Лавици најаки борци и јунаци и јас само да ве поздравам, на сите со позитивен тест ви честитам и ви посакувам лесна школска бременост а на тие што сте во исчекување на двете црти ви посакувам што поскоро да ги видите двете најубави и најпосакувани || црти.
Девојки добро утро. На 57 ден од циклус вештерката ми дојде. Среќа во несреќа е што нема да пијам хормони за да ми дојде. Ова ми е последниот циклус на Кломифенска. Трет по ред. Досега немаше резултати. Фоликули незначителни создавав. Сега се надевам на успех
Добро утро и од мене девојки. Да ве поздравам и јас. Кај мене не е уште нормално пробиено, гинекологот рече дена нема ништо се е во ред да почекаме да дојде нормално за да не пијам хормони. Почнав да пијам чај од ајдучка трева па ќе видиме. На сите што чекате вештерки нема да добиете да ги видиме кај сите најубавите црти и да се радуваме сите заедно.
Девојки, јас уште немам добиено, денес ми е 36 ден од циклус и ми доцни околу 8 дена. Од симптоми почнав да мочам на секои 5 минути, градите мн. ме болат и почнаа да ми се познаваат вените. Денес купив пак тест, утре ќе го направам со прва утринска. Уф како ми е страв.
Немам некоја надеж, тој тестот од пред една недела што ми излезе негативен ми го мати умот. Инаку ќе бев сигурна дека има нешто.
И од мене една гушка за сите Циклус при крај,а овој месец ке ми пропадне,не чека спермограм а апстиненција баш во плодни.Пу Дајте тука некој позитивен тест,да пркне темава
Ајде ајде, само позитивно... немаш што да изгубиш, само можеш да добиеш. Не се разочарувај во никој случај. Не се измачувај до утре, направи си во било кое време денес, на 8 дена доцнење ќе покаже. Среќно!
Дa ве пoздрaвaм И кај мене ништо овој месец направив тест негативен Не земам ни кломифен ни естрофем само што се направив како балон Овој месец без ништо само нека дојди вештерката да ми олесни и градите и стомак Ве гушкам сите и да си добиете ll цртички
Ништо, добив. Вештерката решила овој месец да си поигра со мене и да ми даде лажна надеж. Вака разочарувањето е уште поголемо. А и сега ме мачи зошто толку долго ми доцнеше. Да ми заврши и одам на преглед.
И јас имам редовен мензис на секои 28 дена. Месецов зимам Кломифен, ке следиме фоликули и ке правиме инсеминација. Јас се секирам но ми велат нема жена со полицистични јајници која не останала бремена. Вие природно си останавте бремена или ?
Ви благодарам девојки драги јас цела се тресам и сум многу среќна и возбудена и се надевам дека овој пат ќе ме прати среќа доста ми е од разочарување... На сите вас ви ја посакувам истата оваа среќа и @Baby^ само позитивно и опуштено ти посакувам успешна инсеминација Ете сега правев тест негативен,значи преку крв е најточно