Здраво феминки, веќе долго време ве читам и поддршка си влечам баш од вас Но, еве конечно седнав на компјутер и да си го кажам и мојот проблем, па можеби некој што бил во моја ситуација ќе даде некој совет...(секој совет е добредојден). Со сопругот се трудиме за бебче веќе 2 години ако не и повеќе, на почетокот релакс затоа што сите викаат првите 6 месеци не се алармантни, а јас редовно на гинеколог со сите уредни наоди од ехо, пап, брисеви, хормони (единствено ХСГ немав направено, но бидејќи се друго беше во ред, докторите ми викаа ќе почекаме). Но, по некое време решивме да праиме спермограм...и што да се види 5% нормални со кои тешко може да се остане природно бремена - па по посета на уролог откриена варикоцела на лев тестис (големо подобрување имаше со Профертил таблетите, но само во бројката, не и во морфологијата). Па по ова откритие вниманието се наочи кон сопругот, односно кон подобрување на спермограмот. Продолживме со чекање од 7 месеци со надеж дека нешто ќе подобриме пред да се прави лапараскопска операција. Но сепак ништо посебно не постигнавме па следеше опрерација во Ремедика кај А.Мицковски. Операцијата помина добро, сега чекаме 3 месеца и ќе видиме дали има подобрување во спермограмот. Но, тука не решаваме пак ништоо...бидејќи јас праев сега ХСГ кај Толовски (поминав супер, со минимални болки) - матка супер, лев јајник и туба проодни, лево проодно, но со хидросалпинх. Одам на гинеколог со резултатот и ми вика супер проодно, но оп левата туба најверојатно треба да се отстрани и за мене следува ШОК. Како од се супер наеднаш јас без туба? Нормално сум уплашена бидејќи сеуште немам родено ни едно. Одговорот е дека овој хидросапинх имал некоја течност која ги брка ембрионите доколку се фати, а и со инвитро шансите се мали да остане, а големи шанси имало за вонматерична бременост. После операцијата ќе си било се добро, само што една туба ќе фали и нормално дека со инвито шансите ќе бидат поголеми и за побрзо (имам 30ка). И сега сум на триста ума, а од друга страна полесно затоа што знам што е проблемот. Не знам кој гинеколог е најдобар за ова...дали Хаџи Лега, дали Димитров, Јовановски од Ремедика, дали Слободан Лазаревски од Сиситина? Дали имате некој совет или некој да поминал низ слично или исто искуство? П.с извинете за овој долг пост, ама се ми лежи на душа. Убав ден и се надевам дека наскоро сите ќе се префрлиме во труднички муабети
Девојки јас одам во борба за следен месец, денес добив на 25 ден, точно 14 дена од кога бев на фолкилуометрија и кога докторот ми кажа дека сум точно пред овлација. Тоа значи дека истиот ден пукнал фоликулот, го погодивме денот но ете не сака и не сака. Тешко е многу и покрај тоа што знаев дека нема да биде поради сите симптоми на пмс. Дај боже некоја од вас да не изардува тука.
Епа супер баш имав некоја верба во нив. Ти посакувам среќа и да не ти дојде веќе ич да имаш последна и успешна инсеминација
Mislam deka si preeeeeemnogu psihicki opteretena za zabremenuvanje..Koj ne pominal ne znae kako e a tuka site potpolno te razbirame. Dobronameren sovet e ne se opteretuvaj so testovive.i ne gi pravi den pred dobivanje ili na den na dobivanje. Pocekaj neka ti zadocni.
Душичка со сите документи закажи си кај Ивановски или Лазаревски сепак се специјалисти и ќе те насочат што понатаму.Секое добро
Оди кај Димитров мила доста го фалат Друг совет немој да се откажуваш Затоа што Господ прави чуда тој дава и тој зема Кога најмалку ќе се надеваме тогаш ќе не изненади ќе ни дај Божји дар Затоа опуштено и психата да ја средиме
Многу се наевав дека јас и ти заедно ке објавиме по едно сликче...не се разочарувај јас повеќе ни на ехо ни на фоликулометрија не верувам и не посетувам,смачено ми е јас остнувам уште три дена до недобивање ама ни се надевам премногу а нема ни да се разочарам. Премногу се ни е достапно во денешно време па се само рогови излегуваат,море по 5,6 деца ги правеле како од шала,ама не се преотеретувале како ние,де овулација , салто напред назад... ќе не убие оваа психа наша. Јас пак и тебе ке ти пишам сите мои блиски во јули останаа бремени,има нешто во овој месец.
Ne sum premnogu kako sto izgleda. Denes imam kako kafeavo, a koga ke se izbrisam mi e rozevo. Imam bolki isto kako za idanje. Utre da napravam test?
@Happyinlove цела среќа сега ти ја пуштам тебе да не добиеш воопшто следните 9 месеци . А јас таман одам на одмор во месец Јули, не планирам да следам ни плодни ни не плодни и дефинитивно нема да правам свеќи и салто овој месец . Сметам дека доста беа калкулации.
Јас сум со една отстранета туба, отстранета од Тофоски државна. Можам само да ти кажам да не се нервираш. Прво ќе напрајш хистеролапараскопија, можеби не е и за ваѓање. Мене и другиот сакаа да ми го извадат , не ми бил функционален, па еве си ја гушкам ќерками цело време. Шансите за бременост ти се еднакви, јас лесно останував бремена со еден јајцевод. Димитров е најдобар лапараскоп, ама сепак разговарај си со повеќе доктори. И во едно биди сигурна, никоја нема да остане со празни раце, Господ е голем
Мила еве од мене едно искуство кое мислам ќе ти помогне малку.Мојата ХСГ снимка викаше непроодни двете туби.И отидов лани кај Димнитров во ремедика.И ми кажа вака "Додека не отворам незнам што е,снимката не ми е веродостојна" И така направив во мај лани лапароскопија со хистероскопија и испадна двата канала супер проодни.Така да немора снимката ништо да значи.Направи го тоа прво за да си сигурна. Што се однесува за Ин витро мислам дека тубите немаат никаква улога бидејќи ти враќаат оплодена ј.к и го кратат оној дел за оплодување природно во јајовод.Така да шанси за вонматерична се мали.Ако грешам нека ме поправи некој.
Истото де случи и кај мене, на хсг двете непроодни туби, на лапараскопија се покажаа комплетно проодни. @srekice мене пред операција ми рекоа дека ако имаат многу прираслици ќе ми ги отстранат тубите заради тоа што сепак постоела шанса и при инвитро да дојде до вонматерична, едноставно ембрионот таму да се прикачи. Така да ваљда постое некоја минимална шанса. За среќа кај мене немаше потреба од тоа. Читајќи искуства сватив дека хсг често дава грешни резултати.
Девојки да ве прашам дали има правило кога се проверуваат хормони на тироидна, дали е врзано со циклус и кои хормони обично се испитуваат?
Кога сакаш може да испиташ. Најчесто испитуваат тсх, фТ4, и Анти-тпо, а може да ти испитаат и фТ3. Мене сите ми ги испитуваат на ендокринологија.