Ама муабет кажала таа блиската. Ќе се самоубила бе. Зошто?! Затоа што "касни" денот кога ќе стане мајка. Пффф. Е тоа нејзиното е депресија. Мониче кулирај си. Само што не е дошол и твојот среќен крај . Остана уште многу малку
Такво е девојчето хипохондрик само мисли на болести дека има само оди на снимања на скенови триста чуда.
Јас сум 27ми ден како @Lara 27 но уште ја нема, многу ми е чудно како тебе Мила градите не ми се ниту отечени ниту воопшто ме болат никогаш не ми биле вака пред добивање, ниту имам симптоми предменструални, само минимална нервоза
Кај мене денес 28 ден, но некако очекував да добијам до вчера затоа што овој циклус го следев на ехо и видовме кога пукна фоликулот, беше пред точно 15 дена. Исто така испитавме прогестерон што покажа дека имало овулација. Но сепак докторот ми препиша добростон да го зголемиме малку прогестеронот, дали е можно од него да доцни?
Девојки, денес мојата кума се породи на 43 год. Природно зачнато и не знаеше дека е бремена до 5 месец (голема килажа, а и женава не се замараше долго време со тоа да стане мајка). Сакам да кажам, никогаш да не се откажувајте и може звучи како клише, но вистина е тоа кога најмалку очекуваш тогаш ќе се случи најдоброто. И да, Господ има свој тајминг...само бидете позитивни и стрпливи.
Ајде стискам палци и за двете. Кај мене 32 ден уште ја нема вештерката. Јухууу ај уште некој ден и правам тест. Ако не денес ми стигнаа тие за овулација.
@milaaa Мила тебе обично на колку дена ти иде? Ајдее овие денови некако многу не има во исчекување, се надевам ке видиме некој позитивен тест. Јас ќе чекам до недела ако не дојде правам тест
Па најчесто од 26 најрано до 30 дена максимум. Ама минатиот месец нешто ми се забудале и добив на 35 дена. Макар што тогаш и симптомите за добивање ми закаснаа. Па, сега си велам да не избрзам со тест, пак како тогаш да не ми доцни, па и јас до недела ќе чекам. Ти на колку дена добиваш, кој ден си сега? ајде навивам за сите да си видеме II овој женски месец. @@Verba Те гушкам и ти пуштам среќа Ти пуштам среќа
И јас сум исто од 26 до 31 ден, во овие 6 месеци колку што се обидуваме секогаш ми доаѓаше пред 28-ми ден, не сум стигнала ни еден тест да направам. Да се надеваме на две цртки овие денови во пваа група. Да ја поплавиме поддршка
Жени, мене избришете ме од списокот наречен надеж, барем овој месец, добив. Да го испијам кафево и може да ми почне денот, до вечер сигурно ќе имам два-три епизоди на плачење, ама што е-тоа е. Нов месец- нова надеж.
Ирена месецов не ти е изгубена надеж. Тој ти е нова надеж,бидејки по само неколку дена пак ќе почнеш со работа. Немој да со дозволуваш за запаѓаш во негатива. Така нема да си помогнеш. Еве мене ме разбудија болки во половината ноќва. А тоа ми е мене симптом број 1 за добивање. И само трчам да видам да не пробило. Но не губам надеж. Си велам може се вгнездило па затоа ме боли...
Добро утро девојки , и јас сабајлево добив . Пост хистероскопска менстр. И од кога ќе ми заврши ,здравје , можи домашна да пишам? Цел месец "ништо не пишев" многу ми се насобра домашнава дал ќе прифтасам ! Ваљда нема да чекам уште.
Добро утро и од мене . Уште не сум добила,правев тест и пак негативен . Сега не знам што да правам и што да мислам. Одвреме навреме имам некои чудни болки . Поздрав жени лавици
Женски јас уште немам добиено 3 ден касни а тест негативен градите ми се издишаа не осеќам ништо ...стомак ме болеше 4 дена сега не ме боли ни стомакот
Мила се сложувам потполно со Верба нема губење надеж има само нова надеж и малку повеќе работа. Само напред нема да се откажиме и јас сакам позитивно да гледам на се