Да, да и јас планирам исто така. И да има нешто, премногу е рано да покаже јасна црта. Само позитивни мисли и ќе биде сѐ во ред!!
Честитки!!! Има втора црта Како да има бледа!!! За некој ден повтори го или преку крв најсигурно ќе си знаеш и нема да се стресираш дали е или не е.
Мила тебе навистина ти делуваше Глукофаж а за што се зема и како се користи чирав доста искуства за него дека ги подобрува квалитетот на јајце клетката и не се претворат во цисти
Навистина осетив подобрување откако почнав да го земам. Пред тоа воопшто не ја осеќав овулацијата. Четврт месец како го пијам, и веќе два месеци осеќам кога ми е овулацијата. Циклусот ми трае од 30 до 33 дена, а пред тоа мака мачев со неговата должина. Некогаш и по 50, 60 дена ми траеше. Инаку Глукофажот ми го препиша ендокринолог заради можна индикација за полицистични јајници. Порано имав ПЦО, и затоа сега ми ги препиша. Иако никогаш не сум имала проблем со шеќерот или инсулинот.
Јас на почетокот пиев од 750 мг. еднаш дневно. А потоа докторката ми ја зголеми дозата 2x дневно по 500 мг. Најубаво да си закажеш на ендокринолог. Не би ти препорачала на своја рака, а и не верувам дека без рецепт ќе ти дадат во аптека. Можеш и во државна, а можеш и приватно. Јас одам кај Бранкица Крстевска во Поликлиника Срце. Таа докторка ме води и за пролактинот (дека ми беше висок), и тсх (дека ми варираше), и ми даде Глукофаж, според некои нејзини пресметки, а и поради потенцијална можност за ПЦО.
20мм на 13ти ден е тооооп, мене на 12ти ден ми беа минијатура а на 17ти ден 20мм и тоа со кломифен. Има време сами да пукнат, затоа не ти ставила Прегнил. За ендометриумот ананас и смокви, викаат помагале.
@Lara 27 kolku ti e endometriumot? Za podobruvanje na endometrium ananas, cveklo, brazilski orevi po dva dnevno good luck
Незнaм кoлку ми е не ми кaжa сaмo ми рече дa прoдoлжaм oвие денoви дури дa прсни јaјце клеткaтa дa пијaм дa се здебели тaкa
Trk u peodavnuca brazilski irevcinja kupi si, po dve dnevno kako uzina gricni si gi, i cveklo salata po miznist i ananas
Бебенце ти како мене,јас на 42 ден тест негативен,а циклус нема. Јас претпоставувам дека имам доцна (многу доцна) овулација. Да не ти е и тебе нередовен циклусот? Да не си имала и ти доцна овулавија? И јас имам болка во половина,што знае да ми е симптом за добивање,правев вчера негативен. Но за две недели ќе правам пак,бидејќи исцедокот ми заврши некаде минатата недела во четвртокот на 25 а почна некаде на 17 јануари. Ваљда погодивме овулација Почекај до четврток иако јас би направила тест уште еднаш. Нетрпеливоста знае да биде напорна работа некогаш. Синдерела се гледа бледо,бледо. Правец бета Среќно,стискам палци Драга Лара,супер фоликулчиња. Сакајте се,уживај и фрлајте се на работа. Бледо,бледо но наѕирнува. Повторувај и среќно.
Ништо од мојата бледа втора линија Денес го повторив и немаше никаква втора линија. Пола саат го набљудував, на дневна светлина, под блиц од мобилен, и немаше ништо. Продолжуваме понатаму со испитувања. Ќе одиме на имнологија. Се мислам дали и за каротип да закажам, или повеќе ги упатуваат случаите со спонтан на каротип? Прашувам, бидејќи сите испитувања ги правиме самоиницијативно. Ние досега немаме остварено бременост.
За кариотип обично упатуваат после неколку неуспешни инвитра, но со оглед на тоа што со месеци се чека за закажување и резултати, можете да си направите. И ХСГ направи ако немаш направено за проодност на канали. Со среќа!
Денеска ми е 9ти ден од добиено, бев на фолекуметрија ендометриум 8,5мм, десно фолекул 18мм, лево 13,5. Малку се разочарав бидејќи 5 дена примав фостимон инекции и никаков резултат нема секој месец и без хормони имам по два фолекули и денес очекував да видам повеќе... Некако и докторот ми направи така bad mood со неговата реакција, очекуваше повеќе фолекули да имаме. Ми кажа да проверам естрадиол и LH. Оффф сакам да се опуштам и бидам позитивна ама во моментов баш ми треба ваша поддршка... некое позитивно убаво искуство
Зошто така, мислам дека е доволен и еден фоликул, ти имаш два со одлична големина и добар ендометриум. Само опуштено и позитивно. Овие денови сакајте се повеќе.