Здраво. Сакав да прашам каде можам да набавам матичен млеч помешан со мед? Ама ми треба сигурен извор и 100% природен. И да биде од Скопје.
@fina erika , @elimkd @ivanshe честитки идни мамички, ијамте убава и лесна бременост, од срце ви псакувам само убавини да ве следат . Дали ме примате назад за поддршка? здравје за 4 месеци пробуваме пак затоа што претходната бременост за жал заврши неуспешно.
Еј @Veki4kaa сеа те прочитав Многу ми е жал Те примаме назад,не со драга волја ама сепак ке сме сведоци и поддршка за твојата нова радост за некој месец
@dunika за жал бидна неубав настан уште понеубаво чуство. На никого не му посакувам да му се случи такво нешто, сега со нови сили и надеж одиме напред,дај боже сите да си ги добиеме посакуваните цртки и да имаме убава бременост и најважно од се да донесеме живи здрави бебиња на овој свет!!! Ајде ќе биде силни сме ние жените!
Браво за позитивноста иако сигурно е претешко. За брзо да си видиш пак || и тогаш да е до крај! Само храбро, ќе си останеш пак бремена
Фала ви многу на сите души сте вие ме правите да бидам уште по позитивна и полна со надеж, ве гушкам сите
Не не се случи ништо досега, чекам да ги видам за прв пат јас, работиме на случајот, така пишав за сите заедно да ги видиме двете црти.
aa епа извини грешно те сватив дај боже да си ги видиш поскуваните цртки и да си имаш најубава бременост до крај и најубав бебуш, сите да имаме!!!
Девојки ајде ве молам совет од поискусните. Со мм планираме бременост 2 години. Останав бремена јануари оваа година и на денот пред срцева реакција прокрварев и толку беше се. Среќата кратко траеше. Испитувања правевме секакви, основните. Се е ок кај мене, а кај мм на спермограмот дијагноза астенозоспермија и проширена вена на едниот тестис - варикочела. Матичниот гинеколог и неколку луѓе што знаат за нашиов проблем не советуваа да одиме на трансфер со замрзнати ембриони. Е сега јас утре закажав преглед во Њуборн и вооедно сакам да разговарам со докторот за трансферот. Ме интересира што документација треба и како оди процесот?
Се спремаме за инсеменација и сите ни кажаа као не се надевајте на инсеменацијата, направете ја зашто морате за ваучер... Како со свеж циклус не те разбирам?
@cinderella5 и мене ме збуни скроз. Дане е некое недоразбирање? Каков крио трансвер кога немате ни една инсеменација. Ние сме со иста дијагноза,кај мене се во ред,м.м Астено. Специјалисти ни предложија ифв со икси како најветувачки третман,ама не одма.Прво инсеменации,и никакво брзање,ни рекоа бар 6 месеци да почекаме,таман да се направат инсеменациите во тој период.Инаку имаме по 30 год,2+ обиди. И зошто така ве обесхрабриле за инсеминација,колку и да се мали шансите сепак 1 сперматозоид треба.Ние имаме една позади нас,сега се спремам за 2ра.Поздрав,и обавезно 2ро мислење
Бевме и на второ мислење денес. Предлог беше да одиме на индеменации од септември, до тогаш да спремиме документи, па отом потом. Незнам што да мислам со нашиве доктори.. Мм е за за да почнеме со инсеменации, па да оставиме времето да покаже. Да одмориме од специјалисти. А јас, јас толку станав очајна за бебе, не мислам ништо друго, незнам параноја тешка.
А зошто да не почнете со инсеминации? Ако е се во ред само ви се зголемуваат шансите. Нема тука ништо страшно. Не губете време, пробувајте со се. Покрај инсем. никој не ве спречува и природно да ае обидувате
Почнете со инсеминации, нема потреба одма на инвитро. Ќе бидете и активни и може да си дојде до бременост со мала помош.