менстртуација. Еве сега овој месец ми касни менструацијата 8 дена но направив три тестови негативни. Дали има некој вавко искуство?
немам почоцистични јајници. најмногу мислам дека е генетски од мојата мајка и баба.. но незнам последниве месеци не ми каснеше колку овој пат. а немам сижпѕоми за добивање обично ми се поѕрчени градите. само пред некој ден имав болка во јајмниците долниот дел од стомакот. гинекологот ми рече ако e бременост ќе се види посче 14 дена од дпцнење и не ми направи преглед. а три теста испаднаа негативни. незнам дали да пдам кај друг гинеколог или да почекам
Здраво девојки, Ништо и од мене овој месец, а толку се надевав поради тоа што знаев кога ми е овулацијата, барем мислам дека тестот не ме излажа. Добив пред некој ден точно на 14 дена од позитивниот тест за овулација. Се разочарав ама тоа ми траеше првиот ден и после тоа веднаш почнав да мислам на следниот месец. Сакав да купам повторно тестови но од тие што се по 5 во пакување и не можев никаде да најдам.Бев во неколку аптеки но никаде нема. За колку време пристигнуваат доколку ги нарачам од ebay? Знам дека не треба толку да се замарам со тестовите, но немам скрос точна менструација и барем сакам да знам дека ќе го погодиме денот. Исто сакав да прашам дали доколку некој месец изостави овулацијата нема да покаже две црти на тестот за овулација? Сакам да се обидам барем уште два-три месеци без одење по лекари, па ќе видиме.
Ги чекам да ми пристигнат. Според маилот што го добив од eBay, наредна недела треба да стигнат. Па здравје, од нареден циклус ќе ги употребам и ќе ти пишам искуство. Треба да (не) добијам за 8-10 дена. И јас имам нередовен циклус. А би требало да ја покажат овулацијата, бидејќи реагираат на хормон кој се излачува кога има овулација. И, секако, доколу е ановулаторен месец, треба да покажат само една цртка, т.е. дека не настапила овулација.
Јас минатиот циклус користев Be safe тест, но тие се по две во пакување и не е скрос доволно за точно да го погодиш пикот. Се надевам дека нема да имаш потреба да ги искористиш и ќе се радуваш на две црти на тестот за бременост овој месец
Девојки,јас веќе не знам што да правам. 39 ден ми е денес (за потсетување нередовен ми е циклусот). Кога бев на фоликулометрија на 4 јануари др ми тврдеше дека за најдоцна 3 недели ќе добијам (поради дебелината на ендометриумот тогаш беше 6). Фоликул тогаш имав од 8 мм и ми рече да чекам да добијам за да почнам со трета доза со Кломифен. Не знам што да правам. Како што објаснив погоре минатата недела т.е. од 22 до 26 ден од циклус имав интензивно бел исцедок лигав кој потоа од 35 до 39 ден од циклус го имав поретко т.е. на два дена. Повремено чувствувам слаби болки во долниот дел на стомакот под папокот. И последните три дена слаба главоболка. Кога да правам тест,како да постапам што мислите? До кога да чекам да добијам?
Па јас мисла дека треба да се опуштиш малку мила оти само си ја стегаме душата а за тест мислам од последната домашна рачѕнсј 14 дена и тест дај Боже да не добијеш 9 месеци Јас денес на преглед водечки фоликул 16 мм на 10 ден и други помали па естрофем ми зголеми и сега домапно и понеделник пак на преглед
Здраво женски дали има искуство некоја со влошките на Тианде за миоми полип и за плодност ? Читам на нет позитивни искуства ама се поставени од Тианде па би сакала доколку некоја има искуство со нив да сподели фала
аиии... и јас ја гледам втората цртка бледа но ја има за некој ден повтори го тестот би требало тогаш да биде поизразита