Подршко моја.. Ве читам цела година, а скоро ви пишав и со еден ваш совет што го применив останав бремена.. Ви благодарам најмногу Да ви се испофалам и на вас, денеска бев на прв преглед и се е во ред 5+1 сум.. Дај боже се да биди во ред кај мене и кај сите бременки и да си истераме до крај, а на другите што се во исчекување на тие 2 цртки, им посакувам што побрзо да се израдуваат на 2 цртки и им пуштам среќа
@fina erika многу ми е жал,колку се радувавме. Ти посакувам да си одмориш,да ја разбистриш главата,да си дојдеш при себе и да сфатиш поскоро дека и оваа бура ќе помине.Што поскоро,ти посакувам. Те
Девојки да се пофалам дека денеска добив прва менструација после киретажата, и сум многу среќна ајде да поминат уште три четири циклуси и идемо опет проби за нова бременост.
незнам каква е таа биохемиска бременост прв пат слушам ама сигурно не е нормална бременост. Ти посакувам што поскоро да си забремениш и да имаш убава и здрава бременост мила. Те гушкам
Тоа е кога од непознати причини плодност не се вгнездил. Имаш позитивен тест а на ехо нема бременост. Ми се случило 2 пати
Лелеее господее се има на денешницава се и сешто . Страшно значи нека не чува господ сите и сите да имаме убава бременост и здрави бебиња и дечиња.
Не ги дознав причините, и после биохемиска не правев испитувања. Туку после спонтаните.. (Тромбофилија, имунологија, кариотип..) ддимери, времиња .. Итн
Јас правев АФА, АНА, фактори на хемостаза, д-димери. Резултатите беа добри. Овие испитувања ги правев на своја рака. Утре ќе одам да закажам термин за хсг, па да пристапам посериозно со проблемов забременување. Проблемот му го доверив на друг доктор па сега одиме на почеток со хсг
Одамна не ве следам, па има и нови членки, од кои и ти си таа.. Колку време сте заедно? Сопругот има нешто испитано?
Заедно сме 4 години, 1 година и неколку месеци интензивни обиди. Има правено 2 пати спремограм, нормозооспермија. Прегледи има правено на уролог, се е ок. Пред да почнеме со обидување, јас правев хистероскопија заради отстранување на септум. Уредно отстранет од страна на д-р Димитров. Хормони неколку пати сум проверувала на 3 ден од циклус, супер се. Пап, брисеви редовни, негативни. До сега 2 биохемиски бремености. Од овој месец не оставаме на случајност, проблемот му го доверивме на д-р Ивановски од систина па се надеваме на успех.
Сте одбрале добар доктор, немам лично искуство со него јас но мои пријатели имаат. Чим сте решиле, цврсто стоете зад својата одлука.. Ќе биде, мора да биде.. Ви посакувам многу среќа и упорност
Здраво, дали знаете дали пролактин може да се испита било кој ден или мора да е на 3 ден од циклус? Добивам различни одговори. Гинекологот вели мора на 3 -от ден а ендокринологот каде што одам за тироидната ми вели дека не е поврзан со циклус. Јас направив на три места испитувања на пролактин, не беше на ден од циклус, на клиничка биохемија испадна 15 (реф вредности од 5-25) а во другите две лабаратории испадна дека е над референтните вредности. Во систина ми рекоа за бременост мора низок пролактин
Јас пијам терапија за пролактинот ,и кога требаше да се направи терапијата да е соодветна за да мие пролактинот од 10-13 испитував било која ден нее чекав да е 3ден од циклус,секој различно си толкува ,инаку за бременост треба да е низок пролактин
Здраво на сите, јас сум нов член и сигурно како и сите вас маката ме натера да се зачленам на форумов... Со мм сме 2 години во брак и двајцата ненормално посакувавме деца. Летово почнавме да одиме по болници и да правиме испитувања и излезе многу голем проблем.. Прво во ремедика му дадоа дијагноза олигоастенозооспермиа... После ремедика отидовме во плодност во битола и таму по многу испитувања и биопсија на тестиси му дадоа дијагноза азооспермија... докторот во Битола не ни даде никаква надеж освен инвитро со донор или посвојување... ве молам ако некој има некаков сличен проблем или знае нешто повеќе да ми даде било каква надеж или совет...очајни сме двајцата....
Дами,добар ви ден.Ме немаше некое време оправдано,ги видов двете црти повторноизмешани емоции. Тестот го правев денот кога требеше да ми дојде опп позитивен,одма бхцг испитав 1310беше рамно 4 недели бременост. Одма се јавив добив терапија добрестон 2×1 и фемибион преглед на 15 септември. Вториот ден ми се појави фамозниот кафен исцедок,тахикардија невидена имав нишо страшно само ми зголемиа 3×1 добрестон, не е обилно само после голема нужда го имам на бришење и е баш како кафе темно Уплашена сум а несмеам знам,сеуште немам мачнини тешки така знае да ми се наткрене малце,градиве после абортусот имам пишано не ме болат малце се зголемени само. До сабота ке сум 5+6 се надевам Господ ке биде со нас и се ке е во ред. Дали да се плашам во 5+3 што немам некоји поизразени симптоми? Ни апетит немам. Морам да олабавам затоа толку многу се распишав. Ве гушкам и ви ја прајќам целата среќа да си дочекате две црти да видите што поскоро
@Happyinlove , многу ми е мило, ептен ме израдува, нека ти е со среќа, лесна бременост да си имаш и овој пат до крај. Колку убава вест, сега со позитивна мисла се ќе биде во ред. И јас на почетокот немав никакви симптоми освен болни гради, гадењето и повраќањето ми почна од седма недела. Но тоа е индивидуално, дај боже воопшто да ги немаш. Апетитот ќе ти биде намален во прво тромесечие, јас сум 10 недела и уште немам апетит. Гледај само одмарај повеќе додека да го снема кафеавиот исцедок. Па во сабота посакувам да го слушнеш срценцето на гравчето