Denes mi e 30 den od ciklus. Obicno mi doaga na 28 i bas se izraduvav koga ne mi djde pred dva dena. Vcera pravev test, negativen. Denes koga bev vo wc imav malku rozenikavo koga se izbrisav. Ili ke mi dojde denes ili da se nadevam deka e implantacisko krvarenje. Ke vidime...... Ako ne, naredniot mesec ke probuvame pak.
Јас имав раничка пола година пред да забременам, а во недоразбирање со гинекологот, никако не ми беше третирана. Забременив за месец редовен однос.
Дали некоја од вас има искуство или познава некоја што имала непроодни туби или туба, на која и е правено лапараскопија и истите биле проодни после интервенцијата и забременила по природен пат или со инсеминации?
Ти од hsg сниманје доби дијагноза непроодни јајцеводи? Прашувам затоа што мене после hsg, ми рекоа сто посто запушени јајцеводи и мора ин витро. Имав три неуспешни ин витра за после тоа останам два пати природно бремена, со тие сто посто два запушани јајцеводи. Имав спонтани абортуси и се уште немам родено, но тоа си е друга приказна. Јас си имам години, и проблеми со генетски мутации. Зборот ми беше дека останав природно бремена. Кога го прашав докторот како така со запушени јајцеводи, одговорот беше дека сум се стегнала за време на сниманјето.
Да, правев хсг и според снимката докторот се сомнева дека едниот ми е непрооден а другиот делумно. Ми предложи лапароскопија и исто ми спомна дека хсг не секогаш дава точна претстава за тубите. Јас два пати во последниве 9 месеци имав биохемиска бременост и некако тоа не ми се поклопува со запушени туби. Како и да е, би направила лапароскопија за да видиме дали стварно има запушување.
Добро е да си направиш лапараскопија за секој случај, за да си бидеш сигурна дека се е во ред . Штом си имала биохемијска бременост, значи добри се јајцеводите и доага до оплодување.
Другарка ми остана природно бремена со таква дијагноза,100% запушени канали,а мислам и дека едниот и е отстранет,не сум сигурна.Ова за 2ро дете,не можеше 4/5 год да забремени,па следеше една биохемиска бременост,за да после некој месец остане природно бремена.Ставот на д-рите беше дека и со ифв и се мали шансите,ама ете чуда се случуваат
Блиска особа на која левиот јајник не работеше толку добро колку десниот, терапии, инекции, обиди за ифв, доктори кои по изразот на лицето кажуваа колку тешка е таа борба..борба која траеше подолго од една година. Велам траеше, затоа што таа блиска особа е бремена ( природно) , а јас пресреќна !!! Сакам да ви кажам да не престанете да верувате, бидејќи навистина чуда се случуваат. Добра ноќ
Ако може да ми одговори некој што подобро ја разбира оваа проблематика. Хормоните на тироидна жлезда tsh и th4 се прават исклучиво на трет ден од менструалниот циклус или може било кој ден. Прашувам затоа што на ендокринолог ми закажаа термин за 12 октомври и тогаш немам циклус. Дали да си ги направам на приватно на трет ден или да чекам на ендокринологија да ми ги испитаат ???
На втор или трет ден од менструален циклус за почеток. Потоа ако добиеш терапија не е битно кога одиш.
Тие не се полови хормони, може било кога, јас 100 пати сум ги проверувала во било кој период на циклус. Е сега незнам ако ти се за некој проблем врзан и за полови хормони па можда да има ппврзаност. Јас прв пат така комплет ги испитав сите хормони на 3 ден поради лоша состојба со лицето па случајно открив дека е повишено тсх.
Во саботата бев на манастир Острог, толку преубаво место. Мирно и спокојно, Свети Василиј да не благослови сите до една со убава успешна бременост и здраво бебенце. А вчера бев систина и докторката ме прегледа рече супер е се, чисто е дури сум имала и фоликулче 17 мм, а ендометриум 9 мм, за три месеци може да си пробуваме пак за нова бременост само пред тоа рече да испитам пап и микробиолошки. Пресреќна сум девојки што се е во ред а три месеци ене каде се ќе дојдат бргу, ќе се топлиме под ќебе со мажулето зимово и во акција
@monik55 па ја прашав дали треба да се прават испитувања и какви рече пап и микробиолошки ти се доволни не ти требаат други испитувања.
И пак нема бебе .... а толку се надевав дека овој пат синко ќе стане поголемо братче .. но за жал пак добив.... наредниот пат повеќе среќа.