Да ама мене јас последно добив на 31ви ден. Секој месец е можно да сум правела грешка. Зошто јас после 20ти ден се откажувам, мислам помината е овулацијата. Ајде ќе видиме што ќе се случи овој месец.
Поддршко, ве читам и следам постојано и ве охрабрувам сите до една како што денес јас се чувствувам. Денес почнувам со терапија, и се надевам дека целосно сум покриена, после сите испитувања по гинеколози, специјалисти, интернисти, ендокринолози, имунолози и трансфузиолози. Ги испитавме сите работи и можни потенцијални ризици кои спречуваат настанување на бременост. Многу совети добив читајќи ве, и навистина ви благодарам за секој споделен совет. Ви стојам на располагање за било каква информација. Иако е тмурно и врнежливо, ја цитирам @monik55 , полна сум со надеж и возбудена како да сум трудна. Освен тоа што пијам терапија, месецов почнувам со траките за овулација. Иако позади нас се две години како се обидуваме, една неуспешна инсеминација, безрезервна поддршка од сопругот и родителите, уверена сум дека ќе успееме!! Сите до една!! Извинете на долгиот пост, но, си пишав сѐ што ми лежеше на душата..
Ти учи од дада мони и немај гајле Јас и ако добив на 23 ден од циклус а нени се надевав дека од прва ќе бидне бидејки таа среќа кај мене ја нема ама ај секогаш има чуда. Еве ме позитивна и гајле немам гајле. Јас имам овулација ваљда после циклус бргу.
Нарачај си од eBay. Има 50 теста. И да истрошиш 10, 15 во еден циклус, ќе знаеш точно кога ти е. И следниот пат (дај боже да нема таков!) ќе знаеш околу кој ден да си го правиш тестот.. Чим еднаш било, ќе биде брзо пак!!
Не еднаш два пати беше и сега ќе бидне само кога незнам. Ќе разгледам после за да нарачам морам многу се скапи во аптекиве.
Изгор се!! И тоа во пакувањето има 2 теста само.. За таквите како мене со нерегуларен циклус оди па погоди!! Јас нарачав од овие: https://m.ebay.com/itm/One-Step-50-...ome-Urine-Test-Kits-/361213659387?_mwBanner=1 и уредно ми стигнаа. За околу 2 недели..
На трансфузиологија излезе дека имам мутиран ген, и закажав на имнологија за да ги направам сите генетски испитувања. Додека ги чекав резултатите од имунологија и Кариотип некако не се осмелив повторно да направам дека знаев дека нема да се опуштам додека не видам резултати. Сѐ излезе дека е во ред, освен тоа дека обична фолна не преработувам. Со целосна терапија и нови сили, одиме понатаму!!
Тоа е тоа или, само што направив и не знам дали е позитивен или од јас што сакам така да гледам ми се гледа и 2.
Се гледа втора црта бледа ама мислам дека тоа е тоа. Ти честитам ако сакаш за посигурно повтори го сабајле или тест преку крв.
Утре закажав за на гинеколог, а сабајле ќе направам друг тест што кажува демек и 4 дена пред задоцнување. Ќе проверам и преку крв.
Јас така се зезнував месеци наназад. И убедена сум дека најголема грешка ми е што се откажував. Па не сме ние како часовници,тело е,не можеме да бидеме сите точни. Месецов имам друга тактика,на два дена,па ќе видиме. Да драга и ти си како мене на 35 ден ако не се лажам. Кога имаше овулација? Среќно и школски
@@Verba па нз точно зш испадна дека оволуирам покасно од кога ќе заприметам исцедок. Ама овој месец од 12 ден до 23 редовно пишевме домашно. Фала кај сите Господ да дава. Ајде јас да повлечам нога и да разбијам малер.