Поцрвена ми гледа и менее ајдее на работа фрлете де и чекаме уште еден тест ама да биди вистински тест. Држам среќа
и мене ми изгледа позитивен, но тоа значи дека следните два дена ќе биде овулацијата. Сепак бидете си активни овие денови. Но направи и утре уште еден тест, да видиш дали ќе биде појака или ќе почне да бледнее. Јас секој момент очекувам да добијам, Цело време одам до вц да видам дали има нешто.Иако чувствувам веќе и предменструални болки, сепак постои барем малку надеж во мене дека нема да дојде. Или тоа е само од што многу посакувам така да е
@podravka @fana @curlyhair @Beatris @paleska3 @fina erika @ Milaaa991 @dunika @0ли @irenna драга поддршко денес во гужви наваму-натаму па сега да ви пишам. Мм оди на службен пат од утре до недела и да не пропуштаме купи карта и за мене па денес експресно пакување кога ќе му ја залегнеме подоцна подготвени за домашна. Инаку @paleska3 се мислев дали таму да земам тест траки и садче за мокрача да следам и се мислев премислував ама еве некако и ти ми пиша да следам ќе те послушам. Иако најмногу се надевам од тоа пропеларите ко ќе ме здрма да ме растресе така убаво,нек излезе тоа јаце клетката да води љубов со најбрзиот сперматозоид. Да се радуваме сите за 14-15дни или ене и 3недели само за убаво да е А и порано ако може да се порадуваме на некоја побрза јајце клетка деновиве,нека не се срамат тоа да излезат и келтките и цртките 2I I
Да ве поздравам Ве читам редовно тука сум Кај мене 27 ден само што дојде вештерката никако да замини на одмор ама ме разочара Си велам да направам еден месец пауза да ја одморам да ги наполнам батеривчињата Ајде сите што ја очекувате вештерката да не дојди за замини на долг одмор од Ве гушкам сите
Јас сум 31 ден од циклус уште ја нема. Само трчем се проверувам и на секоја најмала болка. Ама некако и болките сега ми се поретки, само градите ме болат. Ама ме чуди зш овој месец не ми потекоа, ме болат мн ама ми се папушки, а ме болат 15 дена вејќе. И не сум воопшто нервозна и депресивна како пред ПМС, и мн сум поспана пред 10 сум заспана. А до пред една недела со форвита анти стрес успевав само да запијам и пак 2 ме фајќаше. И имам некое чудно чувство во матката како нешто да ми трепери, како мускулче некое. Језиво чувство. Немам мн надеж некако сите овие неуспешни месеци ме направија скептик и затоа не правам тест. Тоа што е тука е. Само се надевам дека наскоро ќе добијам, па ги чекам тестовите за овулација и да пробам и со нив. Позз и ве гушкам сите
Не биди во неизвесност направи си тест и биди начисто. Од срце ти посакувам тестовите за овулација да не ги употребиш
За чудо за разлика од сите претходни месеци овој сум некако најмалку радознала и нетрпелива. Изминативе месеци само еден ден да ми задоцнеше трчав правев тест, а сега некако од самата помисла да правам ме фајќа нервоза и иако имам дома неупотребен само го одложувам. Ќе му дадам време да дојде, ако не со Господ напред се ќе биде.
@CaraMia среќен пат,и ви посакувам едно “службено” бебче . Опушти се и уживај во местото каде ке одиш @Milaaa991 навивам за бременост и кај тебе,дај скрши го малерот,не сме виделе долго || во темава
Ќе каже @CaraMia кај го направиле бебето, да летнеме и ние натаму Јас со тестовите за овулација намав среќа, освен ако не овулирам два пати месечно прво имаше црвена линија, па два дена немаше линија, па третиот ден пак имаше црвена линија. Полесно ми е да отидам на ехо, и посигурно ми е. Инаку од денес и официјално ми касни, ама сум нервозна, прштам така што веројатно ќе добијам за ден-два, а ако по некое чудо не добијам во недела правам тест. Инаку јас секој месец се филмам дека сум трудна, еее што деца износев до сега, минатиот месец девојче беше, овој близнаци носам Со имиња, со родендени, со сите детали.
Ако фати на сите ќе ја рекламирам дестинацијата. Сепак во лето обично кога одат на одмор на друга локација од дома и на топло на многу им има фатено. Така да иде лето ако не дојде штркот оваа пролет
Море јас се надевам дека оваа година ќе бидам зафатена со галење мешко и дека нема да одам на одмор Би сакала минатото лето да ни е последно мене и на мм да одиме сами на одмор
Оли нема да одиме на одмор ќе видиш. Јас и мм пред време кажуваме дека оваа година нема одмор за нас.
И ние исто. Моник секоја чест за оптимизмот. Ајде штркче доаѓај. Инаку кај мене 32 ден од циклус, исцедок имам уште. Особено осетлива бев пред една недела на мирис. Сега чекам да не добијам. Ме плаши само болката во половината
Една блиска си правиме моабет и ми вика мони како издржуваш се како не запаѓаш после се во депресија ти си како ништо да не се случило. Јас да сум на твое место вика би се самоубила начисто тоа би го направила ти како се бориш со тоа. Јас и одговорив дека се додека јас не го фатам бебе во раце јас се борам и не запаѓам во никаква депресија па камоли на самоубиства да мислам. На мојава позитивност ми завидуваат многу и на работа има некој жени дури се ситат и оговараат. Ама јас Ајде добро утро