Димитров , Јовановски. Кај Јовановски имав две хистероскопии, ептен е стручен, посветен , прави по неколку визити, знае да те смири... Буквално ми црташе како е кај мене ситуацијата и што правел на операцијата.
. . . . . испитано ми е само АМХ во Авицена,... игф1 и вит. Д не сум испитала.. овие вториве по препорака на доктор се испитува или како? за нив никој не ми спомнал!
Витамин Д мене никој не ми препорача, самата испитав два месеци пред инвитро и по препорака од доктор пиев два месеци суплементи. Во Авицена е 1800 денари да се испита.
Ama zatoa stariot e predobar.Pred se ko covek.Eden sat ne drzese vnatre da ni objasnuva.Iskreno mene mi zdosaduvase.Si saka covekot pa i muabet.Detalen e okolu pregledot.Tamu gi pravev skrininzite.5d
Да во приватниве е 1800 витамин Д, јас на државно испитав вит. Д , скриен шекер и крвна слика за 150ден. денес се јавив во авицена 4200ден е Амх ова го нема на државно ке морам во приватна
Поздрав Ме нема нема што да пишам почнав да мерам температура па си следам денес 8ми ден 36.8 па понеделник сум на хсг ми е страв многу ама овој пат одам на приватно си викам нема така да поминам како во државното Ве гушкам сите и да ве почастам за 29 роденден па повелете и до другиот со бебиња во раце сите да бидиме Гушки
Добро утро и од мене. Поддршкава некако ми затишје пред бурадааај Боже. Во однос на гинеколози како непишано правило е дека најзвучните така наречени познати доктори ите како не имаат изгорено, не финански него те тапшаат по рамо ееер супер ее се ти само олабави се,а тоа на крај баммм проблем што незнаеш што те снашло а си се доверил си имал огромна верба во него/неа. Како и да е повејќе не останувам на едно мислење ни за заб а камо ли за нешто по што тежнеам. Во однос на љубов овој месец рековме вредни ке сме секој ден. Од утре на одмор,многу сум опуштена и онака полна со позитива убаво се чуствувам после долго време. Ви пуштам убав позитивен дел од мене до сите кои сте во исчекување ќе биде драги мои за брзо чекам објава со тие две црти
Среќен роденден Лара, да ти се исполни желбата за бебе и не се плаши за хсг, толку кратко трае, нема да имаш време да мислиш, мене одвлечени ми беа мислите да не лизнам од масата дека ја накривуваат со главата надоле
@Lara 27 Среќен роденден, жива и здрава, па догодина со двечки наеднаш. @Happyinlove убаво да си поминете на одмор, и остани така позитивна, па да ни се пофалиш после тоа Јас исто немам ништо ново да пишам, за 3-4 дена треба да не добијам, исто како и претходниот месец не се надевам многу само што овој пат пред два дена почнаа да ме болат градите а обично почнуваат одма после овулација.
Јас пак имам лошо искуство со стариот. На 5д не виде дека е вонматерична бременост дури и ми закажа преглед за срцева акција. кај него бев во ден сабота, а во понеделник бев веќе на ургентно на ГАК. а ми зема 4500 ден. и сега кога слушнам за нив косата ми се крева
Еве ме мене се вретив со запушени канали пак лаперохисоскопија ми вика докторот на хсг добро поминав ама многу се разочарав до кога вака само по ходници гола Ако се отпушеле каналите добро ако не по друг пат Како си кажуват докторите а јас си и пак корекција на матка Ајде доктор за Скопје и искуство од некоја ве молам
Ларче, немој да плачеш душо, ќе се среди и тоа. Што да правиме, мораме се' што ќе ни се испречи на патот да го решаваме. Мисли позитивно дека кога ќе ги исчистат каналите, ќе си останеш одма природно бремена, ќе нема пречка да си се оплоди јајце-клетката Ти препорачувам да ја прочиташ темата Хистероскопија, таму има многу искуства и за лапароскопија. На државно сакаш да правиш или приватно во Скопје?
На државно Оли ти благодарам ама еднаш го поминав тоа ќе берам сила пак да го поминам морам за бебе се ќе сторам тоа е
На лапароскопија не знаев дека си била, знам само дека на хистероскопска корекција на матката беше. Силата ќе ја црпиш од желбата за бебенце.
Прво ќе ти кажам да не го земаш здраво за готово резултатот од хсг. Кога мене ми ја кажаа истата дијагноза, се изначитав по форуми за искуства и она што го заклучив е дека многу често хсг дава грешен резултат. Исто како и кај мене. Ми рекоа да бидам спремна да ми ги извадат за време на операцијата дека до толку се запушени, а потоа испадна дека не биле воопшто запушени, ниту една единствена пречка не постоело кај нив. И не ми е јасно како пак ти е во т формата на матката? Тоа може да се врате пак? Како правеше хсг со или без анестезија. Јас кога после операција прашав како може толку грешен резултат добив одговор дека сум се стегала при хсг па заради тоа. Јас правев без анестезија. Те молам немој да се секираш, не е лесно кога ќе ти дадат ваква дијагноза, но ќе се реши. Лапаракопијае убаво да си наравиш и да се виде целокупната ситуација внатре и на јајници, матка.
Само смирено. Шок е преголем, денес поплачи и од утре со нови сили. Значи во никој случај нема да си без бебуш, напротив, ќе имаш колку сакаш. И мојот беше запушен и за ваѓање па еве дремит на цице. Господ е голем. Ќе си напрајш хистеролапараскопија, ќе знајш на шо си. Можеби се супер каналите, па и да не се, недај Боже, ивф. Ќе си се спремиш психички и ќе успејш. Плачење никако, сега најсилна требит да си и ти гарантирам дека ќе со бидиш мамичка. Господ е голем, незаборавај го. На клиника ги знам Димитров и Тофоски. Тофоски мене ме оперираше лапараскопски и супер поминав.
Лара 27, јас поминав слично ко тебе и уште една членка на ХСГ со наод запушен канал. Не паничи. Паничев и јас, но сфатив дека Господ има друга приказна за нас, дека нешто во животот неможе да биде глатко, мора малку да биде и тешко. Собрав сили прво да се јавам да закажам лапаро/хистеро, после собрав сили да одам на разговор со анестезиолог и на крај собрав сили да одам на лапаро/хистеро и еве се заврши се. Ги дадов и последните пари за тоа, бев на приватно кај Др. Лазаревски кај кого и си одам на прегледи, инсеминации и сл. Многу сум задоволна од третманот од докторот и од тоа што не се ни познава дека имам операција правено, две точки имам и тоа е се, ама спокојна сум, знам дека еден процес е завршен и сум поблиску до бебе. Само едно ќе ти кажам по кое се водам јас цело ова време, дека - ако наредното нешто - испитувања ли се, хсг, операција, инсеминација, инекции, лекарства, инвитро и тн. дека ако тоа е нешто што треба да се направи, направи го, затоа што, тоа веќе не ти е избор, туку единствена опција за да си имаш бебе, не велам дека тоа е тоа и нареден месец ќе имаш 2 цртки, ама помирна ќе си од што си сега, знаеш си завршила се што било до тебе, натаму во Божји раце, само битно е и докторот да е разумен и да те води како што треба. Тешко е, те разбирам и мене ми беше и сеуште се справувам психички со стравот кој беше присутен кај мене, имав панични напади како се ќе помине на лапаро/хистеро, затоа ти велам не паничи, зашто како мене ќе си имаш последици од тоа- несоници, главоболки и сл. Мора сите ние да најдеме убавина и во оваа тешка борба за нас, убавината е во тоа што сакаме да подариме живот без разлика на средствата, времето и состојбата во која се наоѓаме. Знам дека еден ден сите ќе си шеткаме со бебе и ќе си намигнуваме и ќе си знаеме зошто Се извинувам за долгиот пост.