Да по две на ден ги пијам. За симтоми сеуште неможам ништо да кажам затоа што ми е 11 ден од последната менструација, само ептен благи болки во половината дали е од замор или др незнам. А од нив имам до 17 за пиење после па после една недела ќе ми дојде пауза па пак ако треба да ги пијам незна дали ќе биде проблем или подобро да си ги земам и да ги пијам до (не) добивање па после како ке каже докторот . Фала ти мила стискам палци и за тебе
Добра вечер девојки Нестрплива сум, и секој ден паметот ми е во ова, пред некој ден имав кафеав исцедок а денеска имав пак и тоа само на бришење, денес земав два теста од тие обичните иако е можеби погрешно го наоравив предмалку и негативен е, инаку имам два дена до добивање, и уште три дена имам од таблетите добростон Кога пак да направам тест ?
Девојки како сте ми? @cinderella5 со среќа и со лесно, уживај си во бременоста гали мешето. до крај да си ја истераш бременоста. Господ нека биде со вас! Веќе добив и втора менструација, ама многу малку ми траеше помалку од претходните менструации пред да забременам 3 дена 4 скоро ич и немав многу крварење. Незнам чудно ми падна дури се подисшлашив малце да не не е во ред нешто и ми дојде на 25 ден обично ми идела на 28 дена . ЈАс имам прашање кога да почнам со испитувања , во ноември 3-тата да ја чекам менструација да помине па да почнам со испитувања? или во декември да ја чекам и 4 менструација па да направам испитувања, од декември здравје сакаме да почнеме со пробувања за нова бременост. Ме нема некое време многу на форумов да се пофалам се вработив
@Veki4kaa честитки за работното место и побрзо да им киднеш на породилно Не знам дали да испитуваш,слушај доктори што ти кажуваат,макар што сум сигурна дека за нова год веќе ке си трудна.Матката памти бременост знаеш? Првите 6 мес после спонтан викаат била поплодна жената
Мислам не @Veki4kaa Ова од искуства на членки на форумот,доста од нив се веќе мајки Следен месец испитај хормони,и ако имаш зелено светло од гинекологот,фрлај се на работа со мажето,и онака иде зима за гушкање Многу зеленчук и овошје,држи си го имунитетот на ниво,пиј си фолна,и ке дојде бебче,овој пат до крај,ке видиш
@Veki4kaa јас имав киретажа во 15та недела, гинекологот ми рече за следна бременост доколку сум психички добра можам после една менс. да пробам повторно и ете после 2 месеци од киретажата пак две цртки. Доколку ти се случило тоа само еднаш немаш потреба од испитувања можеш слободно пак да пробаш, ти посакувам се најдобро
За искуства со испитувања кога да почнеш, најубаво да видиш во соодветната тема, таму повеќе искуства за ова има. Мој совет е да не оставаш така и да си направиш за секој случај испитувања што се прават по спонтан. Трансфузиолошки, брисеви, хормони и сл. Не би оставала на случајност. Може се' да биде во ред, но и недај боже зошто пак низ истото да се поминува кога со обични испитувања може да се помогне. Можеби плодот не бил добар, па не успеал да се задржи, но што ако треба да ти дадат нешто за циркулација уште веднаш кога ќе останеш бремена или на пример ако треба да пиеш метилирана фолна киселина, а не обична. Затоа најубаво што е сигурно - сигурно е. Биди упорна да си испиташ и раат да си. А секако ти посакувам што побрзо да си останеш пак бремена и да си истерате до крај. И честитки за работата, што рече @dunika што побрзо да им заминеш на породилно
Одма почниси со испитувања,додека стигнат резлутатите ќе дојде декември и оп бебенце. Јас не чекав 6 месеци туку 4 и шестиот за големо чудо веќе бев бремена. Само прво испитувања,на случајност и така сакал господ не се остава. Јас може напињам со тие испитувања ама да си послушав на време немаше да си ја мавам главата од ѕид. @cinderella5 Чуда секогаш се случуваат. На дригите членки на сите ви посакувам многу успех. @0ли @dunika @Lara 27 вад секој ден ве пратам за убава вест Не пишувам многу чекам да го достигнам врвот на успехот па после нате нане ќе пишам. И Вале не сум ја прочитала од дамна да се јави на рапорт како е.
Одамна ја немав отворено темава и сега отварам што убави вестииии. Честитки,со лесно,само смирено и до крај
Здраво девојки, пред околу осум месеци имав мисед. Испитувањата кои ги направив (брисеви, торч) беа уредни, сега повторно правев пап исто и тој е во ред. Сакам да се обидиме повторно но моментално примам хеферол низок ми е хемоглобинот, ваше мислење искуство дали би било подобро да почекам додека не се регулира и тоа за бременост?
Јас после миссед во 9 недела, правев испитувања уште првиот месец, уреаплазма позотивна па ја излечивме и после 4 циклуси од киретажа првиот месец кога почнавме да не се пазиме јас останав пак бремена. Не чекајте многу кога е се во ред почнетеси со работа Со среќа на сите. Ви посакувам што поскоро две || на сите
Повторно разочарување и солзи И овој месец не успеавме, се надевав но сепак ништо. Утрово почна појако црвено да тече што значи дека добив, плачам од утрово еве и на работа сум целата за никаде. Многу сум емотивна и тешко ги поднесувам ваквите нешта. Се извинувам што сум вака негативна понеделнички, нема да се откажам, но дајте некој совет кога пак да отидам на лекар и што понатаму ?
Не сум во тек со твојата приказна, ама можеш на 13-14 ден од циклус или кога ти се отприлика плодни денови да одиш да направиш едно ехо т.е фоликулометрија да видиш колку растат фоликулите па можеби и Прегнил да примиш.