Здраво девојки Бев на доктор се гледа само мало точкиче,нема сеуште срцева акција. Сум била отприлика 5 недели бремена. Имам тенок ендометриум ми кажа утрогестан да ставам,дури се чудеше како со вака тенок ендометриум се закачило воопште. Искрено минатиот месец ме следеше на ехо и ми кажа кога ми се плодни денови ми стави Прегнил инекција и и реков дека треба на одмор да одиме,рече терај работа кај и да е ќе прсне фоликулот.
Честитки од срце,за 10 дена ке си слушнете срценце И кај мене беше тенок ендометриумот и плус некое разлевање имаше ама утрогестанот и прогестеронот депо си завршија работа. Дури докторката немаше надеж ама после се изненади и она. Одмарај колку можеш и со позитивна мисла до исполнување на целта. Јас од почеток си викам ова дете ќе биде мое и точка.
@elimkd колку убави две линии Честитки,лесна и школска бременост имај си,и најубаво бебче за 9 месеци
Честитки од срце на сите кои наредните 9 месеци ќе добијат бебче Со сопругот се обидуваме за бебе последниве три месеци, но безуспешно. Лекарот вели дејка уште е рано да почнеме со испитување но јас се плашам заради операцијата на левиот јајник од циста Никако да се опуштам се тоа ми е во мислите После свадбата сите напнуваат уште повеќе, бремена си ? Кога бебе ? Ајде што чекате ?
Прерано е. Обично после една година неуспешни обиди се почнува со испитувања. На тие што прашуваат кога бебе речи им дека заминал штркот да ти донесе
Честитки , имај си лесна бременост ...тргна месецов машаллааа ..се радувам за сите !!! Кажи ни како бидна природно, со инсеминација,....
Ви благодарам на сите дај боже за сите да повлечам нога Долга 10годишна врска и точно денес 20.08 годишнина од брак. Пред два месеци отидов во Ремедика на преглед ми диагностицира полицистични два јајници затоа цел живот ми доцнела менструацијата, ми препиша Глукофаж. Ми доцнеше 20 дена и ете вчера случајно направив тест и ми покажа две линии, веднаш поручекта отидов во Ремедика ми кажа дека 7ма недела бремена и има срцеви отчукувања Пред да забременам некако се откажав и му кажав на сопругот што ако не можам да забременам? Ми вика нема врска биди ми здрава и жива ама ете бидна. Не се откажувајте, имајте редовни односи, сакајте се и слушајте ги докторите. Од се срце ви посакувам меше полно челад
Браво за сите што успеавте што се боревте и не се откажавте,затоа што до успех се постигнува само со борбаНека ви е лесно и без многу размислувања и споредувања околу бремрноста,овој е најубав период кој може една жена да го доживее,нека ве размазуваат,заслуживте Спомнав дека јули е најпогоден месец за забременување,така испадна јас останува да се надевам дека август ќе делува врз мене,а и врз сите кои сте вредни месецов.
Здраво сегашни и идни мамички. Јас веќе некој месец ве читам, ама сега прв пат пишувам, не сум баш нова на форумот Веќе шест месеци со партнерот се обидуваме за бебенце и еве до денеска залудно. Секој месец, ново разоарување. Минатиот месец ми дојде на 31 и ми траеше до 3 август. Веднаш после тоа се фативме во акција, ги фативме и плодните денови. По некое правило, НЕ би требало да добијам на 27 август. Градите не знаете колку многу ме болат и ми се отечени. И стомакот исто, јајниците, значи исто како пред добивање. Кичмата исто така. Имам вртоглавица, а и апетитот ми е доста големен. Еве овие неколку деа само во вц одам, мислам ќе се измочам, на секои 15 минути... Значи се, на се, многу исти симптоми пред добивање, ама колку не сакам да добијам... Почнав да се нервирам многу, ако и сега добијам, ќе барам помош од гинеколог. Мислам дека не е рано шест месеци...
ДОбредојде и што побрзо да си се повлечеш во другата тема ,6 месеци и не е некој голем период ама ако те фаќа паника како мене јас на 6 месеци ги проверив основните како што се пап тест ,микробиолошки брисеви и хормони .Од искуство те молам без разочарување ,само позитивно и се во свое време ќе си дојде на бебенце кај сите.
Ти благодарам за поддршката. Па како изминуваат некако месеците, се повеќе почнува да ме фаќа паника. Ќе чекам сега со крај на месец, да видам како ќе се одвиваат работите ( се надевам нема да бобијам) па тогаш ќе видам со лекар.
Јас купив тестови за следење на овулација , од Зегин мислам дека беа , не се сеќавам , и на нив пишуваше дека двете линии треба да бидат еднакво обоени и тогаш се очекува во наредните 48 часа да настапи овулација. Претпоставував дека овулацијата ми е на 14 ден , па почнав од 12 ден.Негативен беше па сметав дека во наредните 48 часа нема да имам овулација.Направив нареден на 14ти ден.Исто негативен.Па и другите 3 ги направив наредните денови и баш се разочарав, си реков има некој проблем. Токму тој месец останав бремена. Мислам дека психата е најголемиот проблем кај 90% од сите што мака мачат за бебенце.Штознам , такво ни е времето , стресно.
Мои феминки, само да ви дадам поддршка, после 7 години врска со дечкото се земавме, и почнавме да не се пазиме, минуваа месеците ништо, почнав да се разочарувам и си реков ако не бидне нешто до година го фаќам патот за испитувања (7-8 месеци се обидувавме). На гинеколог си одев еднаш до два пати годишно, уредно ехо, чисти брисеви, само да се работи на случајот. Во април беше свадбата, во март ми доцнеше 20 дена, направив 3 теста негативни сите. Се разочарав многу зошто ги имав сите симптоми, отечени гради, поспаност, грчеви, зголемен апетит, дури и повремена главоболка и умор.После свадбата на работа турбо нервози, останував подолго на работа, уморна, капната, заборавав и кога сум имала односи, дури и си мислев ај да помине стресниов период, да завршам сите обврски да појдеме на одмор и таму ќе си правиме бебенце. Чекав да ми дојде за да си закажам депилација на интима кога ќе ми заврши а таман пред одмор. Не дојде, ми каснеше 10 дена и почнав да се нервирам пак ми касни, ќе ми дојде баш на одмор, градите ми се отечени и ме болат, грчеви во стомакот. Што му текна на мм ме праша а тебе уште не ти дојде и му викам не, го чека одморот тетката. Утредента во аптека купувам влошки за да имам на одмор нели и и викам на аптекарката дај и еден тест за бременост. Си дојдов дома попладнето одма го направив и две цртки скокам во купатило му сликам на мм му праќам и му викам купи уште еден за утре со утринска мокрача да проверам пак. И тој испадна позитивен и сега си следам редовно труднички муабети и си галам меше, 14 недела И не, не бев опуштена кога се фатило, бев под стрес ама не поради бебче туку поради работа. А според календарчето за односи испаѓа дека месецот сум имала и доцна овулација. Така што мој совет е да си ги преусмерите мислите на друга тема и да си продолжите со активно работење на случајот со партнерот. П.С. а на сите што ме прашуваа до кај сте со бебе, што чекате и слично им одговарав, ние нашата работа си ја завршуваме а другото е на Господ.