па јас не очекувамништо од фолната знам дека е обичен витамин него шисто онака сакам да не примам ништо па ке видиме имам резерви го пијев со месеци а здравје бозе да биде и да не ми казе некој јас знам дека треба да го пијам дај бозе да биде па тогас а онака сто
Среќни празници на сите Прочитав се што сте напишале и честитам на сите што се труднички. ciribiribela жал ми е за тоа што ти се случило и знам дека веќе ти го кажале ова ама не се разочарувај. И не губи надеж. Не можеш да промениш ништо во минатото сега посветиси внимание на себе уживај во животот (особено во процесот на правење бебе). За сите што чекаат се надевам дека наскоро ќе добиете = на тест за бременост. И ЈАС ГО САКАМ ТОА со дечко ми решивме дека оваа година сакаме бебче па се надевам дека наскоро ќе се случи. Иначе сакав да ве прашам, бев на гиниколог во четвртокот и ми кажа дека имам циста која треба да пукне кога ќе ми дојде (што треба да се случи 5-7) и да одам на 10ти на преглед повторно. не е страшно знам ама сакам да знам дали можам да забременам овој месец или треба да чекам малку.
Не можам да ти кажам од искуство, зошто таков проблем немам, но другарка ми имаше таков проблем, ама гинекологот не и забрани, значи слободно си водеа љубов. Е сега за да забремениш зависи од вас. Работете на случајот.
И така јас се уште не сум направила тест, си викам да почекам уште малку да не излезе негативен. па да си викам оти рано е А инаку симптоми за бременост, па и немам некои, освен што ми се јаде се нешто, ама таква сум и обично пред да ми дојде само што сега се уште не ми иде, ама не сакам само да си замислувам дека сум бремена, оти еднаш вака ми има доцнето и на крај ништо. Ако сакате кажете ми од кога се јавуваат симптомите за бременост.
Ма тоа си е индивидуално, не знам точно, но мислам на почетокот може само вртоглавица и секако градите и брадавиците да се осетливи, значи тврди гради исто ко да треба да ти дојде, но брадавиците се поосетливи, а покасно мислам дека се јавуваат другите симптоми. А тебе колку ти касни?
Srekna novaa mn mn uspeh zdravje sreka ljubov i na se4ija glava da se is4eka po nekoe bebe ili bebinjaa
Нека е Среќна на сите, најпрво здравје, успех и среќа, да ни се оствари се' што посакуваме и се' што не сме оствариле во минатата година... оваа година да станеме мајки, поздрав. А да ве прашам сите што очекувате да останете бремени, дали сте оделе по некои баби што ти го тријат стомакот за да се намести матката, ако е изместена од некое паѓање?
Јас неодамна решив дека сакам бебенце и не сум била но исто така никогаш не би одела. Јас не верувам во такви работи воопшто. Ние сакаме бебенце и работиме на случајот но се друго е во Божји раце. Мое мислење е дека на тие баби воопшто не треба да им се верува. Вера во Бог е многу подобро.
sweet.woman среќна и на тебе, сакам да те прашам дали гиникологот ти рече дека имаш превртена матка, доколку ти рече зошто да не одиш мислам јас сепак знам многу жени кои отишле на тие баби. Сепак знам и една баба која трие за да останеш бремена но сепак јас иако долго чекам да имам бебе не сум го направила тоа sunnygirl сепак мислам дека најдобро е да почекаш да ти пукне цистата за да не имаш проблеми подоцна во бременоста
Sunnygirl, изгледа си помешала нешто, ама ciribiribela е веќе трудна Со среќа на сите што сакаат да бидат идни мамички
sweet.woman среќна и на тебе, сакам да те прашам дали гиникологот ти рече дека имаш превртена матка, доколку ти рече зошто да не одиш мислам јас сепак знам многу жени кои отишле на тие баби. Сепак знам и една баба која трие за да останеш бремена но сепак јас иако долго чекам да имам бебе не сум го направила тоа[/quo Можеш ли да ми кажеш нешто повеќе за таа баба што ја познаваш , каде можам да ја најдам ? Поздрав
ок фала што ме поправи ама мислем дека некаде прочитав дека нешто се случило. У право си проверив сега пак и видов дека сум го погрешило името Сепак навистина ми е мило што сум згрешила. Zaljubena111 и ти си во право решив да одам на гинеколог кога ќе пукне цистата. Фала за советот. А за ова со бабиве јас не верувам ич затоа што мајка ми била и и дала пари (500ден.)и бабата и рекала дека се малку и дека "лекот" нема целосно да се фати. Имам слушнато за други вакви приказни затоа мислам дека е подобро да си ги дадам парите за добар лекар
ми дојде и овој месец ништо хмммм ајде со нови сили ке работиме на случајот а бевме на лекар кај мене хормоните се ок не ми созреваа доволно фоликулите пиев кломифен и беше сега се ок и кај мажот ми е се ок на спермограмот значи навистина вајда е до психата да не се замарам ама тоа е малце тешко нели? инаку им честитам на новите идни мамички нека си уживаат во секој миг од бременоста и нека си родат прекрасни бебчиња и уште нешто да ве прашам јас имам нонстоп бело прање немам бактерија проверив а дали знаете дали пречи тоа во забременување и нешто против белово прање да ми кажете искрено секогаш заборавам да го прашам докторот па сега ми текан да не знаете вие тука
Поминуваш низ истиот процес низ кој поминав..знам како ти е ...одвратно...исто како и тебе и мене не ми го гледаа, а 6 недела бев...проверив 3 пати бетахцг, и ми беше најнормална, а тоа само значи кај и да е дека е витално, стигнав до скопје и таму ми рекоа како неможеа да ти го видат,ми бесе во лев јајцевод, но истовремено ми гледаше и мене нешто во матка, страшно, не би сакала на никого да му се случи тоа..јас искрено почнав и да чувствувам тегоби од лева страна, не бев баш така способна за некои работи..оди кај др доктор...ако можеш кај др адела во државна...ти држам среќа....
Белото прање е нормална појава, и не пречи во забременувањето. Тоа е израз на нормалното чистење и влажнење на вагината, па нема потреба да бараш начин да го искорениш. Чекај да видиш дури во бременоста колку ќе ти биде поизразено, ама тоа е нормално. Дај Боже да забремениш што поскоро
На мене бебушот ми го видоа во 7 недела и 3 дена,до тогаш ни јас не знаев што да мислам,три пати одев на лекар и ништо не можеа да видат,правев дома три теста за бременост и сите покажуваа позитивен,само позитивни мисли и со Господ напред па се ке биде добро многу поздрав
женички како сте а да ве прашам кога ви се плодни денови секавате ли нешто и дали си го забележувате тој лигав прозирен исцедок оти јас ништо не забележувам :0
имаш календар на плодни денови овде на сајтот но мене тоа не ми помага незнам веќе што да направам хормони во ред овулација фоликули ете не бива
абе го имам тоа израчунато ама прашувам за дали чуствувате нешто оти читам на интернет дека требало да забележиш некој лигав растеглив исцедок а јас никогаш немам такво нешто забележано
јас го имам слишнато истото ама мислам дека тоа е течност што тече како бело прање нормално а плодните денови се гледаат според тоа колку е растеглив и во најплодните денови треба да биде легав и растеглив повеќе информации за тоа имаш овде ама на англиски е се надевам дека ќе ти користи http://www.fertilityfriend.com/HelpCenter/FFBook/ff_fertility_signs.html