И од нас ништо овој месец. Си добив на 47 ден. Повеќе среќа наредниов. Некако чуствувам дека другиов месец ќе ги видам пак двете црвени линии на тест. Немав време да бидам нерасположена,убав празник,цело време опкрушена со драги луѓе. @Lara 27 горе глава ќе биде др месец.
Девојки завршив со хсг, поминав лошо, болно ептен, фалеше секунда да се онесвестам. Тубите проодни, но сум имала полип ли не знам што, ми препорачаа хистероскопија. Се слушнав со мојот доктор, утре ќе одам да види сликите и да ме гледа пак на ехо. Чудно како да не ме видат на ехо дека има нешто, кај толку доктори имам отидено.
И мене никој ништо не ми виде на ехо. Само Ивановски посумља , ме прати на хсг и така по снимката се увери дека имам преграда и полип. Консултација со уште еден доктор да се види дали е неопходно да се вади полипот. Ако е така , хистеро и решен проблем. Не се плаши,ништо страшно
И кај мене полип имаше ама шо големина е кај мене сам исчезна пиев чајчиња и фемисан капки Оди кај друг доктор друго мислење можи нема да смета и да останиш бремена зависи од големината и каде е полипот и мене хостероскппоја ми велеа а беше 3мм
Силна жена си ти. ќе биде се во ред.Побарај второ мислење дали мора да се вади полипот. Инаку ехото и радиографијата немаат иста моќ на детекција. На ехо можда ќе има сенка ако е голем полипот да го сними,а може и ништо да не се гледа,ама хсг се открива дека од внатре се снима преку контрасното средство. Заврши голема работа ајде сега само убавини и да не изненадиш сите
Поздрав женски Си добив на 27ми ден. Сега останува да видам дали ќе успее овој месец со прегнил или не,здравје
девојки, кога боли јајникот за овулација, дали значи дека ќе се ослободува јајце клетката или е веќе пукнат фоликулот? дали е касно за зачнување кога веќе почнал да боли јајник?
Кај мене кога ќе почне болката, тоа значи дека ќе настапи за ден-два овулацијата, а и грчеви во црева имам на денот на овулацијата. Не е касно ако почнало да боли. Ако одиш на фоликулометрија, најдобро ќе забележиш дали болката е затоа што ќе настапи овулација или веќе поминала. Сепак можеби е индивидуално, вие редовно пишувајте си домашно.
Или ја ослободува,или расте уште,пукањето мислам дека е безболно. Мене почнува на 11ти ден да ме боли страната на која расте фоликулот,а овулирам 14/15 ден. Нема рано/касно за зачнување,тоа не се знае никогаш,човечкото тело е чудо,и се дур немаш циклус обидувај се,впрочем нема што да изгубиш
@Beatris сега прочитав дека си правела ХСГ. Многу ми е жал што си поминала лошо на самата процедура, но битно е што каналите се проодни па искрено ти посакувам што побрзо да се израдуваш. За полипот види и друго мислење, дали навитина е потребно да се вади или не би сметал во бременост. Сватив дека стврано се е индивидуално. Претходно читав дека доколку ти се запушени каналите ХСГ многу боли а еве кај нас испадна обратно. Мене со запушени канали многу малку ме болеше, беше скрос издржливо, како средни менструлани болки, а еве читам искуства каде со проодни е доста болно. Стварно не ми е јасно. Исто сакв да прашам дали имавте нормална менструација после ХСГ? Јас еве од синоќа имам крв само на бришење, никако да протече убаво. Тоа ме загрижува, затоа што чекам да добијам па да почнам со припремата за лапараскопија.
Да се е индивидуално, искрено јас сум со многу ниска толеранција на болка и тоа мислам дека тоа имаше кај мене големо влијание. А исто така овие денови сум многу лошо, некако се исплашив од тоа што треба да одам на хистроскопија, цело време ми се врти, гади, не сум како што треба.
Потполно те разбирам. И јас бев иста кога ми соопштија дека морам да одам на лапараскопија да видиме дали може да се среди ситуацијата со каналите. Една недела бев ептен депресивна, не сакав ништо да правам, но мора да се помириме со тоа. Треба да направиме се за да стигнеме до посакуваната цел, а со секое решавање на проблемот сме поблиску до тоа. Исплачи се и со нови сили одиме кон целта да бидеме мами.
Ич не се секирај ти пишав. кога ќе помине ќе ти биде криво зошто си напната. мисли си на тоа дека ќе се реши проблемот. јас едвај ја чекав да дојде и помине. ауу па кога ми кажаа уште еднаш мора ми се стемни
И јас едвај чекав да одам на хистеро за да не ми е во мисла. Пресреќна бев кога ме примија во болница и преубаво си поминав Само сакав да помине и раат да сум. Знам дека можеби не помага ако речам дека не е ништо страшно, сепак стравот е голем бидејќи е непознато. Но се' поминува Важно е проблемите да се решаваат.
Од секогаш имам многу големи болки неколку дена пред добивање и првите 3 дена од мен.. Сега сум 2 дена пред НЕ добивање а немам речиси никаква болка. Се надевам дека и ова би можело да е знак на бременост. Има некој со вакво искуство? Незнам како ке издржам уште барем 2 дена да не направам тест )))