Се надевам дека и двете ќе имаме позитивни резултати, едвај чекам! Со среќа срцка и благодарам што ме прифативте
Честитки за нова трудница, сите до една годинава да не повлече иначе мене ми беше неуспешна инсеминацијата на ГАК, малце бев во лош период па ме немаше да ви пишам веднаш како и да е помина и со нови сили идеме напред
Добро утро лавици. Честитки за новото мешенце. Се надевам дека сите набрзо ќе ги видиме двете цртички. Ние работиме на случајот,пишуваме домашна.Кога биде-биде.Со сила убавина не бива. Кога пробувавме со првото да останам бремена пробувавме само во плодни не бидна,па,секој втор ден-не бидна,секој ден - не бидна. Останав бремена кога имавме најмалку односи-така да нема правила. Еве сега како што ми е пореметен циклусот и ми иде над 45 + дена си работиме на случајот до крај не се откажувам со мислата дека ми поминале плодните денови. Кога тогаш знам ќе ги видам 2 линии.
Ви благодарам на сите, ми бевте огромна подршка и на сите ви посакувам ова лето да бидете со големи мешиња од срце. Јас утрово направив пак тест од фарма витал, бидекќи маж ми немаше доверба на лентите, оти и на таа за овулација ми озлегоа 2 црти , па си миалеше дека се згрешени дека на сите излегува, па и тој си направи дури еден ( добро е тој не е труден). И, како што очекував излегоа жар две црвени црти, па денес со Господ напред ќе појдам на гинеколог да видиме тој што ќе каже. Веројатно уште е рано, но сепак срцево ми е лешник и не можам уште убаво да се израдувам додека не ме види доктор. Со мажево така дискретно си се радуваме и си чутиме. На сите вас ви посакувам поскоро високо бета, а на мене се да е во ред и побрзо да се читаме во труднички. И за крај, дигајте нозе на зид, мене после пола година тој ми излезе како најдобар совет кој сум го применила.
Cestitki.So lesno bremenosta.Ispitaj si beta hcg preku krv i sledi dupliranje.Vleci za nose na zenskive Ve citav za krevanje noze, ednas kako gi krenav potpreni na zid nemozev da gi spustam istegnav nesto na polovinata.10god se borevme,krevanje noze i pernici kaj nas ne pomogna.A nemavmr nikakov problem za da imame bebe.
Честитки со лесно до крај. Кревање нозе а? Ај ке видам и тоа али кај мене знам кога ме искача спермата тогаш сум трудна 100% Во пракса два пати ми се има докажано.
Кревање нозе да,поточно кревање цел карличен дел,кичмата у вис И нека те протресе маж ти,така со нозете нагоре,не се плаши Инаку братучедка ми тврди дека двата пати е останата бремена така што после “тресењево” у вис,лежела цела вечер на страната каде што е фоликулот. Јас не би можела(мочла сум) ама ете која може да издржи нека проба
Моничето ај ќе ја протресе маж и. Ситничка е,слабичка. Мене ако треба мм да ме протресе , ќе му отиде кичмата јабана
Честитки мила со лесно да си ја износиш бременоста сега уживај и гали мешко и те чекаме во труднички да ни се придружиш
Честитки Мила, баш ме израдува, со лесно да си ја истераш бременоста, да ти биде како песна. Чекај не нас другите во труднички да се дружиме и таму . Јас од кога направив тест и ми излезе негативен, утредента си добив. Затоа што хормоните ми се во ред, се докажа дека има фоликули, има овилација, сопругот има добар спермограм, остана овој циклус да правам ХСГ и со тоа да елиминираме дел од испитувањата. Малку сум уплашена за процедурата, но мора да се издржи. Ве молам споделете некое искуство со оваа постапка. Дали после нејзино извршување треба да се одмара тој ден?
ХСГ ништо тешко,си носиш влошка и си ја ставаш.Јас одма продолжив на работа,сабајлето прва ме видоа на ГАК и тоа д-рВладимир ми правеше од Њу Борн сега,одличен д-р,ме опушти. Процедурата е малку непријатна кога го вбризгуваат внатре средството,траеше 10-15мин.Ти даваат вата дека крвариш а потоа и влошка ќе си ставиш,како циклус е крварењето и исто грчеви како од циклус се има одма и дента. После ќе пиеш антибиотик. И поради раздвижување на јајцеводите со оваа процедура често по неа природно забременуваат,па со среќа
Болка имав во моментот кога го пуштаат контрастот, и тоа како многу игли да те боцкаат во исто време, но, целото испитување трае вкупно 2 минути, од кои 90 секунди ја монтираат целата опрема таму доле, а 30 пуштање на контрастот.. Барем кај мене толку траеше бидејќи немав никакво запушување на канали. Мој совет е до тебе да си носиш: чиста долна облека, влошки за циклус и влажни марамчиња за после испитувањето. Не е ништо страшно, само треба да си максимално опуштена. И истиот ден може да функционираш најнормално, но, јас си се штедев... После процедурата одмарав дома.. Утредента си бев на работа најнормално.. Сподели искуство како си поминала, и дај боже сѐ да е во ред.