Не. Јас бев два циклуса на Кломифен и пробувавме. Втората доза имаше подобрување во големината на фоликулите,но незначително за да успееме. Сега пак ми доцни и и дадов рок од уште точно седум дена. Ќе правам тест. Ако е негативен,пак на др да провоцираме циклус. Потоа следува трета доза Кломифен. Ако и таа ми е неуспешна со матичната завршувам и одам на специјалист
Дај боже да не добиеш да си ги видиш двете цртки.. Јас добро го поднесувам Кломифенот имам фоликули од кои и водечки од по 19мм бар така беше до сега па месецов ке видиме. Мед. Сестра на Петановски ми рече нема жена која не останала бремена а која имала полицистични..
И мене матичната истото ми го вели. Вика какви гроздови има ти си супер. Но ете бременост нема уште. Веројатно оној горе уште не кажал
Ајде ке даде Господ и на нас медицината ни е напредна ке правиме што ке правиме ке си имаме бебенциња
Дали сте запознаени со ова? http://plodnost.com.mk/portal/dna-fragmentacija/ Сабајлето го слушав доктор Таше говореше за дна фрегментација каде иако спермограмот е добар може да има сепак проблем со оплодување.
Здраво на сите скоро 1 год се ободуваме за бебуш ... циклус 28, 29 дена (2,3 пати 27 ден и еднаш 30) ... последна менструација 04.01.18.. Имам тапа болка во долнипт дел на стомакот и тврди и болни гради и се молам вештерката да не дојде наредниве 9 месеци...За тест немам храброст сеуште ми е страв од разочаеување... Ваше мислење?
Ќе можеш ли да ми кажеш како се испитува и каков беше вашиот резултат? Пријателка моја ете неколку години се обидуваат а се им е во ред па да и предложам и објаснам за ова.Ти благодарам мила
Тоа е испитување на спермата, мажот остава примерок и во истиот ден има и резултати. Границата на ДНА е 8% а нашиот беше 15% тоа значи супер. Кошта 4500ден
Ти благодарам многу ајде сите што побрзо || бев кај гинекологот но сеуште е рано да се види така ми рече чекам до петок за повторно ехо поззче до сите inlove:
Оддамна немам пишано во темава,а толку ми е драга Јас имам полицистични јајници, имам синче .. Кај мене беше тоа проблем што неможам да останам брзо бремена. Т.е овулацијата не знаев кога ми е . а редовно си добивав на максимум 33 дена .Бев на гинеко,следевме фоликули и така останав бремена. Предходно пиев Метформин ... Немора да значи дека тоа е проблем и кај тебе но мора да се провери какви се цистите . Им многу врсти ... тек сега после порагај имам проблем со добивање...
А јас пак мислев сама сум периодов. Имај лесна и школска бременост. Ние сме 5 денови понапред, ама касна овулација најверојатно па тука сме. Јас прв преглед сум во понеделник а до тогаш галиме меше