Фала ви најмногу Дај боже да биде така и кај нас ќе почекам ако ми касни ќе направам тест и ќе ви пишам иначе сакав да ве прашам нешто што ме буни,дека првпат се обидуваме и не се разбирам баш многу како идат работите,кога ќе завршиме со чинот ништо не истекува од мене,никој пат не истекува и тоа ми е малку чудно,дали се случило ова на некоја од вас?
Женски поретко ве читам после неуспешната инсеминација као ај да се опуштам и да не мислам ...пројде месец еве дојде и следниот циклус плус и обилен за сите пари како и да е ... сакам да им честитам бременост на сите што успеале да видат две цртки и да уживаат гледам има и нови членки не сте утнале што сте членови во групава поголема поддршка не сум имала поздрав од мене до сите
Се случува да не истече веднаш туку понатаму. Не се замарај, важно е да е внатре Ви посакувам од прва да бидне!
И јас колку сакам да се исклучам малце од форумов да не мислам толку ама неми иде бре Веќе трета година на темава,еден куп трудници испратив а јас Уште тоа од прва кога ќе го прочитам абе уф
Здраво на сите потојано ве читам на форумов и после толку време се зачленив. Ве молам за совет, јас и сопругот 11 месеци се обидуваме да имаме бебче но неуспешно.. пролактинот ми е многу висок и знам дека се додека не го ставам во нормала неможам да останам бремена.. маж ми ќе прави спермограм за да бидеме сигурни дека не е до него.. Пиев достинекс и сега чекаме.. што да правам, дали треба нешто дополнително да испитам
Другите хормони испитани ти се? Брисеви,пап?! Проодност на канали (хсг) не е лошо да направиш Колку ти е прл?
Јас не ни пробувам да се исклучам, знам дека нема да ми иде ни мене Тоа е. Кај некои од првпат, кај нас малку повеќе, но кај да е ќе си одиме и ние, слушај ме ти мене
FSH, LH, Estradiol се ок испитував во synlab пролактинот od 102-496 ми е 803. Пиев достинекс и сега чекам да добијам да го испитам пак само тој хормон да видам дали се симнал брисеви не сум правела
Ќе си одиме како не јас и ти ќе бидеме тандем во труднички Јас ти лара,вале и бубче јојјј екипа снова ќе биде Бидејки последниот пат фати во грчка се смееме до мм да одиме во јуни на одмор може ќе ни се посреќи
Да си направиш и брисеви и пап обавезно. Прл не мора на трет ден да провериш . Може било кога. Само добро наспиена, нејадена, не кафе кафе пиена . Со чисти брисеви , размисли / консултирај се со некој специјалист следно да направиш хсг. Елате на кафе кај мене . Прајте го овде. Ем козите ќе ги видеш. А Грчка , а кај мене , саДе исто е
Каде е најдобро да направам хсг мислев да одам во државна и дали треба да правам некои испитувања пред да одам
За хсг мора чисти брисеви да имаш и плус инфективните скрининзи ( хеп б и ц и хив ). Најдобро приватно ( ако можеш финансиски де) . Систина е околу 6000 сега мислам Толовски 4.500 .
Фала на инфо.. морам сериозно од утре да ја фатам работава зашто веќе ме фаќа паника што се случува со мене..
Едвај чекам еј! Осеќам дека ќе се погодиме сите таму Вале нешто ми ја нема. Чек да ја поздравам. @Valentina888 И јас сакам кози да видам, многу сакам козулиња Мониче, па тркнете до Грција, ене кај е
Дали некоја од вас има вишок неколку тестови за овулација од овие од e-bay, ќе си платам колку треба. Прашав во аптека немаат,а да порачувам сега нема да ми стигнат на време,а следната недела треба да ми е овулација. @monik55 мм се смее, на некои ќе им се насмевнат само ќе им се фати.
Честитки до сите што се израдуваа со II. Со лесно да си ја терате бременоста. Овој месец редовни односи, без многу размислувања, пресметки, надежи.... Ќе биде кога одредил оној од горе. Денеска ми беше терминот за породување, да не беше спонтаниот абортус, веќе ќе се гушкавме со бебчо ( ако беше точна проценката на докторот) Еден дел од денот нервозна, еден дел насмеана, еден дел умислена и така еве го веќе помина. Расположението ми беше исто како и времето, намуртено, тешко и никакво, со минимални сончеви периоди. Ден за не добивање е 25.04. Знам дека е рано, ама пуста надеж, едвај чекам..... Да не ми дојде. Поздрав до сите. Ниту една да не остане на темава ( во позитивна смисла)
Душо кај нас се фати од прва во септември ама во 9 недела го изгубив бебето потоа следеше долга зима испитувања хормони, димери, бактерии...депресија... Откако дојде се во ред во месец март после 4 циклуси пробавме пак и пак се фати од прва, за голема среќа, ама сега како се ближи контрола за срце да слушнеме јас сум преплашена, пробувам да бидам позитивна ама стравот е поголем...