Во упатството на моите тестови за овулација стои дека, тестот никогаш не се прави со првата урина, и најубаво е да се прави помеѓу 10 часот утрото до 20 часот навечер,и секогаш во исто време. И секогаш пред да се прави тестот,треба претходно да не се оди во тоалет два саати. Кај мене,секогаш кога сум имала овулација, втората линија била појака од контролната. Во твојов случај, не дека е негативен,како што кажаа погоре,штом ти се појавува веќе втората црта,треба да бидеш повеќе сексуално активна. И штом е волку јака втората линија,очекувај другиот тест што ќе го правиш, да биде позитивен. Со лесно
@Nane26 изгледа истиот тест за овулација го правиме Само не знаев дека треба секој ден во исто време да се прави . Читав , тестот кога покажува дека е позитивен во наредните 24-48 часа треба да има овулација.Вториот ќе го правам утре па ќе видиме. И онака има 5 па да ги искористам Како и да е ние имаме редовни односи ,секој 2 ден. Се надевам дека ке има позитивни резултати месецов кај сите што чекаме Фала ви на сите за одговорите. @1RedLipss прочитав си пишала дека пиеш некој елова прашок за цисти ? Дали може да ми кажеш каков е тој прашок и дали ти е препорака од доктор ? Прв пат слушам .
Ние се обидуваме за бебе веќе неколку месеци, читам цело време дека е добро да се пие фолна киселина, можам ли и јас да почнам да ја пијам? Која е цената?
Правам 2, некогаш и 3 пати, бидејќи кај мене порастот на хормонот трае кратко време. Ако видам вака обоена црта во 15 часот, повтарам во 19 и најчесто е потемна од контролната, т.е станува позитивен и кај мене овулацијата настапува следниот ден. Е, овој месец се обои вака поручекта, очекував вечерта да е потемна, ама кога го направив вториот тест скоро и да немаше линија. Исто и наредните два дена и најпосле имав овулација на 17 ден од циклус, што е покасно од мојот просек. Значи, не се базирај многу на тестовите, може и да не го "фатиш" порастот на хормонот, односно да имаш се негативни тестови, а всушност да имаш овулација. Најпаметно, прати си ги физичките знаци на овулација, редовни односи и тоа е. Со среќа!
Поздрав и од мене се враќам Денес 2 ден од циклус само менувам што е ова далј е нормално многу крварам се чист матката од лапероскопујата можи и кај 7 одам на контрола па се фаќам за работа
Еллова кесичките содржат фолна киселина и мио-инозитол, и се користат пред се за полицистични јајници. Јас ги земав и почнав да ги пијам. Нови се кај нас на пазарот,680 ден се во аптека,само што јас пијам по една кесичка,за да не го надминам дневниоѕ внес на фолна киселина затоа што пијам и фемибион 1. Види прашај го докторот дали можеш да ги пиеш. Јас си го прашав ми дозволи. Слободно можеш да пиеш фолна киселина. Ја има како чиста фолна на алкалоид,ама моја препорака ти е да земеш од таблетите што се во комбинација со други витамини. Јас на пример пијам Фемибион 1, веќе 1 година, тој го пијат сите што сакаат да забременат,и трудници во првото тромесечие.
Ајде Ларче, исчисти се убаво и со успех да ни се пофалиш што побрзо! Колку време после лапаро ти рекоа дека може да си продолжите со обиди?
@Saba08 кај мене некогаш може да сетам кога сум во плодни денови .Но некогаш не . Имам не баш редовен циклус. Некогаш добивам на 30 ден ,некогаш 33 . Секогаш е различно . Ќе пробам овој месец со тестовите баш да видам како ќе биде. Утре ќе го правам вториот. @Nane26 и јас имам полицистични јајници. Ќе го прашам др. Ако не е страшно може да ги земам и јас да ги пијам . Само ми е страв да не предизвикаат поголеми проблеми.
@Polis и јас исто така ги пијам прашаците од Еллова, затоа што имам полицистичен јајник, но со препорака од гинеколог и да, два пати на ден ги пијам едно сабајле едно на вечер. Три месеци се пијат и немам никаков проблем до сега .
@Polis да мила по препорака од мојот матичен гинеколог ги пијам по две на ден, едно насабајле и едно навечер. Се препорачува најмалку 3 месеци да се пијат. Еве повели линкче прочитај што се содржат http://www.bionikapharm.com/592/ELOVA.aspx
Бев на гинеколог. докторката рече супер е вака како што гледам . не би требалоо да има нешто ќе видиме папот и брисевите што ќе покажат. А за испитувања на трансфузиологија ја прашав рече прво да стасаат резултатите од папот и микробиолошките брисеви па после ќе видиме за трансфузиологија дали да испитувам или не. Ме страв сега што ќе покажат резултатите мисла ми е само тоа. Се надевам се ќе биде во ред.
Па ништо не ми кажа ми рече контрола по 40 дена и послем што побрзо да забремениш за да не се пофторат израстоции на матката
Денес на тестов за овулација 2 исти црвени линии Вечер не биде весело До кај сте женски ? Никој нема да пише ЈАс како падобранец улетав во групава
Женички здраво. Сакам нешто да прашам сега знам дека никој не може со сигурност да ми каже ама сакам да знам дали имам шанса за бременост. Значи јас имав спонтан и сега сакаме пак да се обидеме за бебе, но проблемот е што маж ми е во странство и здравје ке си дојде сега на 25. Последна менструација ми беше на 3 ти и ми трае по 7 дена и да напоменам имам редовна менструација ми доаѓа од 28 до 30 дена. Навистина би сакала овој пат да успее.
Секако дека имаш шанси. Еднаш веќе си била бремена, што значи дека си плодна. Кога ќе ти заврши менструацијата, работете на случајот, но мој совет е да се консултираш со гинекологот уште еднаш бидејќи спонтаниот ти бил многу скоро...(да не треба уште малку да почекаш). Јас чекам да направам испитување на хормоните, да се решам од уреаплазмата и ќе ви се придружам тука.
Здраво девојки. Некој да ми одговори? Незнам дали е за тука прашањево ама ајде, што може да значи да чуствуваш пулсирање кај јајник (кратко и безболно) еве два пати денес тоа го почуствував кај едниот јајник.
Докторката што ми ја правеше киретажата ми рече чекај си 2 менструацииа и работи на случчајот. Со матичниот баш тоа го спомнав тој ми рече ние по книгите сме учеле дека од 4 до 6 месеци да се чека, но неморада значи. Мене зборот ми беше дека маж ми ке седи само 4 дена, ама до тогаш можеби нема да сум веќе во плодни денови. Сепак ти благодарам