Мили мои готово помина сега да дојде Тофоски и ми кажа сосем друго дека немам запушени канали дека сум имала едномеријаза низ цела матка милиметарски ми ја изгори ја среди и матката ми ја корегира ќе дојдиш по 40тина дена и штк побрзо да останам бремена Поминав болно со болка со лошење сега сум подобра Ви гушкам сите до една и многу сакам А овие во плодност само за пари и лажно да ти кажат за тоа се Пациентка исто во плодност со лапероскопија обвивка на матка и земат 90илјади и ништо не му средија сега пак се правеше
Браво... ајде што поскоро || цртки да видиш... Јас закажав на гак за хсг проодноста да ја испитам ама стравот во мене секој ден што поголем
Devojki pravev invitro Fala bogu iskoci pozitivno se e Sega mi ostanaa estrogen 2 kutivcinja I krinon gel 5 aplikatori gi Davam po simbolicna Cena ako na nekogo my trebaat
Фала мили најмила и најубава подршка сите да си видите што побрзо две јас поминав сега уште да добојам за 20тина дена и по 20 на контрола ќе одам Сестра Зоре немам зборови ме изгушка за на операција и ме испрати исто и докторот предобар
@Lara 27 извини душо а што е кај вас проблемот ? те следам редновно ама неможам да сватам кај е проблемот?
Имав спонтан пред 2 год па следуваше полип па хистеро корекција на матка па пак хсг па излегоја запупени канали и сега со лапероскопија не се запушени каналите туку излезе ова го имамм а спас ми е само забременување Ендометриоза е состојба при која клетките на внатрешниот ѕид на матката се одвојуваат од неа и растат вон матката. Кога тие клетки се во нормална состојба растат во матката во моментот кога нивото на естрогените (женски полови хормони) е високо. На тој начин овие клетки помагаат обвивката на матката да се подготви за бременост бидејќи тие служат како гнездо во кое ќе се смести оплоденото јајце. Ако не дојде до бременост, обвивката се кине во моментот кога нивото на естрогените е намалено и доаѓа до крвавење - менструација. Во случај на ендометриоза овие клетки може да се закачат на разни места во телото. На пример, во јајниците, мочниот меур, цревата, лигаментите, слепото црево и др. И клетките што растат вон матката раснат кога нивото на естрогените е високо, а крварат кога нивото на естрогените е ниско. Кога ендометриското ткиво расте вон матката, во моментот на крварењето, крвта не истекува надвор, туку останува внатре и создава цистични формации, лузни и други оштетувања на органите каде што се закачиле клетките.
Добро утро девојки Еве ме повторно мене. Последниов циклус ми беше 14-ти септември, во понеделник бев на гинеколог на 11 ден од циклус меревме фоликули 20 15 мм ми кажа имал елипсоидна форма што не било баш добро, вчера пак отидов повторно меревме 23 - 17 некаде, одлучивме и примив прегнил во 18:30h и ми кажа да имаме односи после 14-16h евентуално 36h. Имавме односи утрово околу 6 пред да појдам на работа. Исто така ми даде рецепта за таблети dydrogesterone да сум почнала да ги пијам од петок. Некој да сподели искуство со прегнилот или таблетиве колку би било успешно вака ?
Добро утро,има ли будни,има ли позитивни тестови,многу сме тивки .... ние работевме на случајот па ќе видиме наредна недела што сме направиле Како е кај вас?
Во исчекување ми доцни 2 дена меѓутоа никакви симптоми нема... Бевме вредни а воедно и пијам фембион 1 и елова прашок поради мали цисти на јајниците, па да видиме. Како Господ никој не е. А се обидуваме веќе 1 година за бебуш
Здраво поддршко, ве читам сите, ама и ве нема многу активни вредни сте сега работите на случајот бебе.Кај мене нема нешто за фалба, качив некое кило и најверојатно од тоа ми е пак испореметен циклусот, гинекологот рече само пази на храна и ќе се среди. Работиме на случајот и ние па ќе видиме што ќе биде. Ајде навалете со позитивни тестови фалат на темава. Поздрав до сите
Здраво на сите, си бевме вредни месецов ама ништо еве ке си добијам сигурно . Уште еден месец треба да ги допијам алкавитот и елова и ако добијам следен месец треба да закажам на гинеколог трет ден од менс и да провериме хормони. Исто така точно година кај што се обидуваме за бебе и пак ништо Поздрав до сите
@Lara 27 со лесно, и што побрзо заздравување и две цртички Иначе и јас сум со ендометриоза, која докторот ми напомена не се лечи, и за бременост треба време и упорност за да се оствари. Кај мене периодов помина со подготовки на уште една иуи. Утре сум на 4та инсеменација но овој пат во ултрамедика. Ако и оваа искочи негативно, ќе се спремаме за инвитро.
Девојки здраво, мр интетесира дали некоја од вас имала проблем со висок инсулин и дали по регулитањео на инсулинот сте останале бремени?