Со среќа @monik55, за брзо да се радуваш на две црти, па за девет месеци со живо и здраво бебче. Најдобро би било уште денес да почниш со тестовите доколку ти е точна менструацијата на 28 дена. Ти посакувам среќа да успееш уште овој месец.
Женски иако можеби ова не е дирекно поврзано со темава сепак до негде е. Денес правев крвна слика со цел да ги докомплетирам најосновните тестови пред бременост ( гин.преглед, ехо пап и сл.) И ми озлего холестеролот малку покачен 6.24 и глукозата 5.75 малку над горна граница. А сум мн слаба и внимавам на исхрана особено овие месеци од како се обидуваме. Може ли да ми е од стрес? Постојано си плачам и се нервиран дека не можам да забременам. А сега и со ова сњ нервирам, ако сега ми се вакви резултатите што ќе биде во бременост
Холестролот мила може и да ти е од стрес а шеќерот да не си јадела касно навечер па затоа да не ти е покачен во принцип каква ти е крвната слика.
@monik55 , во тој случај дефинитивно од денес. Мене обично ми трае 25-28 дена и јас почнав да ги правам од 10 ден и уште првиот ден имав позитивен, што значи еден од следните два дена ми биле плодни. И точно така и добив тој месец на 26 ден.
Па бајаги време немав проверено, ама секогаш ми биле дури и на долна граница оти сум речиси вегетеријанец. Јадев ориз кај 8-9 вечерта, па за шеќерот се сомневм од тоа и плус 2-3 пралини. Само тплку оти др ден крв ќе проверувам-сама си се опоменав.
Да не ти глумам сега мајка обично кога јас правам крвна слика а сакам да излезе реална после 19 часот не конзумирам ништо освен вода ако ми се пие.А како вегетеријанец се чудам на холестеролот ај ќе речеш оризот е јаглехидрат и тој може да даде промена на шеќерот.Можеш да ја повториш
Да знам ама бев кај свекрвица на гости и кај нив ручек вечера е тогаш, а јас пресна снаа срам ми беше порано да земам да јадам, па и плус на маса блаки, а јас стрвна. А холестеролот веројатно од стрес, имав коментирано во други теми имав смртен случај на мн блиска особа пред неколку години, ама не ја пребродев само ја потиснав и сега ова се зачнувањето дополнително ме мачи и си го зема сето тоа данокот.
Мила јас пред неколку години мака мачев со крвната слика и холестеролот ама многу секојдневно млечни производи јадев.Пробај да одбегнуваш млеко млечни производи таман ти е и пост најдобро да се прочистиш и секако рафиниран шеќер и слатки. Јас зависна од сирење бев штом го тргнав пд исхрана за три недели правев крвна слика и хормонски статус немав ниту покачен холестерол ниту пак покачен естроген. Со среќа
Фрлајте се на работа Мониче треба да настане овулација за 24 часа бар мое мислење и од се срце сакам да ми се придружиш во труднички
@monik55 Од e-bay ги нарача ли Фрлајте се на работа, јас на два дена работам, пишувам домашно после циклусот редовно. На 21 ден сум,па ќе видиме. И додека не добијам има да работам