За сите до една идни мајки. Некој да ми кажел дека ке се мачам за бебе,ке сум се смеела.Никогаш никакви проблеми,редовни гин.прегледи,редовен циклус,хормони во ред,заштитени односи пред брак...ама ете,машки фактор не снајде сега,па во сето зло знаеме каде шкрипи.. Инаку од кога се стопли сум преродена,секоја вечер по час/два сум надвор на пешачење,трчање.. Живната е природата,дрвја полни цветови,мириса на нов живот,а ми мириса и на нашите бебиња кои допрва ке дојдат Силно сум убедена дека оној кој се бори за бебе,кога-тогаш ке го добие,макар и патот бил најтрнлив. Наградата на крајот е повеќе од света Избркајте ги негативните мисли,отворете му чисто поле на универзумот да си го направи своето,сите ке завршиме со бебе во раце,ке видите
Стравот е посекако присутен и кога се нема спонтан абортус. Ти немаш никаков проблем со забременување и тука неможеш да ме разбереш тоа што го кажувам. Со лесно да тие бременоста.
седиментацијата кога треба да се провери? док. ми рече пред мензис што ми е малку чудно сепак 10 дена ке поминат до хсг...
@em4e_baby Честитки мила со лесно да си ја износиш бременоста. Мене вчера ми земаа крв чекам утре резултати за хормони.
На гинекологија ама за еден хормон немаа реагенс--Кортизол па утре ќе го испитувам во гинекологија Чаир за тој хормон немора да имаш циклус.
Ама за основните имаа значи реагенси. Треба и јас да проверувам, па затоа прашувам. Фала! Па пиши какви се хормоните
Ти благодарам @fina erika И јас кога се боцкав во понеделникот на ГАК, ги враќаа за кортизол. Само знам дека кога го испитуваш тој хормон, треба да си гладна минимум 12h, и да се боцнеш од 8:30 до 9:30h.. Дај боже се да си е во ред, па како што рече Оли, сподели ги резултатите. @0ли и ft3 немаа на гак ако и тој сакаш да го провериш.. @ajaja95 , јас кога правев ХСГ, истиот ден сабајлето испитав седиментација во Синлаб. Ме чинеше 100 денари на приватно, и резултати имав за час, час и половина максимум. Назначив дека ми требаат резултатите бидејќи истиот ден ќе правам ХСГ.
Да за основните имаа,секако ќе пишам утре.Се вкупно платив 450 денари. @em4e_baby Фала ти за информацијата незнаев дека така треба.
Не сте само вие и јас сум тука веќе трета година но оваа година многу посилна и верувам дека ќе успеам и јас и сите ние што си чекаме. Во животот мора да изодиме некој тежок пат, некои за бременост поминуваат лесно но ќе имаат други препреки, животот не е лесен секој си има некој проблем но ќе се реши
Ве поздравам и поддржувам сите а и си давам поддршка сама на себе, иако не ве познавам сите нема да ве набројувам Дај боже СИТЕ да си одиме од оваа тема и да ја почувствуваме најголемата среќа што поскоро .❤️
ХСГ правев лани во април, а две цртки видов пред една недела.. Иако на ХСГ си покажа дека сѐ е во ред, јас имав проблем со хормоните, и ете, после година дена од ХСГ бидна работата.. Меѓутоа имам читано дека после таа постапка шансите за бременост се зголемуваат. Пуштам среќа така да биде кај тебе!!!
Честитки на новите мешиња. Со лесно да си ги износите бременостите и за 8 месеци со здрави,прави бебуши во раце. Кај нас некој тапа период,не ми е ни до пишување ни ништо. Сакав само да честитам. А ние што сме во исчекување побрзо да се исчистиме од темава.
Не знам дали си читала по стари постови каде имам пишано за мојот пролактин. Пред еден месец ми беше 800 и нешто покачен и пијам достинекс една половинка неделно Добредојде Ист проблем делиме, имас висок 1120 па пред месец дена 800 и кусур. докторката ме советуваше дека треба да се пие достинекс се додека не се затрудни и во првите недели додека не почнат органи да се оформуваат. Јас го имав стабилизирано па после 4 месеци не пиење пак се накачи.
Не се давајте подршко 14 години во оваа борба и не се откажувам, имаше период кога кревав раце но борбата продолжува додека не го добиеме посакуваното бебче.Главите горе губевме битки но војната ке ја добиеме.Ќе го добиеме највредниот триунф .Ве гушкам подршко сите до една
Ти благодарам @Melinda85 !!! Ве гушкам силно и јас!! И никогаш нема да заборавам дека ми помогна со Конденсилот!!