А да си фатиш специјалист за брачна неплодност. И јас како тебе се бафтав со матичен гинеколог за на крај да изгубам златни 3 години кои скапо ме чинат. Толку години ме стимулираше со кломифен, а јас на инкеции стимулации одвај реагирав на највисока доза што постои!
Мислам дека членката 7 месеци дека се обидува и дека тоа нее голем период за да оди на специјалист. Добар матичен да ја упати за испитувања и ќе биде во ред.
Имам 25 години од кои 7 месеци активна сум за улога мајка така да мислам дека не е ништо страшно и никој не би рекол да се грижам доколку немав голема желба. Како што веќе ме посоветуваа Мони, оли и другите членки ке пробаме вака па друг гинеколог ако дотогаш не дојде бебе Сепак фала ти ама не сум сеуште за специјалист Фала ќе видам и за неа.
Немој да замериш ама уште 5месеци активни обиди ако не ти успеат значи цела година обиди и те како и 2та сте за специјалист. Маж ти обавезно сперматограм,а ти најпрво ХСГ и хормони,зошто едно да не е во ред не дај Боже две работи џабе ги губите 7+евентуално следни 5месеци. Слушај совети од паталциИ јас така се тешев па по една година да се види што е проблем. И ден денес се каам што уште во врска не си бркавме работа,плус долга врска имавме и долго во брак со овие маки,ама ум да делам за други остана само зошто назад враќање назад нема @paleska3 сакам да се пријавам за исчекување за 2недели,сега за сега редовно пишуваме домашна работа а и одмор не очекува,па дај Боже ич на летен одмор да не одам За специјалист мислам да те следи и води поозбилно со овие испитувања не одма со дрги интервенции специјалистички,ова допишав да не се разбереме погрешно. Јас да можам да вратам време одма по резултатите би отишла кај специјалист и од старт да ме следи се за да се има посоодветни анализи и тек во понатамошното лечење а не од еден на друг тоа па тоа повторување на исти работи.
Во твојов случај времето е на твоја страна. Прилично си млада и тоа ти е главен адут. Инаку по ново за повозрасните дозволуваат 6месеци обиди па посериозни испитувања. Сепак помлада или повозрасна жена не е толку важно,важна е желабата за бебе,некоја сака побрзо некоја си остава времето да покаже. Јас се зафркнав што оставав времето да ме води,ама тоа е сега за ум само да делам за друго не можам многу да информирам за позитивен исход. Но за секоја од нас следи нешто убаво,па кога ќе дојде вистинското време ќе дојде и бебе
Баш е така за сите има нешто убаво што ни стои само не сите сакаме да го добиеме тоа кога ќе му дојде време, некој сака порано некој покасно. Јас обожавам бебушки, ќе си имаме сите со Господов благослов.
Девојки, денес ми се јавија за хистероскопија за утре. Е сега првично бевме договорени за понеделник, зошто утре ми е 5ти ден од циклус. Јас веќе немам обилно крварење, до утре сигурно веќе нема да има ништо. Ама сепак ми е во мисла да не е рано. А и настината сум, со кашлица, овие денови пиев антибиотик. Ептен сум збунета, ајде помош!!!
Појди си утре како ти е кажано и ќе си разговараш со докторот за ситуацијата нема што да изгубиш а за кашлицата и за тоа што си пиела Антибиотик ќе си разговараш со Анестезиолог како и да е појди си и ќе ти кажат се што треба.
@Beatris со лесно, ти покаувам се да помине во најдобар ред. Каде ќе правиш? Пиши ни како си поминала.
Девојки добро поминав, се заврши, фала му на господ. Кај Димитров ја правев, еве се спремам за одење дома. Лесно поминав, добро сум, малку имам болки, ама ништо страшно. Најважно кажа докторот дека се е завршено внатре и сега е се како што треба, одмараме овој месец и одиме понатаму. За сите што се мислите што и како, ако имате можност финансиски одете во Ремедика, стварно се најдобри од персонал, до доктори.
Си добив и овој месец... Работевме многу на случајот ама ете,ништо..... ............................. Ајде,некоја барем да не изненади месецов.
Женички изгледа ништо од бебето, стомаков ме боли два три дена како за добивање, гледам и бубулици почнаа да ми испаѓаат исто како кога ќе добивам, а треба да добијам околу 23-24.
Како ништо од бебето?! Треба да добиеш на 23 месецов?! Па тоа е за две недели. Тебе анЏак сега ти идат плодните денови
@Bubce38 според калкулаторот на фемина до денес ми завршуваат плодните денови и треба да добијам на 22, инаку ни од плодни денови ни од овулација не се разбирам па затоа следев плодни денови, а само да видите стомакот колкав ми е подуен. А утре на свадба сум сега израстурив алишта еден куп само пробувам ништо не ми стои од што ми е подуен, и цел ден ми е тешко, безврска и се некако уморно се чуствувам и ме тера на спиење
Беатрис колку те чинеше? Девојки јас утре ќе испитувам хормони па сакав да ве прашам за колку вреѓе се готови резултатите? Во државна ќе испитувам.