Честитки,со лесно да си ја износиш бременоста Мислам дека е нормална појава исцедокот,матката дополнително лачи за да се заштити плодот Ако е без мирис и пропратен со чешање можно е и кандида да е активирана,ама и таа се средува со вагиналети.Избегнувај благо и јаглехидрати,чисто превентивно. Уживај сега и гали меше
Девојчиња, од технички причини неможев никако да пишам на форумот, само ве читав. На сите што видовте две цртки ви посакувам лесна бременост. @fina erika главата горе!!!
Јас со првата бременост поима немав дека сум бремена... Со пиење антибиотик, па кандида фатив, па внуката сипаници фати.... И после се дознав дека сум бремена и се беше ок.
Душо јас пробував од октомври месец и фолната упорно си ја пиев. Неко денови во душа ја подзаборавав И овој месец бев сигурна дека нема ништо и ќе добијам, па сакав да ја прекинам, ама на крај испадна дека баш сега сум бремена. Поентат ми е дека никогаш не можеш да знеш кога ќе фати, а невралната туба се формира во 19 ден од зачетокот на бременоста кога и фолната е најпотребна за правилен развој. Јас во 19 ден уште немав абер дека сум бремена, па ако ја прекив кога помислив ќе направев грешка. Сепак мн жени непланирано остануваат бремени и појма немаат со месеци, па сепак имаат здрави прави деца. одлуката е твоја, ама ти воопшто не треба да се секираш. Ете еднаш си успеала, а причинаат што не успеала бременоста е токсикоплазмата за која сега имаш антитела. А три месеци е прекраток период за да се разочаруваш. Ианку и мене мн ми е старв да не иамам токсикоплазма, а кога му спомнав на докторот ми рече тек во 12 недела се правел торч. Нели тоа е предоцна, и ако сум заболена може да имам спонтан.Сепак само Господ да не чува сите. Извини за долгиот пост. Те гушкам и за брзо да си видиш две цртки.
Ти благодарам на убавите зборови. Така ме фати некој нервоза, немоќ, бес, па си мислев дека дополнително се стресувам со секое голтање на апчето, бидејќи со тоа се потсетувам која е неговата цел, а никаков резултат немам. Но еве ми поминаа тие глупави денови,откако ми спласнаа емоциите се подразмислив и да, секако дека е подобро да ги пијам. Знам дека има многу кои се обидуваат да добијат бебе многу подолго време, моиве 3 месеци се ништо во споредба со тоа, но многу ми е страв од тоа дека нема да можам да забременам. Досега не сум запаѓала во депресии, нема ни сега, но ете ме фаќаат некои такви моменти кои за среќа кратко траат. Ме буни тоа што докторот ми рече дека токсоплазмата ми била активна 6месеци пред бременоста и дека не ми било тоа причината за спонтаниот, дека најверојатно е природна селекција, а на торч покажувало дека пред бременост сум била позитивна на токсоплазма,а не за време на бременост. Инаку за проодноста на јајцеводи се испитува кај матичниот гинеколог или тој треба само да даде упат за на гинекологија на клиника? Ви посакувам среќа и лесна бременост на сите кои сте бремени, а ние кои сеуште чекаме да се израдуваме овој месец... Само опуштено овој месец, без многу размислување и калкулации и ќе ви дојдеме во трудничките теми
Здраво, со вереникот сакаме бебе, синоќе имавме односи тој сврши во мене, сега повторно сакаме да имаме секс и повторно да сврши во мене, јас не сум сигурна дека нешто фатило од синоќе. Инаку имам нередовна менструација, и не ги гледам плодните и не неплодните денови. Сакав да прашам дали е страшно доколку повторно сврши во мене, или морам да чекам одреден период за повторно да сврши во мене.
Секако дека не треба да чекате. Единствено,ја зголемувате можноста за близначка бременост со различен ден на зачнување
Хахах, фала ви на подршката Бидна што бидна. Вереникот следната недела ќе оди за Германија, и ќе биде таму 3 месеци, мене не ми се чека толку многу за бебе, ако се фати ќе го пораснам до тогаш .. Инаку едвај чекам,во последно време како криза да ме фатила за бебе.. Се на тоа мислам..
Девојки, утрово си дојде моево разочарување. Не сум добро, а и не знам дали ќе се подобри ситуацијава. Овој месец со тестовите за овулација се надевав. Си реков еве доцна овулација, ќе биде месецов, но не, ништо и овој месец. Работава станува се полоша и поболна.
И јас почнав со тестови за овулација овој месец, и имав голема надеж, но, сега сум отприлика недела дена пред добивање и почна да ме тишти.. Битно знаеме кога од прилика настанува овулација (дека имам нередовен циклус), ќе работиме на случајот.. И ако овој месец не е наш, ќе биде наредниот!!! Не се предаваме!!!
Немој така да се разочаруваш, следен месец нова надеж Дали си сигурна дека доага до пукање на фоликулот и ослободување на јајцето? И мене ми јавувало на тест за овулација дека има а пак јас проблем сум имала, не пукаат сами
Ајде нема разочарување. Имаме доволно тестови,ќе пробуваме пак и пак @L*G Зошто не пукат,што ти е проблемот? Терапија примаш?
Devojki da ve pozdravam jas, nemojte da gubite nadez i nema otkazuvanje nikako. Sakav da vi predlozam, site vie sto podolgo se obiduvate zosto ne pojdete na specijalist? Probajte inseminacii ovo ono klomifen. Nemojte da gubite vreme. Sto e vashe ke si dojde, gospod e gilem site ke gi daruva.
Не чекајте многу ако видете не бива појдете на специјалист мој предлог е М.Ивановски,Лазаревски,Трајковски,Петаноски....
Минатата год. открив мн висок пролактин од реф вредност 0-500, имав 1123, бев на достинекс 6 месеци, го нормализиравме и дојде до 100 и нешто, и престанав да пијам достинекс. Па специјалистот ме стави на кломифен на природен циклус да пробаме сами, фоликули растеа супер, но не пукаа туку растеа над дозволената мм што веке прераснуваа во цисти и пукаа со доагање на менс. Пиев бромегон и се спремавме за Прегнил на 12ти ден и во меѓувреме пак ми се покачи пролатинот на 800 и нешто и повторно на терапија сум сега, а средина на април ако ми се стабилизирал пролактинот и ако имам добри и зрели фоликули ке примам прегнил.
Кај мене не прскааат заради покачен тестостерон,пролактинот ми е добар. Порано пиев глукофаж и алдактон и имам пиено четири циклуси кломифен и естрофем и на два циклуса ме боцкаа со прегнил 2ампули од 5000ие. Немаше резултати. Сега пијам само глукофаж. Мерам овулација,па нека биде ако решило да биде
Драга беатрис и мене неколку месеци ми беше многу стресно значи со тие тестови и со мерење на фолекули и се беше неуспешно.Затоа и се одлучив на инсеминација која толку добро ја прифатив и насмеана излегов од таму и бев сигурна дека на таков начин ќе фати зошто природно ми беше стрес и не бев опуштена.Затоа топло ти препорачувам да си планираш следниот месец инсеминација,ем ти ќе си помирна ем нема да се замараш како сега ова се од искуство ти го кажувам