Да му се сневиди веќе.. таа неизвесност, тоа чекање.. ама не се откажувам.. Очајна сум за бебе, и во секој момент би сакала да се израдувам на тие ||. Никогаш не успеав да се водам по плодни денови, ако треба да биде ќе биде. Нашите баби да не ги следеле плодните денови?!
Не ги следеле, али со струја слабо стоеле така да од 18-19 ч зимно време биле во кревет. Плус да не горат дрва за џабе...работеле повеќе на случајот. Немој да внесуваш очај во сексуална игра и да влагаш со мисла. Ослободи го мозокот, мисли од друга перспектива се имате двајцата животот и така има смисла. Имањето дете е најчесто идеја создадена од околината како притисок. Уживајте во времето поминато заедно, едноставно уживај во животот, насмеј се. Потоа ќе биде се во ред ако и кај двајцата е се во ред медицински неможе да не биде. Ќе биде медицината иде напред. Смени ја перспективата под итно и крени глава горе животот е навистина убав.
Еве ме поминав супер ме прими Тофоски Прекрасен човек немам зборови сите ќе ве зирнам самк ни рече и ме зеде преку ред Ме пушти кај сестра зоре се договорив за на 17 да одам за да отворам историја и да ми земат крв за анастезијата да бидам спремна и до 2 ќе ми се јават Ми даде микрогиони навечер дури да ме викнат А ме интересира кога ќе ми прават послем завршување на циклус Сега нека дојди 17 па да не му ја мислам
Сеуште ништо, 36 ден од циклус, 16 ден од овулација, тест негативен. Докторот ми рече ако не добијам за 2 дена од прегледот да направам пак тест преку урина и ако е негативен да направам преку крв. Јас мислам штом е негативен преку урина ќе биде негативен и преку крв.
Не мора да значи. Може да е рано за домашен тест и да не се детектира хормонот, а преку крв покажува и најмала вредност ако има нешто. Провери си бета и најсигурно е тоа.
Да се пријавам , и јас "исчекувам" . 30ти ден од циклус, на 10ден од циклус имав овулација , два дена уназад имам кафен исцедок. А тестот е негативен (да му се сневиди)
Ние нарачавме од Германија ни донесија Профертил капсули таму беа дупло поефтини. Кај нас споругот ги пиеше заради зголемување на бројот на сперматозоиди, му беше нормален наод но на долна граница. Ги пиеше три месеци, јас останав бремена пред да ја испие последната лента. Не можам да кажам дека тоа помогнало, може само се наредиле коцките.
Девојки здраво еве ме мене ме немаше подолго време. Не издржа јуначко срце,и покрај толку лежење и напори и све. И навистина и овој пат имав надеж ама ништо.
Многу крварев од почетокот и ми беше тенок ендометриумот. И покрај вагиналетите уште вчера бев хоспитализирана имав јаки болки во долниот дел. Арно ми рече Хаџи Лега зошто си ја ставаше главата во вреќа. Сега сакам само да се одморам и да си ја разбистрам главата.
Неееееее Зоштоооо  Мила моја немаш појма колку ми е жал, ти си силна знам, одмори убаво. Те гушкам многу.
Лелее како мине времево мислам секој ден се повеќе и повеќе сакам да бидам бремена . Да уживам во бременоста . Едноставно да бидам пресреќна.
Жал ми е мила...немој да губиш надеж , Господ ќе ти дари уште повеќе сила за понатаму ..кај што е Господ никој не е !
душооо издржи биди најсилна! Тешко е и јас го доживеав тој немил настан дури ми се плаче во моментов зошто е животот неправеден со нас ама мораме да бидеме силни и позитивни со добра мисла за нова бременост и прекрасни бебуши! Те гушкам милааа!