Зависи колку си нестрплива. Јас би почекала уште некој ден со оглед на просечните добивања кои си ги навела
Имав закажано на 12 но ми преместија на 19. Многу се чека кај др за термин,а секогаш има гужва и не сакам да отидам ненајавена. А и циклусот во просек ми трае 40 - 50 дена. Можеби грешам,но би избрала да почекам природно отколку да вештачки провоцирам со хормони
Заедно живееме точно една година, а во брак сме околу 7 месеци, меѓутоа за бебе се обидуваме 4 месеци. Знам не е многу, но сепак ми е страв. Одам во Плодност и таму ми викаат дека до 1 година не треба да превземам ниш, ама јас не можам само така да седам и да си чекам да ми врви времето. Ако превземам неш и ако испадни во ред барем ќе си сум мирна, а ако не ќе почнам да се лечам. На мм кога му спомнав за спермограм очи ќе ми извадеше, а знам дека тоа е најлесниот дел од испитувањето у и најдобро е да се започне од него, за да се избегнат безпотребни мачења на жената. Засега него ќе го поштедам, но ако не биде ниш и во наредниве месеци салак не сакал со сила. За бебе се се мора, не баре мене ми е убаво да се чепатам.
Девојки, Ние скоро неполни 2 години се обидуваме за бебе и без резултат. Имав прво проблем со септум, но го решив, па покачен пролактин, и него го стабилизирав, не еве сеуште без резултат (туби проодни, спермограм добар и останати хормони добри). Вчера бев на гинеколог и докторот ми вели мора да го решаваме проблемот на повисоко ниво, односно да почнеме со кломифен и фоликулометрија и инсеминација. Сега сакав да ве прашам, пред да почнам, кои се вашите искуства со ова, дали имате некои совети и резултати, и дали треба инсеминација да се прави секој месец доколку нема резултат. Најмногу се плашам од тоа што ќе очекувам резултат а може и да не успее па тогаш разочарувањето е поголемо. Однапред благодарам
Еве еден совет од мене, нешто што функционира кај мене две години. Ќе си прифатиш дека правење бебе си е процес кој не мора да даде веднаш резултати и дека можеби ќе треба да се почека некое време. Ќе имаш на ум дека има успешни инсеминации и ќе веруваш во успешноста, но ќе си ветиш дека нема да дозволиш да паднеш ако се случи да се одложи успехот. И дека ќе се бориш со глава горе се' додека не успеете. Патот за некои е потежок, но мора да се изоди. Попрво одбирам да го изодам патот позитивна отколку разочарана. Ќе си наоѓаш занимации за да си го мамиш умот и ќе веруваш дека следниот месец ќе биде вистинскиот. Ако не биде тој, ќе биде наредниот. Мора да си силна бидејќи не е лесно. Со среќа и ти посакувам побрзо исполнување на желбата!
Ти благодарам многу, ми значи навистина, за се си во право и така мора да живееме, позитивно и да се трудиме да ги оствариме нашите сништа.
Женски прашање за моја роднина утре и трет ден од менструација треба формони да провери утре на гак работат ли
Јас пак. Значи денес ми се 2недели како ми касни од 26.01(требаше,дека добивам на32-33-35дена,а последен циклус 23.12.17). Правев минатата недела од поефтините тест за бременост и ми останаа неколку недотрошени и сега направив 2. Требаше од крв да проверам ама во гужва и мое одложување ај од следна недела. Сега за сега е ова.
Јагода фала. А како тие се користат и за што се? Го пратив одма мм да ми купи Ефтини неефтини убаво се гледаат II. Честитки
Добра сум супер е се,се откри проблемот и сум подмирена со терапија. Следно што е очекуваме убава вест па со господ напред
Дали е некое убаво пречуство или нешто друго незнам но со мм сме превозбудеми како да сум трудна пред време Ние ова несме го направиле он збори за второ