Лара душо ни треба трпение во лоши моменти, временски сме на истата борба 2 години без успех,исто се чуствувам кога и на реклама ке видам бебе а не па нешто друго. Мора да се бориме и да не губиме надеж, главата горе и насмевка на лице, а не солзи
Вака ако имаш полицистични јајници да си нарачаш од србоја , грчка или бугарија ИНОФОЛИК прашок или апчиња како ке ги најдеш така кај нас ги нема за 3 месеци се средува циклусот.. пиши на гоогле ИНОФОЛИК и прочитај за нив додаток на исхрана е фолна киселина и неш друго содржат витамини се не е ништо страшно ..
Имав прилика сега скоро да го запознаам овој доктор. Само пофални зборови. Чудо од човек! Толку позитивен,внимателен, полн самодоверба... Штета што не работи на ивф.
Имам правено хистероскопија со полипектомија и ресекција на септум во ремедика кај др.Димитров. Операцијата помина успешно,но опоравувањето потешко (крварев еден месец). Дали има некоја членка од искуство да ми каже колку време е потребно да се внимава и после колку време забременила. Благодарам
Девојки, добив и овој месец, единствено добро е што денес ми 31ви ден. Кога веќе доваѓа барем нека е на време. Е сега оваа недела повторив брисеви, нели ја имав ешерихија коли, покажа дека ја нема веќе. Е сега ја имав вагинално и доторот ми зема само еден брис и оставив мокрача за уринокултура. Зборот ми е нели е можно да се префрлила бактеријата, на др му реков, ама он си беше со тој став дека нема потреба сите 4 повторно да ги повторуваме. Сакам на овој циклус да проверам проодност, па затоа ми се мисла бактерииве. Да почекам или да направам сега?
@Beatris мислам дека нема врска бактеријата со проодност на канали,ако ти е испланирано направи си сега. Нека ме исправат ако грешам...
Неколу дена пред хсг докторката ми рече да пијам цитерал и покрај тоа што немав бактерии, и истиот го довршив и после тестот за проодност, за да не дојде до инфекција. задолжително треба и ниска седиментација.
Обавезно мора да е чисто пред проодност. Недај боже бактериите може да се пренесат внатре во матката па да се направи компликација. Затоа бараат седиментација ивсе дава антибиотик пред или после интервенција. @Beatris ако си немала друга бактерија не би требало да е проблем. Во секој случај обавезно испитај седиментација
Витамин Е обавезно!! И може било кои мултивитамини.. Мојот моментално пие од А до З, омега 3 масни киселини, мака во прав му правам. И Конденсил ги пие (по препорака од лекар).
Девојки денеска сум многу депресивна. Се доближува датум на мојата прва загуба, ден после мојот роденден. Се поблиску е нашата втора годишнина, знам дека е малку во споредба со други, но мене без бебе и овие ми се вечност. Тешко ми е на градиве, се скрав со мм, цело попладне си плачам. Веќе некое време сум во блага депресија и покрај тоа што се трудам да издржам, еве не можам. Мора да најдам решение за оваа моја ситуација.
Миличка знам како ти е и кај мебе исто долги 2 години овој февруар нека помини исплачи се нека ти олесни ќе ни даб Господ на сите ќе бидиме мајки те гушкам
Ах. Не се карај со маж ти и него повеќе му отежнуваш така. Радувај се на убавините на вашиот заеднички живот и сите можности кои ги имаш. Па и исплачи се,убаво исплачи се ќе помине. Лошо е чувството,ама колку позитивни мисли и колку поддршка има на темава,прочитај,опушти се,ќе помине. Секоја во свое време ќе биде тоа за што мечтае.
Beatris не очајувај...и кавгата е краткотрајна, ќе се смирите. Знам дека не можеш, а да не запамтиш вакви датуми. Сепак само си го оптпваруваме мозокот и душата со вакви споредби, годишници од немили настани и сл. Тоа не треба да се памти. Јас сама себе си забранувам да мислам на такви работи. И добро ми оди. Уживај во времето со маж ти...додека сте сами..после дечиња ќе ви се „качуваат“ на глава. Ајде развведри се, напиј се чај,какао, топло чоколадо, излези на снегот....
Здраво девојки, јас денес правев инсеминација на ГАК, во Петокот имав фоликул од 19мм и ендометриум од 9 мм и докторката рече дека треба уште да порасне и денес веќе пукнал па се надевам дека му требало барем над 20мм да биде и сме го фатиле И така па што биде, биде Господ е голем ќе не израдува сите За две недели ќе ве известам за резултатот
Здраво женски ајде и тука да прашам дали некоја примала инекции после кломифенот? Тие инекции ги давале за инвитро ама мојов доктор ни предложи да ја примам пред инсеминација за поголеми шанси после нив прегнил две инекции па инсеминација имам 3 фоликули од кломифенот два се 13 и еден 16 ваљда добро кажав )) не ми се смејте ако утнав нешто