Нема врска кој ден ти е, туку кој ден по овулација ти е. Ако била овулацијата на 20 ден од циклус, тогаш треба да добиеш околу 35-ти ден. Во право е @chocolade Рано ти е, уште не ти ни доцни. Се работи за подолг циклус, со доцна овулација. Лутеинската фаза (деновите по овулација) трае 13-14 дена, па добиваш.
Девојки, дали некоја од вас до сега користела од Life влошките и фиточајот од Tiande? Какво искуство имате? Читам доста пофалби на фб од жени и девојки кои после користењето на производиве останале бремени ...
Јас ги користев пред 2 години и ништо не ми помогнаа.Само фрлање пари мила сигурно 6000 истошив ,ама пустиот очај не тера се и сешто да пробаме.Оди на лекар само и верба во Бога.Магична напивка за нашиов проблем не постои. Со среќа и што побрзо и ти и сите ние да се израдуваме
Денеска стомак ме боли како да се спрема телово за да добијам . Денеска ми е 21 ден од киретажата, и имам кафеав исцедок и симптоми за добивање, и едвај чекам да добијам да ми се регулира циклусот па 3-4 циклуси да поминат и да пробуваме за нова бременост. Сега ќе се радувам кога ќе добијам а после 4 -5 месеци да се радувам ако не добијам
Денес ми е 14 ден од овулација. Бев на преглед, докторот ми кажа се е ок, да направам за 2 дена тест и преку урина и преку крв. Можно е причината за подолг циклус да е доцна овулација или бременост, друга причина нема. Доколку добијам, ќе правам хсг од 5 до 11 ден од циклус па инсеминација доколку се е ок со тубите.
Ќе се радуваш мила Сите ќе се радуваме поздрав до сите * И големи А јас утре одам во Гак кај др Тофоски и тоа со прироритетен упут па Господ со мене и да завршам работа да ме прими и закажи за лаперо/хисториа
Со лесно мила моја се ќе биде во ред сигурна сум @Veki4kaa мила сега опушти се максимално нека дојди исчисти се убаво и со нови сили да си ги видиш пак најубавите црти.
Со среќа @Lara 27 Денес бев на преглед за прв пат кај др. Филип Исјановски во Ултра медика, на 12ти ден од менс имаше фоликул кој ми рече за два дена ќе настапи овулација, ми збореше опширно за ендометриозата, дека пред 2 год имав операција, проблем е она бидејки прави упала во матката и тоа не дозволува ништо да се задржи во неа, покрај пролактинот кој не доаѓа до овулација ама тој е под контрола од достинексот сеуште. Ми даде да испитам на 3ти ден од менс. LH, FSH и Estradiol и на 5ти ден пак ехо за да види ендометриумот и останато. Hsg снимката ја погледна и виде дека и матката е во одлична форма и проодни туби, единствено замери на спермограмот, ми рече дека не е толку добар за мојата ситуација и проблем, и му препиша Astaxsantina 5mg да пие мм 2-3 месеци. Ќе видиме како стојат работите и дали ке се одлучи за инвитро, отом потом
Денес 15 ден од овулација, 35 ден од циклус, знаци за добивање нема. Утре ќе правам тест повторно па ќе видиме.
добро утро, денес е денот за Не добивање. јаки симптоми нема само тапа болка доле и на моменти пецкање, гради болат веќе недела дена. иначе имам мн болни симптоми па се надеваме сега нема да има. Ноќеска сонував како на работа пациентка ми вика дека сум трудна а јас ја убедувам дека не сум (појма немам што значи тоа) сигурно е од психата
здраво девојки. Бев на лекар за резултатите од контролните брисеви и докторот ми кажа дека имам Gardenella Vaginalis , ми даде антибиотик да пиеме и јас и мојот сопруг. Му кажав дека 2 години не можам да забременам и ми рече до крајот на оваа година да работиме на случајот и ако до јануари не забременам тогаш да почнеме со испитувања. Прашањето ми е следно дали е можно од оваа бактерија да не може да фати. Инаку и циклусот ми е редовен и фоликули имам следено се е супер. Извинете за долгиот пост
Почекај уште малку па направи тест, ако и тогаш е негативен ти доцни од нешто друго(стрес, промена на клима)
Дали некоја од вас и вашите партнери ги пиеле profertil female i profertil male? Доста се скапи па затоа прашувам дали вреди или дали како поефтина варијанта да се купат посебно сите тие суплементи кои ги содржат профертил?
Скапи а и ништо особено не содржат освен фолна ,селен,омега 3масни киселини, коензим Q10,вит.Е. сите можеш одделно да си ги набавиш со таа милиграмажа...е сеа тие екстрактите од зелен чај и глициризин ми се непознати.