Честитки мила од со лесно и влечи не Само што ќе пишував ајде давајте некој позитивен и гледам тоа што мислев Со лесно гали мешко
Ви благодарам на сите за честитките, ве влечам сите да се префрлите во труднички. Навистина е прекрасно чувството. За преглед закажав во понеделник се надевам дека барем нешто ќе се види на ехо. Инаку ве охрабрувам сите, еве јас сум пример за две цртки после 2 месеца од лапаро/хистеро. @Flower123123 мене ми рекоа да пробуваме природно, но јас сепак си правев план за од септември ако не биди до тогаш да почнам со стимулирани циклуси.
Хоп хоп лелее ама вест ајј колку сум среќнаа да знаеш само нели бев во право јули е наш месец ќе има ќе има две црти уште верувам. Со лесно само. Јас во исчекување уште една недела ќе бидам,фативме плодни неплодни.... па и јас да сум пример после 2 циклуси од хистеро со позитивен тест.
Девојкииии пишав и пред некој ден еве ме сега пак. Активно работиме на случајот бебе 4 ипол месеци. Денес 02.08 требаше да добијам, секогаш ми доаѓа на точна дата. Симптоми за добивање немам, освен што пред два дена наутро осетив предменструална болка во долниот дел на стомакот која по некое време исчезна. Лицево ми се исфрли со 4 акни, што до сега ми се појавувала една или ниедна. Градите ми се чуствителни но не премногу. Денес никакви симптоми и ништо 'таму долу' освен малку бело. Дали утре да правам тест?
Ви благодарам од се срце. Секоја жена треба да го дочека овој момент. Ве влечам за носе сите до една. @Happyinlove гледаш јас како те послушав за овој месец . Те очекувам да ми се придружиш после одмор @Sofi.ja можеш да направиш тест и денес. Јас направив еден ден од кога ми задоцни. Стискам палци за позитивно
Направив...негативен...а втор ден како ми касни,секогаш на 30 дена доаѓа... се прашувам ако постои бременост дали е можно да е сеуште рано да се покаже? Ох стресови...
Доколку и утре не ти дојде,направи си тест. Кај сите различно.. Мене требаше да ми дојде на 11ти,утредента на 12 направив позитивен. Стискаме палци, за две цртки
@paleska3 честитки девојко,лесна и школска бременост да си имаш @Lara 27 миличка глава горе,храбра девојка си ти,ке се среди проблемот лапароскопски и ке дојде бебче-ке видиш
Здраво на сите на срцките што си ги видоа двете цртки му посакувам лесна бременост и дај боже што побрзо да ви се придружиме и ние што си ги очекуваме...сакав да прашам за метформинот дали некоја од вас пиела и искуства со полиц.јајници и која јачина и дали може да ти ги пиши на рецепт општ матичен??
Исто е и кај нас! Не знам што да правиме. Дали сте размислиле за инвитро? Честиткии !! Имај лесна бременост! Повлечине сите со тебе во труднички моабети да се исчистиме од оваа група
Добро утро Некако месецов едно 5 дена по рано ми пристигна,јас ја чекам да ми задоцни она пред време. Искрено се натажив малце,оправдано ама за брзо ќе сум повторно со огромна надеж за овој месец.