Не знам зошто не ми дадоа прегнил, никој никогаш не ми го спомна, ајде со среќа утре па да не израдуваш и поттикнеш сите други.
Со среќа, прва и последна да е, ти посакувам успех. Ќе чекаме да не израдуваш со позитивен тест за две недели
Здраво Оли, вчера поминав супер, прво го дадовме материјалот, и ни рекоа одете пијте кафе прошетајте за 20 мин вратете се бидејки толку и трае подготовката. Легнав на нешто слично ко на бокс и се личеше како на гинеколошки преглед, ништо не болеше единствено беше непријатно прво железото кога го става, го вбризга материјалот и лежев 35 мин со нозете кренати свиткани. Кога станав ништо не истече. Во Понеделник сум на ехо, и ми рече до тогаш секој ден односи, и дека нема потреба од лежење туку напротив движење поради подобра циркулација таму доле.
Ајде мила наредна ќе фати ќе видиш слушај ја Lara и не се нервирај опуштено и јас си давам фора овој месец и од другиот не чекам одам и јас па Господ да е со нас Да ве поздравам и другите Ве гушкам Оли до каде си мила почна со боцки
Девојки здраво, дали некоја од вас правела лапароскопија во Систина и која е цената да ми кажете, треба да се отстрани септум во матката, мислам не е ризичен, ама ете размислувам и на таа тема па би сакала ваше мислење. После една неуспешна инсеминација продолжуваме понатаму со нови сили Различни мислења прочитав на форумот, дали истиот ден доаѓаш во болница и си одиш или те задржуваат, конкретно за септум. Фала ви.
Дека докторот ми рече од кога ги виде снимките од ХСГ ради септумот, лапараскопија препорачливо е да се направи.