Девојки денес ми е 37 ден од циклус а сеуште немам добиено, а и нема никакви симптоми. Време е за тест и ако даде Господ да си ги видам посакуваните две црти. Страв ми е од повторно разочарување Каде ми исчезна храбростааа
Само храбро и направи го тестот ако е барем еден ден покасно од тоа што добиваш, како што прочитав си имала нередовни менструации. Ги пиеш елова кесичките и колку време? И јас ги пијам затоа те прашувам имам десен полицистицен јајник, уште овој месец треба да ги пијам , ама ништо сеуште нема, ако си добијам пак ке мора да проверам хормони. Ајде па да не израдуваш
Не ги пијам долго, само 2 месеци, од кои уште првиот месец од користењето на прашокот добив регуларно на 28 ден, додека пак овој месец ми касни. Се надевам на позитивни резултати и ти посакувам и тебе исто.
Претпоследна менс. ми беше 13.08, на 30.09 добив и денес ми е последен ден од менструацијата,веќе е бледо розева и кафеава. Имавме односи и после 5 минути отидов во веце.. Сум исфрлила од себе се,изгледа. Како да се ориентирам за плодни денови?
Јас користев тестови за овулација бидејќи секој циклус е различен, односно овулацијата немора да биде секој циклус на ист ден. Јас овој циклус кога останав трудна, овулација имав на 12 ден, а претходниот на 21 ден.
Ги нарачував од e bay, тестовите се од фирмата "one step". Почнував да ги користам некаде од 9 ден од циклус, секој ден во исто време во втората половина од денот (не со прва утринска урина). Кога тест линијата ќе биде иста со контролната дури и потемна, во период од 24 до 36 часа е овулацијата. Кога ќе приметиш дека тест линијата почнува да станува се потемна и потемна, тогаш треба обавезно да имате односи со партнерот како и на денот на позитивниот тест и двата дена потоа. На e bay ги има во пакување од 30, 50, 100 и се доста ефтини и стигнуваат за максимум 2 недели од нарачката на домашна адреса. Кај нас во аптеките се многу поскапи. Би сакала да ви препорачам да почнете да ги користите витамините "ovunorm" и "profertil female" и "profertil male" за партнерот. Немора да значи но мислам дека голема улога си завршија кај нас.
Избриши ги солзите и една насмевка на лице , храбро и сите заедно одиме понатаму нема губење надеж Провери си хормони на трети ден од менструација. Овој месец бидете си повредни и ние со маженцето вредни си сме има уште многу до наредната менс па дај боже ако не добијам, но ако добијам гинекологот ми кажа да се проверат и хормоните па да видиме со лесно .
Дали си во можност да го нарачаш ова од Германија? Се надевам ќе ти помогне, сум слушнала дека на многу им помогнал. Последен пример другарка ми после 2год неуспешни обиди со препорака на доктор од една употреба остана трудна сега е 23та недела и се е во ред. Ти посакувам се најдобри и што побрзо да се израдуваш со добри резултати
Пишав и на друга тема ама еве и тука сакам да добијам мислење или некој да сподели искуство... Веќе 6 дена ми доцни, обично имам редовен циклус. Пред 3 дена правев тест - негативен. Завчера во вц, на тоалетната имав густ бело-кафеникав исцедок (извинете вака што опишувам), а и вчера исто така само многу помалку. Денес ништо, само тапа болка во јајниците и половините ,прекумерно ждригање и толку... Не знам кога точно била овулацијата, само знам дека незаштитени односи имав на 13-от, 15-от и 20-от ден. Циклусот ми доаѓа на 26-27 ден, а денес ми е 32 ден. Со маж ми не работиме нешто упорно на случајот, затоа што сме преокупирани со работа, ама редно е да добиеме бебче, а и во последно ептен размислував на таа тема.
Ви благодарам девојки на подршката нема откажување. Сега да ја чекаме вештерката па цел нов месец е пред нас мора да успееме Ти благодарам Натали hug: Дали можеш да ми кажеш за што точно служи овој гел
Девојки ве нема .. можеби сум досадна Сакав да прашам, уште една недела и нешто имам од апчињата и прашакот за пиење значи точно 3 месеци кај што ги пијам. Е сега прашањево ми е дали да продолжам да ги пијам додека (не) добијам или не? Затоа што одкако ќе ги допијам имам уште една недела до (не) добивање, а веќе ќе ми се потрошат па дали да купувам пак или не незнам
Се преразочарав... Прв пат да ми доцни цела недела,бев 100% сигурна дека сум бремена, ама вчера ми се засилија болките и ми дојде Купив тест, ама си викав ај уште 1 ден ќе почекам и ете...
Поздрав деевојки Ги почнав циклопрогинова белите ги завршив мј беше добро е сега од жолтите еве два дена имам вртоглавица и висок притисок можи од нив да е или нешто друго е
Кај мене ништо и овој месец, па почнувам со хормони Кажете ми се испитуваа на третиот ден,и може во било кое време, или како беше? На гинекологија во подрум се испитуваа така?