Честит празник лавици. Јас уште еден тест правев пред некој ден бидејќи требаше да одам на рентген да снимам заби и негативен беше. Имав интервенција на заби,анестезија,терапија,болки,тон испиени апчиња за болка и едвај чекав да добијам после 2 негативни тестови.Од вчера почна,да,ме боли стомак,кичма,вчера и денес розево на бришење. Аман веќе нека пробие и да почнеме со нови обиди се надевам успешно овој месец. За сега толку од мене за тие што добија одиме глава горе наредниов месец е наш,тие што чекаат им посакувам да не добијат добри 9 месеци.
Девојки одамна не сум пишала на темава, но ве читам редовно и посакувам на сите позитивен исход од цело ова патешествие. После вториот спонтан, излезе дека и јас сум со мутиран ген - мтхфр хетерозиготен. Имам терапија, уште не сум почнала, чекам уште некои дополнителни резултати од крвта. Со обиди за бебе ќе почекам уште некој месец па ќе видиме што ќе донесе пролетта. Среќно на сите
Ајде со среќа! Ќе си биде и бебенце, сега се открил проблемот и со терапија ќе биде добро. Следниот пат до крај!
Мене докторот ми рече штом видам дека сум добила макар и капка да е да си рачунам за добиено исто така и ако е навечер да си го рачунам од тој ден :/ најубаво да се јавиш доктор да ти објасни...
И јас на клиника го добив овој одговор бев за мерење на фоликули и кога ме праша за последна менс.зошто и јас добив вечерта во 19 часот и баш прашав и ми рекоа дека се рачунал како прв,но вие си знаете.
Мене доктор ми има кажано ако добијам после 17 часот наредниот ден да го рачунам за прв во случај кога треба хормони да испитувам. Во секој случај хормони ми имаат кажано дека може од трети до петти ден, така да нема што да изгубиш ако отидеш во вторник.
Јас не живеам во Мк,а тука испитуваат хормони на втор ден,па се до 4/5ти.И јас на втор испитував. А за прв ден од циклус се смета кога протекува салам црвено,бидејќи има случаи кога “пробива”и по повеќе од 24 часа. По мое не е грешка и утре да отидеш
Добар ден и од мене, И јас си добив точно на 27 ден, повеќе среќа следен месец. Во овие два месеци колку што си го следам циклусот со тестовите за овулација сватив дека се точни и кога ќе добија две црти, кога ќе го даде пикот, во следните два дена ми е овулацијата а добивам после точно 14 дена. И ги погодуваме деновите но ете не сака. Почнав да размислувам да одам на гинеколог. Ќе одам овој месец. Треба да почниме да елиминираме едно по едно. Затоа сакав да прашам колку е испитување на хормони и спермограм во авицена?
@paleska3 за хормони не знам, спермограм 900 ден, спермокултура 1200 ден, ова од пред неколку месеци, не би требало да има промена во цената.
Мислам дека 800-900 денари е од хормон во Авицена, толку платив Естрадиол кога проверував. На страната има ценовник, за посигурно види таму или јави им се, љубезни се и ќе ти кажат најточно. Јас на приватно сите не сум ги испитувала, а преку фонд сум плаќала околу 350-400 за сите (во Авицена не може да се испитаат преку фонд, само на приватно). А за спермограм+спермокултура сме плаќале 2100.
Девојчиња, едно прашање.. Вие кои што сте користеле од маката во прав дали ви кажаа дека кремастата е само за жени, а црната е за мажи?! Ние двајцата пиеме со какао, но, првото пакетче кога го купив не ми кажаа дека има разлика. Па сега ме фати некое шубе бидејќи 15 тина дена заедно пиеме од кремастата..
И ние сме пиеле двајцата од кремастата, а во тој период посетував нутриционист и не ми рече друга за мажот да земам. Лошо не се одрази на ништо кај мм, спермограмот си беше добар. Едит. Кој ти кажа дека кремастата не е за мажи?
Ние со мм ја пиевме на супер диет ,маката. И вистина бевме многу задоволни . Во тој период.и спермограмот го правеше , беше одличен . А правот ми рекоа дека е поспецифичен за консумирање .
Ви благодарам девојки, чисто да си имам претстава, затоа што сигурно овие две испитувања ќе треба први да ги направиме.
За да не плаќаш 3000-4000 за хормони на приватно, земи си упат од матичен и провери си ги преку фонд.