Поддршко,мислам дека повторно срцево ми чука нормално. Ја видов точката со срцева реакција се стопив,заборавив низ што пројдов за ова да го чујам,а не бараме многу само да ни кажат во ред си е. Бидете пред се трпеливи,остранувајте септуми,полипи,цисти...,водете љубов а за нетрпеливите како мене користете ленти за овулацијаи се разбира Господ да е со сите нас.
Фала ти од срце.Храбро и двете ќе си нишкаме бебуши.Јас за таа интервенција што си ја имала би се консултирала со специјалист чисто информативно за да сум на чисто и да го отфрлам како можност.Не дека можеби матичниот е во право,но сепак специјалист е специјалист.Имај и второ мислење не е на одмет.
Гали мешко и лесна бременост мила Господ си знај ко Како што рекоја лавиците 4 месеци се малку мила трпрние и кога ќе.дојди вистискиот ден мила без нерви и подршка од сопругот пред се те и што побрзо да си ги видиш ll цртички
Иста бев и јас, секакви мисли ми доагаа,и плодни денови и што уште не и никако да забременам. Помина 1 година и 2 месеца и цело време залудно и баш кога најмалку очекував добив позитивен тест и сега си го чекам бебушот деновиве треба да се породам. Немаш потреба за паника 4 месеца е мн мал краток период за да мислиш на такви работи или да правиш било какви испитувања од искуство ти кажувам. Не секоја може одма да остане бремена тие се ретки случаи.
Проблеми со зачнувањето Здраво на сите. Имам пцсо нередовни менструација и овулации. 9 мес се обидуваме за бебе ама ништо. 4 мес пијам метформин. Во петокот бев на ехо и ми кажа гинекологот дека му се гледа како сенка и дека имам задебелен ендометриум. А тестот беше со мн бледа ептен тенка 2ра линиичка. Можно е да сум бремена? А да не се гледа на ехо.
Ти го видов тестот, позитивен е, бремена си. Линијата е бледа затоа што е рано, нивото на хормонот hCG што се мери со тестот е ниско во почетокот, но, како ќе минуваат деновите, така нивото ќе расте и линијата ќе станува потемна. За на ехо е прерано да се гледа нешто, почекај барем уште две, три недели. Честитки и уживај си!
Лесно да си се породиш срцка, нешто совет да ни дадеш нас што се нервираме на се и секој ден повеќе ни расте желбата. Што користевте, витамини или нешто слично.
Девојки еве ме мене на гак па ако е некоја во близниа нека дојди да се запознаиме Извадов историја и ми зедоја крв па чекам
Се е во ред од 5 сабале сега бегам се поминав ќе ми се јават за 10 ден добри се сите немам зборови ќе ми се јават ми дадоја суруп кога ќе ми се јават да го испијам па другиот ден таму да бидам во 7 сабале тоа е нека помини да се средам еднаш
Не користтев никакви витамини,ништо,секој месец паничев периодот пред да ми дојде,баш тој месец кога сум забременила заборавив на датата за менструација и кога случајно отварам календар гледам ми касни 3 дена а тој период имав некој други лични проблеми и ми беше многу стресен па бидејки велат дека стресот влијаел на зачнувањето не ни очекував дека ке добијам позитивен тест. Откако дознав дека сум бремена почнав со фолна киселина и други некој витамини по препорака од матичната.
Подшко си добив и овој месец. 35 ден од циклус и денес ме разбуди вештерката.Тестот купен реков сабајлево ќе го правам со прва мокраќа ама ништо. Ќе го правам другиот месец и се надевам дека ќе има 2 линии. Повеќе среќа кај вас месецов.muscle:
Ќе го дочекаме и тој момент сигурно. Јас сега како поминува време си викам несакам само да видам 2 црти на тест, сакам висока бета и услови за успешна бременост. Додека ние го посакуваме тоа, некои околу нас се грижат дали бебето ќе биде машко или женско откако од прв или втор обид забремениле.
@*Sara* Јасно ми е дека 2 линии на тестот не се све.Дека после тие 2 линии следуваат уште многу непреспиени ноќи. Дали ќе има срцева реакција,па секое наредно ехо дали е добро или не. Имам една неуспешна бременост,и една успешна.Сега еве една година се обидуваме за второ дете.Толку отприлика ми требаше и првото да се фати,па имав спонтан па после неколку месеци имав успешна бременост. За пол не ми е ни битно само нека се здрави и живи.Кај нас е малку забавено ама нема да биде заборавено.Јас викам ми даде господ едно,ја доживеав таа среќа да го почуствувам тоа.Сега мое е да се обидувам за уште едно,а ако ми е пишано да останам на едно дете,фала му и толку што ми се пружило.Не да верувам туку знам дека сите ќе бидеме мајки,само кај некого потешко оди.
Немој да се замараш со плодни денови. Не ги гледај, не ги број. Само опуштено, секој ден Јас сум останата во т.н. неплодни денови според циклус, па еве ја бебуш, 5 месеци има. И тоа според сѐ, знам и кога сум, му реков на маж ми "Не ми се овие плодни ама ајде "